kako da kazham... прво осигурај се дека навистина се разделиле со бившата да не испадне дека си ти резерва-сепак е постар 7 години од тебе на таа возраст машките им е интересно да се гледаат, четуваат со малолетни девојчиња како што си ти-демек јас сум фраер, ке правам што сакам дури можам да се гледам и со помали-познавам еден таков 1 година е постар од дечкото, најчесто по малолетнички трча ке ја викнеш мајка ти на кафе или дома ке седнете на само и ке и објасниш дека ти не си веке мала имаш 16 години и дека постои некој со кого ти се гледаш-внимавај што правиш, памет во глава
kako da kazham... само да додадам прецени го убаво пред да леташ во облаци а искрен разговор со родител што порано тоа подобро,кој ќе те разбере ако не родителот кој ти мисли најдобро,некогаш и да не одобруваат сигурно имаат причина
kako da kazham... Можеби сум премногу млада за да ти делам памет, но сепак од лично искуство мислам дека е подобро да и кажеш на мајка ти. Кога тогаш ќе разбере за него, ако не од тебе од други, а така ќе ја изгубиш нејзината доверба.
Незнам што се плашиш тоа и нее толку голема разлика, типот има само 23г, разговарај насамо и отворено со мајкати ако е разбрана ке те разбере
Се согласувам дека се многу голема разлика за нивните години. Ваквите врски не треба да бидат оправдани ни од едната ни од другата страна, а најмалку од родителите. Тоа е реалноста, не секогаш важи правилото дека годините се само бројка или дека љубовта не познава граници. Или треба таа да е премногу созреана за нејзини години (ама колку може да биде созреана за нејзини 16 стварно незнам) или тој треба да биде ептен дете и да неможе да си фати девојка која е приближно на неговите години па се занимава со деца (оваа варијанта ми е многу по веродостојна). Несакам никој да навредам ама да ми каже сестра ми која има 17 дека има дечко од 24 години искрено не би ми било баш драго. Затоа што реално сите знаеме што и како сака и бара еден дечко од 24 години.
Годините не се проблем доколку ти имаш 20 години а тој 27,28... Ама 16.... Мислам нешто не ми штима тука.... Незнам која му е намерата на типот, ама сигурно не ти мисли најдобро.. Друго, раскинал со девојката и наредниот ден почнал со тебе.. Почни со тоа, види какво срце има и колку знае да сака, да цени.. Не е проблем дека ја изневерил, ама проблем е што нашол друга и одма и ги удрил клоците, така ќе биди и со тебе. Срцка размисли си ти, и зборувај со мајкати, раскажи и се и таа ќе ти кажи најправилноо..
А што мислите за врска мегу 18 годишна девојка, и 27 годишен тип.. Една моја другарка се плетка со еден и незнам искрено како да ја советувам И реков дека е океј.. ваше мислење?
Јас имам 17 ипол скоро 18 а дечкоми 27,година ипол сме во врска и верувај,кога ке го видат мои другарки мислат дека има 20,така изгледа,и јас кога го гледам дечкоми не го гледам како 27 годишен туку како човек кој го сакам и планирам за 2-3 години да се омажам за него.. така да не гледам ништо лошо ако човекот не е женет и ако немал брак претходно,ако нема деца и ако си го живее животот како што треба,ако работи и ако не е наркоман пијаница и насилник..
Оправдувам врски кои што се по неколку години разлика, ама откако ќе наполнат 20. Дека има една, има 14 години, и оди со дечко и кој има 21 година.. Според мен тоа е премногу, таа штотуку влегува во пубертет, а тој веќе го заминува. Тој си има други намери, а од неа што ќе добие? Тој си ја врти како сака, а таа нека лета во облаци.. А пример да имаш 20, а тој да е 26,28 или колку било, ок може така. Сепак и двајцата рамислувате серизно, двајцата сте полнолтни.
Мој постар другар се запозна со неговата кога таа беше 15 а тој 23г 8г беа во врска а сега се во брак и нека им е здраво и живо имаат и машко бебенце, незнам зошто сте толку негативни за тие 23 сепак се само 23 не се 32, и не секој на 23 има задни намери од карактер до карактер има разлика, сепак таа можи да разговара со нејзините дома и да го поканат на кафе или на ричек нема врска па тие да одценат со кого си има работа нивната ќерка, а за нејсините 16г па има еден куп девојки што се мажат на 15г иако не го оправдувам тоа ни најмалце, а таа е само во врска ништо страшно и ако не го бива него бива батали има други, па девојко ако сакаш да бидиш со него само напред
Јас можам да докажам дека може да успее.Тоа е реткост.Но успева.Мене ми успева.Јас имам 15,а тој 21.Сеуште не сме во сериозна врска,на почетокот сме,сеуште се запознаваме,но немора да значи дека ако има 20 год. дека сака само да ме искористи.После се што ми се случи во животов,иако сум мала можам да препознаам на кој вистински му значам без разлика на годините. Сепак секакви постојат луѓе. Тој ми покажа дека може машко да ме сака,тој ми покажа дека не се сите исти. Сакав да се откажам бидејки моите не би го дозволиле ова и дека кратко би траело ова,но тој не дозволи да си заминам од него.
JackNicholson Јас сум првата која несака генерализации посебно па не овде на форумов. И да, се согласувам дека има исклучоци, ама затоа и се викаат исклучоци затоа што се ретки. А случајов што ти го наведе мораш да признаеш е реткост. Во еден друг пост имам напишано во врска со ова. Дека не само што разликата во годините е проблем туку проблем се и плановите и целите кои двајцата ги имаат зацртано во животот. Мора едниот повеќе да се жртвува. Машките веќе на 26, 27 години сакаат да се женат, а замисли да има девојка која има 18, 19 години? Зарем на 18 тоа девојче што допрва осознава за животот треба да биде некому жена и мајка? Или па и обратна ситуација ако дечкото ја чека неа да си ги оствари целите и соновите како млада девојка, тогаш он треба да ја чека неа до 34, 35 години. Тука е проблемот. Не дека на 35 некој е стар за женење, да не ме сфатите погрешно ама повеќето си сакаат веќе да си бидат средени до тогаш. Јас еве имам 20, најмалку 4, 5 години не ни помислувам да се мажам, а да имав дечко кој има 27, 28 години и нормално време му е и сака да се жени што ќе правев? Или треба да се омажам сега или треба он да ме чека до 30 и кусур за да јас си се остварам како личност или да раскинеме. Може многу филмови направив ама тоа е реалноста, не е работата само да одиме со мислата ама го сакам или љубовта е најбитна, впрочем и заради таквите мисли доаѓа до бракови порано од што треба. Можеби јас пристрасно малце навлегов во темава затоа што имам помала сестра па искрена да бидам не би ми било сеедно да има дечко кој е 7, 8 години постар од неа. Еве машко си и знаеш што таквите бараат кај девојчињата. Има исклучоци не викам не ама реално повеќето се катастрофа кога се работи за ваквите врски. Искрено, јас лично тие машки што ги знам и што имаат или имале врски со многу помали девојчиња сите до еден биле несериозни, зрелоста на ниеден не му била соодветна со годините. Еве гледам имаш 26, мислиш дека можеш да бидеш во врска со девојче од 18 години? Edit: Да не ме сфатите погрешно, цело време зборам за девојчиња кои се помали од 18 години, инаку веќе зрели девојки кои знаат што сакаат и знаат да проценат личност тоа веќе си е личен избор и таквите врски секако дека можат да успеат, всушност не се ни мешам кај нив, секоја возрасна личност си знае што и како со својот живот.
Па девојко ако гледаме така има 7 милијарди луѓе на планетава и 7 милијарди разлицни планови, проблеми и согледуванја на животот така да секој со својот, и ти да си имала врска од 16г не би ги имала истите планови што ги имаш сега моментално би имала некои заеднички планови, да ја прашаш нејзе тае не ни знае ни на кој факултет ке се запише па да прави планови за толку долг период како што кажуваш, јас лично немам ништо против таквите врски иако јас не би сакал да почнам врска со 18годишна ама јас сум само единка во светов немора да значи дека сите не треба, иако незнам што ме чека можи да се случи вечерва да излезам и да ми го свти умот за 360степени некоја 18годишна па што треба да речам а не ти си 18г стој понастрана од мене па би си дал шанса можеби врската ќе трае 1мес а можеби и би завршил до крај со незе, така да ништо страшно и тие ако пробаат. Тоа е моето мислење
45 тој, таа 21 И сеа Шо да им кажам Браво? Не сум ни ја цвеќе за мирисање, да се разбереме, ама ова ..... А која е мојата долна граница? Е тоа е веќе прашање на место. Под 30 ваљда ми е .... глупо.
Јас со дечко ми сум разлика 8 години и 5 месеци. Искусен, паметен, совет да ми даде, кога сум во тесно да ми помогне. Луѓе верувајте среќна сум што имам постар дечко. бидејќи навистина не планирам да се пафтам со шалабајзери по улица и секој ден да мислам дека нешо ново ќе му текне. Вака се знае кај него вака и вака ќе биде или вака и вака треба да постапииш во оваа ситуација. Да беше некој на моја возраст 20 години цел ден ќе си ја трескав глаата од ѕид каде е шо праи со кој е...
Абе тоа што не прави ништо, мислам што е сериозен не е секогаш до годините , од искуство си кажувам бившиот ми беше 9 години постар од мене абе шта да ти причам. Од созреаност, дури имаше фаза на презреаност, пукаше како зелена тиква . И уште се чудам од тогаш поминаа 6 години а нему уште му е интересно да излегува како млада невеста по 10 пати на ден по кафичи, и да прави глупости како неизживеан пубертетлија, . Како ли преживеав 3 месеци и јас незнам со него Со дечко ми сум 6 години разлика и можам да кажам дека одлично функционираме, а функционираме затоа што имаме мегусебно разбирање, почит, доверба и голема љубов. До 10 години разлика мегу партнерите ми е океј ама повеќе НЕ ! Сепак секој со својот избор, тоа е лично право на секој поединец ...
Па зависи.. сега пример она има 15 он 20 некако не оди..а ако она има 20 а тој 25 добро изгледа.. значи зависи од тоа колку години имаат и двајцата, јас со дечко ми сме разлика 3 годинки и неколку месеци.. Многу вилајаат годините затоа што се бараат различни обврски во различни години секако.. пример дечкото после 17,18 год ( со исклучок ) им е потребен секс, и неможе врската да трае без тоа, кога тогаш ке се бара тоа .. не кај сите ама кај повеќетоо.. Секако дека е подобро да си со постар, по искусен, да не е детиште да незнае да се справи..
Абе секс им треба и на повозраснисте.. хахаха... Ме насмеа. Ама проблемот е шо кај овој од 29 години има сватено дека п... си е п..., а овој помладиов уше лета и сака секоја да ја проба. А не сваќа дека и со едната и со другата му е исто... Иначе овие зборови ги има каж`ано дечко ми. Ја не верував додека збореше.
Со мојов сме 5 години разлика, он 24 јас 19 . Мислам дека не е никаков проблем, секогаш е тука да ми даде совет како постар и поискусен, има разбирање помеѓу нас, постои компромис, почит и разбирање и се разбира љубов. Јас порано бев малку скептик околу тоа , сепак претпочитувам врска не постара од 5 години(не дека моево), тоа е мое мислење, иако како што прочитав има и доста успешни врски кои имаат поголема разлика во годините Љубовта не познава граници.