Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разлика во години

Дискусија во 'Врски' започната од Bright, 25 ноември 2009.

  1. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    823
    Се зависи од човекот, но од биолошка гледна точка најдобро е врсник.Или +/- 5 години разлика. Претходно бев во долга врска со 20 год. постар јас 25, тој 45 бевме заедно 4 год. и се разделивме поради несогласување во однос на важни животни прашања. Следната врска ми беше 4 год. помлад со слични сфаќања и исти животни амбиции. Сега ми е сопруг ;) И постар и помлад е во ред ако од партнерот имате поддршка и разбирање.
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. honey95

    honey95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    Тој 16 а таа 19 ?
     
  3. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Ако тој има 16 а таа 19, не станува збор за голема разлика во години, меѓутоа е важна зрелоста на машкото и неговото однесување. Многу помали момчиња понекогаш се однесуваат многу позрело од некои постари.
     
    На honey95 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481

    Тој е малолетен..
    Има посебен термин за тоа..педофилија :D
     
    На stetoskop и Hipica им се допаѓа ова.
  5. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Секако дека има врска разликата во години и таа нетреба да изнесува повеќе о 5 години во корист на дечкото или 2 во корист на девојката. Инаку за малолетниве најдобро е да си одат со врсници да не забегуваат, трчајки по типови над 20 години. Е сега оваа граница од 5 години ја кажувам за девојки кои влегуваат во врска со дечкото со надеж дека таа врска ќе биде за озбилно. Познато е дека мажите го завршуваат својот сексуален живот порано и може девојката, подоцна жена да се доведе во ситуација да пати за секс бидејки нејзиниот партнер нема да може. Јас имам пример во комши каде сега брачен пар се со огромна разлика таа сега во цутот на младоста околу 30 и нешто години, а тој веќе навлегол во шестата деценија т.е над 50 год шо според мене е лудост. Е, сега докол се работи само за врска од корист, или попознато во народот како курвање, тогаш годините не се битни туку битна е длабочината на џебот.
     
  6. MiaJ

    MiaJ Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    18
    А она 19, а он 48(другарка ми) ама некако среќна е со него што знам....Вие што викате...
     
  7. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    609
    божеее што се нема да прочитам низ ова форумот,како бре може да сте среќни со возрасни МАЖИ,татко ке и биде ,30 год. разлика и среќна била,ке видиме колку ке е среќна понатака |( |(
     
  8. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    Aцкеее,не се чуди :P .,само такви малецки можат да прелажат,уште не до пилени :emo:
     
  9. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    :o :o ..
    Леле..како бе така,таа ќерка може да му биде..
    Среќна е со него?Среќата е релативна работа..сега е среќна,ќе видеме за година,две дали ќе биде.
    Не ми е јасно како млади,убави,нежни девојки можат да бидат со чичковци,што татковци можат можат да им бидат.Не им е грдо да ги допираат,бакнуваат...?
    Кога постојат толку убави,млади,згодни момци,врсници!Со кои можат да ги поминат сите фази од животот..

    Во ситуацијава,кога девојката ќе сака да прошета и да го види светот,тој ќе биде на смртна постела...нели,животниот век е краток.
     
  10. brancetoo

    brancetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    42
    Мислм дека се зависи до сориозноста на партнерите но сепак големата разлика не ја оправдувам затоа што и колку да се созреани двајцата (т.с помалата страна) ке има многу недоразбирања :|
     
  11. Bianca.M

    Bianca.M Активен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    9
    Премногу се борев и се карав со сите дека годините не се битнии и бев упорна со таа цел..и успеав ама на крај сфатив тоа што сите ми го збореле..
     
  12. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Не сум баш активна на форумов, немам нешто посебно време, ама за ова мислам ќе ми дојде и како олеснување, а и да слушнам што има да се каже онака од страна за случајов.

    Јас сум 25 и работам како уредник за веб страни, па така често комуницирам и со некои дечки што имаат повеќе разбирање, ако нешто ми е потребно што не е во домен на мое знаење.
    Така го запознав него (има една да ја наречам како тема на главната страна, таму се комуницира онлајн со дечкиве) љубезен дечко, културен, многу убаво воспитан... На секое прашање љубезно ми одговараше, па помина подолго време како се дружевме онлајн и решивме да се видиме после една заедничка работа. Не го прашав за годините воопшто, ни па си разменивме фб или слика, само се дог во колку саат и каде.

    Успешно се најдовме, седнавме на пица. Прекрасен дечко, многу пријатен, со исти интереси како моите. Време од 4 саати кои ги поминав со него ми летнаа како 1. Пред одење ни текна дека ние воопшто не се ни знаеме, па демек јас сум тој и тој, толкав сум... (а јас си го резервирав да го правам нешто повеќе од пријател) Дечково 18 години, 4та средно. Верувајте дека не знев што да кажам. Кој би рекол, никакви знаци дека е 7 год помал од мене. Не му се веруваше ни него за моите години, па онака збунети си разотидовме, па почнавме да комуницираме пак, а мене почнаа да ми се јавуваат чувства спрема него. Наоѓав изговори за да морам да го видам, а после секоја работа испаѓаше да идеме на кафе, кино, пиво, пица. Многу ми е пријатно со него, гледам и него со мене, ама знам дека се плаши од годните и реакцијата моја ако проба нешто повеќе. Често сме заедно, еве следен пат ќе се видиме за два дена. Јас почнувам да се заљубувам во него, и толку сум збунета што стварно не знам што да правам. Од една страна тоа пусто што ќе кажат луѓето, а од друга па 25 имам, треба да си ја калемам иднината, а со него немам иднина, бар не во следните 10 години....

    Би ви ја ценела искреноста навистина и фала што ме дочитавте до крај :)
     
    На Hipica, Strumka22 и danielka0507 им се допаѓа ова.
  13. redhat

    redhat Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    222
    Драга моја другарка има исто врска со 18 годишен дечко :D таа има 23 тој 18 на почетокот и таа мислеше како ке каже дома на другите друграрки како ке им каже ...на крај се заврши во најдобар ред
    еве уште си се заедно :inlove:
    Според мене и неколку вакви врски што ги имам сретнато годините не треба да ти бидат никава пречка
    има многу примери каде што девојката е постара од дечкото дури едни мои соседи 10 години се разлика *сега се во брак мислам*
    Ако ти е убаво зошто да не бидеш со него што има да ги слушаш луѓето што ке кажат .. За муабетот околу иднината ти држи вода од е многу млад и не ги поминал некои работи во животот кои ти веќе си ги поминала ама на крј краева тоа немора да значи секој е различен и има различни сваќања и планови за животот.Така да не му ја мисли многу многу :)
     
    На irrelevant му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Самата си го реши проблемот во напишаното. СО него засега немаш сигурна иднина. Сепак е дете. :$
    Да имаше ти 21-22, ајде де, се трпи некако, ама во 25 си, веќе си повозрасна, а нему се допрва му доаѓа тоа што си го поминала.
    А, ако оди на факултет, уште толку ќе ви е потешко. :sweat:
    И знам дека не можиш веќе физички да оцениш некој колку години има. Повеќево млади изгледаат многу постаро. :^)

    Сепак љубовта години не брои, имало и други врски со разлика во години, па успеале. Се зависи до човекот. :)
     
    На redhat му/ѝ се допаѓа ова.
  15. brancetoo

    brancetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    42
    За мене разликата во години никогаш не била пречка за ништо, се разбира не преколемата ама до 9-10 години ја толерирам... Многу луѓе не можат да ја претстават својата возраст со изгледот и карактерот(понашањето) така што кога подоцна ќе ги слушниме годините едноставно се вкочануваме но тоа е што е... Јас мислам дека треба да продолжиш да се дружиш со дечкото, а за врска не знам но сепак мислам дека како што и самата кажа тој е помал 7 години од тебе и има каде каде поразлични сваќања од тебе како што сите знаеме машките покасно созреваат и тоа е факт тие би кажала дека на 23 години изгледаат како 18 но сепак има исклучоци кои се ретки ама такви немам сретнато барем до сега :| :lol: затоа би ти препорачала иако тоа е мое мислење да не се препушташ во некои сериозни намери со него затоа што како што напоменав тој ќе сака да види повеќе во животот и ќе си речи таа е постара од мене јас сум млад сакам да прошетам да го видам животот не можам да останам само со една девојка и така ќе проба по нови искуства и ништо од сериозна врска. Иако сега можи ќе посака да му бидиш девојка сепак посилно ќе му биди тоа што ќе сака да проба многу искуства во животот. Од моја страна ќе ти кажам да останите само пријатели, затоа што потоа бивши дечко не можи да ти биди добар пријател тоа сите го знаеме. Чао поздрав :$ :inlove: :*
     
  16. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Не дека ќе има врска и не дека и ја планирам.
    Штета што имам таква среќа да запознавам врсници и постари кои ме интересирале да бидат како деца, а единствениот зрел што го запознав е уствари дете.
    Штета.
     
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Не мешајте баби и жаби... Педофилија значи сексуална склоност кон дечиња, а не сексуална склоност кон било кои малолетници.

    Ако тој има 16 години, тогаш значи е малолетен, но не е дете. Деца сме до пубертет 12-13 год., потоа стануваме тинејџери. Не случајно законот прави разлика за сексуални односи со лице кое наполнило односно не наполнило 14 години.

    Друга приказна е дали тие двајца би си одговарале за во врска или не, бидејќи обично девојките побргу созреваат од машките, но има и исклучоци.
     
  18. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Немој!
    Моја братучедка имаше три годишна врска со 4 години помал од неа. Кога и дојде време да се мажи, она имаше 28 а тој 24, тој ја остави,Се исплаши.
    Исто така еден пријател на 21 година се фати со 7 години постара од него. Одеа ми се чини 100 години, и и ги украде најубавите години. Кога му викавме да ја земе за жена, она само ни одговори дека не бил тој крив што таа се родила 7 години порано :o
    Не дека нема такви успешни врски, ама тие се многу ретки.Мажите многу покасно созреваат.
     
  19. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Педофилија е сексуално привлекување, трајно насочено кон полово незрели индивидуи (деца).
    Со педофил неофицијално понекогаш се нарекуваат и луѓето, коишто чувствуваат привлекување кон помлади ( читај помали).
     
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Токму затоа не може девојката од примерот да се нарече педофилка, таа има 19 тој 16. Двајцата се полово зрели.
    Да, но тоа е погрешна класификација, сосема несоодветен термин. Тоа е како да наречат наркоманка некоја што е „зависна„ од чоколади.

    Зависи дали и на што си ти подготвена во иднина. Може да се случи по некоја година да те остави затоа што постара девојка му е веќе видено, и знаците на поминување години ќе бидат повидливи, па да се сврти тој кон помлада девојка. Зависи сега колку емотивно ти тоа би го доживеала. Незнам зошто, но се чини дека ова во обратен случај (кога машкото е постаро од девојката) како да не важи, или барем е поретко случај. Знам за случај кога тој беше постар од нејзе 19 год., неколку децении беа заедно, се изродиа деца, пораснаа, а сега го остави сопругот за постар од нејзе 25 години. :o
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.