ПРАВА ЉУБАВ ГОДИНЕ НЕ БРОИ сватете веке еднаш годините не се битни кога е во прашање љубовта, знам а неколку врски и бракови кои што се огромн разлика и верувајте многу повеќе се среќни од некои кои што немаат многу голема разлика...јас и дечкоми сме 8 години разлика и верувајте воопшто не се приметува дека тука има толкава разлика !
Разлика во години во нормални граници а не по 20 години што се разлика.Мене тоа не ми е океј.Инаку за 4-5 години што прават проблем тоа е прав шит.
Јас за скоро 1 месец ќе полнам 19 а дечкоми има 21 и мислам дека сме таман, до кај 5 години разлика да! ама после 5 мислам дека е многу
Се тоа фино -права љубав године не брои . Ама во реалноста не е така . Јас лично во никој случај не сакам кога ќе бидам 30 години млада ,полна енергија а партнерот накај 50 веќе да се ближи кон староста Сакам човек со кој ќе стареам заедно а не да остари тој многу време пред мене ... Може моментално да им е убаво на паровите ама во иднина ќе биде многу тешко .. Оправдувам до кај 10 години, и тоа ми е многу ама физичките разлики нема да се приметуваат толку . Многу у бајки живеете , се сакаме љубовта ќе преброди се , какви баналности ја сопнуваат љубовта а не па вакви сериозни разлики ..
Сум имала момци помали 2 години од мене и постари 10 од мене. Со сите сум се нашла во тој одреден момент на некое исто скалило, сме сакале исти нешта или на краиштата убаво поминато време. Со многу од нив од старт се знаело на што сме , каде оди тоа итн. најдолгата врска ми беше со помал две години од мене. Немавме проблеми околу годините, но сепак не успеавме, не го гледавме животот во ист правец. По 4 години врска прекинавме. Дека беше помал беше, но само во години. Најстариот беше женкариште, знаеше што сакаат жените, знаеше како да се постави, но не беше ништо сериозно. Убаво поминато време. Од сите момци заклучив дека со оние што се колку мене или година, две постари не можам да функционирам. Сегашниот е нешто повеќе од десет години постар, одлична спојка сме. На почеток двајцата не кочеше разликата, затоа што од старт знаевме дека не сакаме ова да е зезање. Греота ќе беше спојов да се пропуштеше ради годините. После многу момци конечко некој со кој преку поглед можам да се разберам. Па постар бил? Што ако?
^ И јас сфаќам дека со врсници или година-две постари не можам да функционирам. Во никој случај! Со помали дури поубаво функционирам, бар знам дека се‘ е на зезање и не се замарам со глупости. Идеалната разлика започнува некаде кај 4 години минимум, бар за мене.
Јас бев најголем противник на голема разлика во години, за мене се над 5 години ми беше огромна разлика. Ама сфатив дека нема врска тоа. Дечко ми е 8ипол години постар од мене и со ниедно друго машко (врсници) сум немала такво разбирање и хармонија како со него. Многу си го сакам Значи се е до степенот на зрелост, а не годините (али уште мислам дека над 10 години разлика е премногу )
Леле исто сметав дека големата разлика во годините би била проблем. Се додека не го запознав дечко ми. 8 години е постар од мене и искрено поубава врска не сум ни можела да замислам дека мене може да ми се случи. Сега целосно ми е сменето мислењето...сметам дека и врска со над 10 години разлика би успеала, се зависи од компатибилноста на карактерите
Вака луѓе братучетка ми има 15 годиниа,а он има 19 во април ќе пуни 20 првиот па она згреши ради годините и се плашеше да не дознаат мајка и и брат и,пошобрат и има 21 години и затоа..И познава многу луѓе дека во иста населба живеа сеа после 6 месеци она пак му пиша и се допишуваат ама оне некако ладне кон нејзе и прееска ја прашал знаеш колку години имам и она му рекла 19 и он и рекол да во април 20 ќе пунам и она рекла и?И овој рекол ништо само кажувам,а и праќа некој љубовни песни таму значи девојчето многу зрело размислува не е некое детиште..и прееска се утепа плачејќи што ќе рече мајка и,брат и а она многу сака да е со него и јанезнам шо да и кажамм да ја утешам ај вие ваше мислење..
Па вака ,сметам дека ваквото споредување воопшто не држи вода. Што е денеска загарантирано или сигурно? Од кај да знае некој дали ќе доживее ситуација она 30,он 50 години,на вакво лудо време со 3000 болести? Годините воопшто не се мерило дека помладиот во врската ќе биде поздрав и повитален од постариот,во овој случај машкото. Колку само парови познавам со голема разлика меѓу годините,ама... сопругот и покрај неговите години изгледа повитален од сопругата му која е 10-15 години помлада од него. Така да,ако има хемија ,баталете математиката-многу постар,до волку години може ,над тоа не... Сега да треба да бирам повторно...
Ех како не држи вода Ако рачунаме што може да ни се случи , не треба ни да живееме . А под претпоставка дека и двајцата се здрави личности тогаш годините и те како се мерило .. Сега немој да речеш дека 50 годишен маж изгледа повитално од 30 годишна жена .. Млад човек си е млад човек , и реално гледано до кај 10 години не се приметува физичка разлика . Јас зборам за нормален тек на животот , не би сакала таков партнер од многу практични причини , па и не би сакала тој да има повеќе заеднички работи со татко ми одколку со мене . Тука се и деца , под претпоставка таа 25 тој 45 . Тоа дете кога би било тинејџер би имало татко пензионер . Јас така не сакам , кој сака нека повели
Кога се дискутира за разлика во годините мислам дека се земаат во обзир некои поприфатливи разлики.Оваа твојата наведена разлика од дваесет години-мислам стварно нема смисол,убаво рече татко може да ти биде хахаха.Ама секој си знае. Моето помина,избрав и избрана сум.Задоволна сум си со изборот. А ,да ,две години е постар од мене.
Не битна ако е во граници на нормалата,инаку сум имал постара девојка и тоа 7 год и супер ни беше,а и научив многу работи,фала и многу.
Ако ти имаш 15,а тој 22-3 не е добро,ама ако ти имаш 20,а тој 27-8 ок е,не се познава разликата. Јас бев затресакана во 19 год. што не е добро,а братучетка ми има 24 беше со еден што има 19 што е уште полошо.Не можам да разберам како може помлад.Не иде.