Разлика во години.. Да.. но сепак се родители, се насочувам кон негативните мислења околу оваа тема и се плашам да не ја одобрат нашата врска.. а веќе се криеме 3 месеци
Разлика во години.. Зошто не би ја одобриле? Он има некој лош карактер? Згрешил нешто?....ајде еве сега разговараме.Да најдеме што е тоа зошто твоите родители не би ја одобриле таа врска.Зошто мислиш дека не би ја одобриле?
Разлика во години.. Еии не е тоа нешто страшно..има еден што си се свиѓаме амаа тој е поголем од мене 4 год.. амаа нмвз
Разлика во години.. 5 години и не се некоја голема разлика, твоите да не сакаат помал да биде од тебе?!
Разлика во години.. ...Toj прекрасно се однесува, нема ништо направено погрешно.. се' правел за мене отсекогаш, дури и за некои работи се согласува, иако тоа можеби не би сакал да биде така. Гледа мене да ми биде убаво, со еден збор би исполнувал се' што ќе посакам.. Но, од другата страна, притисокот е голем како би прифатиле моите родители, бидејќи тие се 1 година разлика, а и другите врски од семејството, и мислам дека малце потешко би ја прифатиле мојата. Се трудам да најдам добар момент за да дадам до знаење, но не можам.
Разлика во години.. ..Сепак, не секој би имал исто мислење. Јас отсекогаш сум била за тоа, дечкото да биде поголем од девојката )
Разлика во години.. Ако мислиш дека само тоа е проблем, што велиш ти никој друг немата од блиските така поголема разлика,колку за споредба....тоа не е проблем. И ако си веќе решена да кажеш, немој s neba pa u rebra, туку можеш да си излезеш со мајка ти на кафе,па муабет, па да ја прашаш како тие се запознале со татко ти...па што мисли како би реагирал твојот татко кога ќе дознае дека си имала дечко.....па по некој ден пак излезете. Па паднете пак на тема но овој пат повеќе за тебе,каков тип ти се допаѓа....едноставно мораш полека да го припремиш теренот. И да ги видиш реакциите на мајка ти. Кога ќе го осетиш моментот ќе и кажеш, дека имаш дечко, ама не одма: Ама мамо знаеш он е 5г. поголем од мене. Туку ќе се поднасмевнеш,па ќе и речеш ама не кажувај на тато нека биде наша мала тајна. И она ќе омекне ќе и стане мило што ќерка и се отвара кон неа. И самата ќе почнува да те прашува. И така лека полека ќе праша и кој е и од каде и колкав и што учи...и се.
Разлика во години.. Понекогаш сме зборувале на оваа тема, но општи муабети, а не конкретно за него. Уште поинтересно е во ситуацијава што неговиот татко и мајка ми учеле заедно, се познаваат Bтw. Мене убаво ми е со него, и би сакала да продолжам.. кога веќе неговите знаат, морам да се соочам и со моите родители, мислејќи дека тогаш би ни било полесно и на двајцата, не би имало потреба за да се криеме, само, време би било во прашање од моја страна
Разлика во години.. ^дека ќе ти биде полесно ќе ти биде...тоа е дефинитивно. Но ти велам, мораш да го најдеш вистинскиот момент.
Разлика во години.. Ќе се потрудам.. како и да е, некогаш мора да дознаат .. подобро од мене, отколку од некој друг Ви благодарам за се'
Прекрасно....Оваа слика е за сите што ги измачува тоа околу разликата во годините....Разликата не е битна ако љубовта е вистинска...Една слика илјада зборови
љубовта не прашува за години ама сеа па и да не биде 20-30 години разлика...се до 15 години може ама повеке
Jaс и мм сме разлика 6 години и мене ми е баш убаво отсекогаш сум сакала дечкото да биде постар од мене , да биде зрел и паметен а не помал од мене
Па ако е помал од тебе, не значи дека ќе биде и незрел. Е сега, не ме сфаќајте буквално - не зборувам за врска помеѓу момче од 14 и девојче од 18 или 20 години, ами минимална разлика од една-две години; ако девојката е 20, тој 19 или пак 22, а момчето е 20. Се работи за блиски разлики и мислам дека може да опстои асална врска, доколку нели се сака. Јас знам голем број такви примери, не мора да значи дека секогаш ќе важи тоа „врсници, или машкото да биде постаро од девојката“. Напротив - нè има секакви.
...Искрено по мое, ако има љубов годините уопште не се битни па и 20 - 25 год да е разликата... Која била со постар знае, толку е убаво чувството начинот на кој те гушка, на кој те љуби е мн поинаков, едноставно те топи... и се осеќа чоек сакано и заштитено едноставно се е поинакво од обичното ако ме сфаќате...
Па не е работата со било кој,има многу,но вредат,ни одговараат,има ли хемија,љубов?Молам не зборете така,,како да нема машки на својата возраст,,зошто секој може да се заљуби во оној кој најмалку очекува без разлика на годините..