абе ајде нема врска ,знаат што е среќа уште сега ,не ми се верува а и неможам да се начудам стварноо Спојлер не дека јас сум многу голема ама ајде ,абе татко ке и биде ејј а она среќна била,еве еден пример ке кажам,па кој како ке ме свати незнам ,пред месец дена гледам невеста и младожења(татко),невестата 19 год како неа,а младожењата 40 год,и зарем тоа ке е среќа,инаку ги познавам но не сум блиска со нив ,сите се чудевме и се смеевме,инаку човекот има пари не е за потценување,можно е да се омажила и заради парите пошто таа потекнува од сиромашно семејство,ама да се навртам на муабетот стварта е тоа што не личи ,она млада убава згодна тек започнува животот за неа а овој веќе втор пубертет го фаќа ,незнам секој си има свое мислење али ова е моето
разлика во годините малолетна сум имам 16 години,тој има 25... во врска сме или излегуваме веке 2 месеци незнам како успеав но се заљубив многуу..и уверена сум дека не е со мене од корист и сл.Го сакам.Проблемот е што многу се криеме од сите а сите дознаваат.Мајками и Татко ми ако дознаат незнам што ке биде стварноо...не сакам да прекинам со ова затоа што се чуствувам убаво и сигурно со него до него.Тој ми е како мајка и татко се ме советува ме учи...ми кажува се му кажувам...што мислите дали ке успееме јас и он ? ии дали имате слично искуство..
разлика во годините Не е баш мала разликата. Друго би било кога ти би имала 19-20 год, а он 28-29. А тебе на 16 год. погледите на животот ти се сосема поинакви од неговите. Се надевам нема да звршиш трудна, и нема полнолетството да го славиш со 2 близнаци, 1 новородено дете и мажот ти. Памет во глава.
разлика во годините Нема врска разликата во годините важна е довербата љубовта и поччита но девојче си сеуште си малолетна сега си во луди години затоа пази што правиш
Не може никој да ти даде прецизен одговор бидејќи различни луѓе различно ќе ги гледаат работите. Според мене и не сте претерано голема разлика, но многу зависи што очекувате еден од друг. Не се сите 25 годишни машки со исто искуство, ниту пак имаат исти погледи кон животот. Некои до тогаш се изнаиживеале и зрели се наскоро за брак, а за други од иста возраст животот (во поглед на искачање, бркање женски, спортување и тн.) дури допрва почнува! На едно машко повеќе ќе му одговараат врснички, на друго постари, на трето помлади девојки... и тн. Во секој случај внимавај да не останеш трудна, сега е важно да го завршиш средното образование. Во крајна линија ако дојде до секс користете задолжително кондом. Патем зошто си наместила дека имаш 22 год. на профилот кога тука велиш дека имаш 16?
истата случка со на дечко ми другар,тој беше 26 год,а таа 16,остана бремена и тоа демек несакајки и се омажи ни средно заврши,а за факултет па да не збориме ,веке на нејни 17.5 год имаше дете,и што видела она од живот НИШТО,не го ни заврши школото се вработи веднаш,затоа што треба тоа дете да се чува ,храни,не е само ајде направи го па потоа баш ми е гајле
Според мене разликата во години е голема,подруго би било ти да си 19,20 ама вака.. Можеби сеа е се добро,2 месеци не се ни којзнае колкав временски период,ама во иднина планирај си дека нему нема да му се доволни само бакнежите и прегратките по темниците. Тој поминал низ многу работи,а ти тоа допрва ќе го преживееш. Зарем не би било интересно тоа да биде со врсник,или +2,3 години постаро момче?
Сите имаме различно мислење,па еве го и моето. Јас имам 18,дечкоми 28,се фативме кога имав 16 а он 26,прво мислев дека има 22 затоа што не ни изгледаше на 26. И мене ми беше страв на почетокот,нешто ново за мене,се плашев како ке реагираат другите,се криев и уште многу други работи ми се вртеа во глава. А сега ми е прекрасно,секогаш ме разбира и советува,и јас сеуште се кријам од моите иако знаат ама се прават на 3ипол. Сме имале секс и тоа јас сакав а он несакаше на 16 да ме скине и јас го натерав. Според мене не ми е битно што ке кажат другите,мене кога сите ‘‘другарки‘‘ ми збореа јас не ги слушав. Сега сме најсреќни,подобар да барав од него немаше да најдам,добро сепак има кавги и расправии но друго се е совршено,и немојте да и кажувате дека ке затрудни и глупости,ако имало такви 3-4 немора да значи дека сите вакви врски така завршуваат. Исто така и една друга девојка со дечкои се 9 години разлика па идат година и нешто,а јас со мојов сум 2 години што не се воопшто малку. Немој да се мислиш,најбитно е тебе да ти е убаво,не ги слушај другите,криј се ако мораш да се криеш,само памет во глава и ништо друго,ти посакувам среќа и се надевам дека ке ја донесеш најпаметната одлука за тебе и за твојата иднина.
Таман се А и спомна дека станува збор за мување,така што не се проблем.Инаку за врска не дека се проблем,само годините не се мерило на интелегенција,созреаност и сл ,за да може дечкото да исполнува некои твои критериуми,така што ќе имаш простор да констатираш дали би можело меѓу вас да има нешто повеќе од обично мување
7 месеци сум постара од него, што мислите за тоа, мене некако ми е глупо и онака машките се заостанатки па вака .. ??
Девојки ме молам за совет еден. Во врска сум скоро 8 месеци со девојка 6 години постара од мене. Имам 26, девојката 32, и морам да се пофалам дека ми е супер. Ама проблемот се тие околу мене, односно моите. На почетокот ја криев врската зашто незнаев како ќе реагираат, ама дојде време и дознаа на 4 месец од врската. Почнаа да ми кажуваат зашто е лошо за врска со постара девојка гледано од здраствени проблеми, како би можело да настане проблеми во бременоста и такви работи, што реално до некаде им држи вода муабетот. Таман се понадевав дека моите се навикнаа на разликите во годините и дека сум среќен со нејзе бидејќи девојчето почна да доаѓа кај мене дома, да си пие кафе со моите и слично, тогаш почнаа проблемите кај мене дома. Мајка ми уште не може да се помири со годините, и ми кажува како девојчето ќе ме прелажело, дека ќе направело се да ме заведе, се страмела да им каже на роднини дека имам девојка од 32 години, почна да се заканува вика ако планираш да правиш свадба нема да ме видиш на неа, и слични муабети. Девојчето ми има приметено промена во расположение, ама како да и го кажам овој проблем, како би изгледале моите во нејзини очи и како би седеле на иста маса. Имаме правено муабет дека додека финански не бидам стабилен, врската нема да иде едно ниво погоре, и истата се сложува за тоа. Дали некаде ја грешам работата со моите или со девојчето со тоа што си уживам ?!?!?!
Прво и основно имаш ни помалку ни повеќе туку 26 години, мислам дека си ДОВОЛНО зрел сам да си решаваш за твојата иднина. По ова што го пишуваш изгледа дека си мамин син! Неможе и несмее твоите родители да одлучуваат за твојата иднина, ако тебе ти е убаво со девојката и ако на неа и е убаво со тебе, нема никаква потреба од вакви муабети. За бременоста има решение, тоа не се секирај.. Ако си е девојчето ок со здравје, годините не треба да и претставуваат проблем има жени што раѓаат деца и до 40! А тоа што ти претат родителите воопшто не ми се допаѓа. Ако ви е на вас убаво... Терајте си и ич да не ви е гајле... А твоите прават огромна животна грешка ама тие си знаат... Годините не се проблем!
имаш 26 години, треба да знаеш што сакаш... јас имам другарка која оди со 21 година постар маж од неа, па што... си се сакаат, ако таа дозволуваше да се мешаат нејзините досега ќе раскинеше... љубовта не познава граници, ако ти е убаво со неа, нема што да ја слушаш мајка ти, биди маж и спротистави се, не дозволувај други, па ни твоите родители да раководат со твојот живот