Мое мислење: толеранција ако тој е 5 години постар. исто толеранција ако тој е најмногу 2 години помлад, иако мислам дека дечкото повњке личи да биде постар,
Мислам дека разликата во годините и не прави некоја разлика за нас.За луѓето околу нас не грижете се тие и така ќе си зборуваат.
цел мој живот сум заљубена во маж 12 години постар од мене... и мислам дека ако не бидам со некој кој е бајги постар од мене, никогаш нема да бидам среќна. и не сум била до сега среќна... ама ќе бидам ништо страшно, уживај доколку ви е убаво и не се замарај што ќе речат другите. Животот е твој !
Јас и дечко ми сме 6 години разлика и баш ни е убаво..Ми вели неможам да се замислам без тебе,имам чувство дека треба да те чувам и грижам за тебе
феминки сакав да побарам совет од вас за една пријателка знаци девојчето е моја генерација за неколку месеци и 18 а име некој чувства за еден кој е многу поголем од неа тој е 35 човенкот ниту е женет моментално не е ни во врска и едностаавно ништо несака повеќе од муавање ве молам за совет позз
девојката ништо сеуште нема направено со него едноставно сака да биде само едно подолго време со мување инаку чувствата не му ги знае али нешто што ми кажа е следново: дека била во дикотеката (кај нас е само една во градот) и отишла до вц а пред веето стеол тој со некој и таа чекала за да помине и со неговата лева рака ја прегрнал за половината а со дената и покажал кон вцто и рекол повели лепотице и и намигнал на излегување таа се гушнала со некој другар и тој отишол пред неа затоа што брзал и несакајки ја попутнал и та се бутнала во него тој ја прегрнал за половината а таа му рекла извини и декчото и рекол нема прблем чим е во прашање дечкото и она му казала дека не и е дечко и тој само ааа така ли и пред неа столео момче таа го замолила да помине ама тој не се поместил и дечкото го фатил за рака го бутнал на странаи му рекол мочко ај потргни се настрана девојчето да помине и таа поминала и му рекла нели фала а тој само и се насмевнал и намигнал позз
Лично, од секогаш сум гледала младолики дечки (крцкалчиња ). Сепак, сметам дека преголема разлика може да влијае лошо на врската. Оние ставови од типот: живеј го ти животот, ако ви е вас убаво не се замарај за другите, само на пишано функционираат. Реално гледано, нема да ти биде сеедно кога мајка ти и татко ти нема да те прифатат (може ќе е само на почеток, но е многу тешко да бидеш отфрлен од луѓето од кои најмногу очекуваш поддршка), нема да ти биде сеедно, кога ќе влезеш некаде и слушаш шушкање позади тебе (освен ако не си селебрити), а посебно нема да ти биде сеедно кога генерациската дупка помеѓу вас ќе излезе на површина. Јас сепак сум си за крцкалчиња. Спојлер Мои врсници, преку сила 2-3 помали, што изгледаат повозрасно. Не сум педофил, деее.
хахаха интересна случка... епа ако девојката има контакт од него, нека се видат и нека разговараат... што лошо има од разговор?... се може да се реши. џабе јас и некој друг тука ќе каже нешто кога не знаеме ТОЈ што мисли со среќа и пишете што ќе биде .....
естефаниа има еден проблем што таа и тој никогаш не се запознале тоа се запознале тоа се случило сосем случајно и таа е изненадена и реков дека добив совет од вас да разговара и несакасше рече што ке мму речам ее ај те молам кажи ми што чувствуваш за мене исто така рече што ке помислел за неа оваа е лудача позз
хахаахах ок, јас си помислив дека поради тоа што знае и основни информации за него од типот дека е сам и не е женет, би можела и да комуницира... а, било што и да се случува понатаму, само мал совет, многу е тешко дека 35 годишен маж би прифатил само „мување“... ако девојката има големи чувства нека размисли за понатаму, а ако не, тоа нека и остане како убаво сеќавање од таа вечер... поззз
и пренесов за вашите прекрасни совети и реши воопшто да не обрнува внимание и се случи нешто што ја стави во голема забуна вчера го виде и масите им беа една спорти друга цело време се гледаа тој цело време и намигаше и на крај типот поминал покрај неа и така твко и шепнал лепотице многу расположена ова вечер се гледаме и си отишол потоа воопшто не го видовме позз
нее не ме свати неа тоа ја направи едноставно да свати дека човекот можеби сака само да ја икористи бидејќи е поискусен од неа
па тоа е 80% посигурно отколку дека е веднаш заљубен во неа... затоа нека не „скока“ она со чувства... во овој случај, времето ќе и покаже ....
Mислам дека мора да гледаме на пропорционалноста во кој период од животот ја разгледуваме разликата во години. Понатаму во животот, кога колку-толку сме се развиле во позрели личности кои знаат што сакаат и бараат во животот, за мене нема никакви пречки, а годините се најмалку важни. Ако меѓу нив двајца не се чувствува јазот на разликата во години во нивните сфаќања, ставови, потреби и можности кои се подготвени да си ги пружат како партнери, годините се најмалку важни, без разлика кој е постар. Емотивната зрелост е релативна работа, не можеш да речеш дека ако некој има 24 години дека е емотивно помалку или повеќе стабилен од 20 или 30 годишен. Тоа зависи од способноста за градење меѓусебни врски, отвореноста, искуствата, спремноста за врска, не од годините. Секој како индивидуа различно се однесува кон другите во различни периоди од животот. јас на 18 бев посериозна и постабилна, со традиционални, принципиелни ставови во однос на врските и критериумите за врска, отколку сега .... кога поради искуството, не ги гледам работите само црно-бели, не судам и немам преголеми очекувања. И ич не ми е гајле колку години ќе има оној кој ќе ме прифати онаква каква што сум денес, и со сигурност дека ќе бидам поинаква во иднина, и кој истовремено нема да ме остава да спијам навечер, за кој ќе сакам да ги спојам денот и ноќта, небото и земјата. ако јас знам што и колку имам да дадам и сум подготвена да давам во догледна иднина, и му го ставам тоа до знаење на тој некој друг, годините се само бројки.
"Права љубав године не брои" , така велат,но јас сум сепак за една посигурна варијанта каде момчето е за некои 2 до 3 години постаро од девојката.Зошто? -Затоа што според сознанијата дека девојките побргу создреваат од момчињата,поволно е момчето да биде постаро од својата девојка со што би се усогласила нивната создреаност.Така би се избегнале многу бројни несогласувања и проблеми кои настануваат понатаму.