Се е индивидуално и релативно...зависи од луѓето,од зрелоста,од околнстите...јас лично отсекогаш сум сакала да имам 5-6 години (па и постар) партнер,затоа што така се чувствувам поубаво,не знам зошто...
Прво поздравче за сите,а посебно заТанја6 ...Танје и јас се наоѓам во истаат ситуација но најверојатно поради предрасуда ке ја пропуштам шансаат После долга врска и такво раскинување и разочарување секое наредно искуство го гледам со недоверба,а ова сега тој е 5 години помал од мене,далеку од тоа дека изгледам постара од него ...тој има 26 многу е зрел за годините но јас гледам со недоверба и мислам дека кога претходниот инаце мој врсник не мислеше на женење овој ич...и не ни сакам да си даадм шанса,глумам лудило си правам филмови дека можеби сака само да си го пополни времето,а моето време не е за губење,па не сакам ни да пробам,а искрено веке три години како сум сама па од моите врсници и од постарите од мене немам сретнато ни еден нормален зрел човек..Танје ти посакувам од срце се најубаво,и се надевам дека и мене ке ме тресни нешто па ке почнам да верувам повторно во љубовта без да гледам помал постар
Моите родители се 14 години разлика Никогаш немало некои несогласувања поради годините.Годините не се важни во љубовта
уф, стварно незнам како да одговорам на темава. Не гледајте толку на разлика во години. ОК да постарите машки имаат доста проживеано па може се посериозни, но од мое искуство не гледам некоја огромна разлика, освен што не сум го приметила тој постариот да се врти по секоја цура на улица, а додека кај овие маливе на моја возраст тоа е како добро утро. Сепак се си е зависно од карактерот. И да е помал ако тој е карактер кој поцитува други луѓе, не вара, не лаже тој ке биде таков до крај. За тоа не се битни годините. е сеа па не да се претера и разлика по 15 години..за мене најубаво е до 8 год.
hihi,godinite ne se sekogas najbitni i presudni za toa dali vrskata e seriozna i za stapuvanje vo brak..ima nekoi so na 30 ili 30 i nekoja nemaat aber za zenenje a ima i maski na 25 so sakaat da se zenat..do karakterot e poveke negoli do godinite..eve deckomi e 5 godini pomal a toj saka da se zeni,a jas ne sum sigurna taka da ako deckoto stvarno ti se dopaga,pokusaj so nego
Искрено најдобра разлика во години ми е од 2 до 6 ...но поголема разлика од тоа не е бас добро. Тогаш имаш различни погледи на работите еве да речеме кога си ти 20 тој 28 не е којзнае каква разликата но како одминува времето мислам дека наидуваш на проблеми ти си помлада имаш време за забава .... на некој тоа време му одминало па мисли на брак деца ...едноставно позатворен тип на живот
Можам само да кажам дека никогаш не ме привлекувале и не верувам дека ќе ме привлечат помали од мене.Не ми е чудно или глупо кога се работи за други,но ете јас не можам никако со помал,до мене е по се изгледа А за постари,од моја генерација до плус бесконечност ,не најсериозно,би сакала до осум години некаде разлика. Досега,процентуално најзастапени ми се две години постари и моја генерација.
Јас и мојот дечко сме во врска веќе 1.5 година, тој е постар од мене 8 години и ни е супер. Никогаш не ме натерал на ништо, секгаш остава на мене да одучам дали сум спремна на било каков чекор, ме подржува и ме охрабрува во се што правам... така да мислам дека годините не се битни во врската (сега да не претераме со 20-30 год разлика) се зависи до човекот. Конкретно кај мене, баш поради фактот дека тој поминал низ се тој не сака мене заради нашата врска да ми се ускратат *лудориите* туку напротив ме охрабрува да уживам додека можам. А за врските помеѓу врсници , особено во тинејџерските години, сум тотално против! Како прво машките се страшно незрели, се однесуваат детинасто и со такви луѓе не можес да имас долга врска (освен ако бараш дечко за неколкудневна забава, тогаш ОК). А и да бидеме искрени една девојка од 18 години е многу поискусна од дете од 18 год кое што уште се пали на *Counter Strike* или што ти ја знам, така да јас лично не бискала партнер кој треба да го учам на секој негов следен чекор, или пак некој кој се лигави, трчка.... секоја жена сака вистинка машкост и сигурност покрај себе
Јас и дечко ми сме 3 ипол скоро 4 години разлика.Мала или голема .. ние се сакаме .. кај мене нема разлика во годините во љубовта
Хммм .. Разликата во години е еден битен фактор од градењето на една врска. Луѓето велат дека за љубов годините не се важни, но важни се за потребите што ќе ги имаат партнерите еден наспроти друг. Мислам дека не треба да има огромна разлика во години, но исто така може и партнерот од нас да е постар 5 години, но многу повеќе да не цени од друг што е наша генерација. Се ова зависи од карактерот на тој човек, неговите искуства, навики, потреби, а и пред се како ние сме се поставиле спрема него, дали како сериозна девојка или како некоја само за една употреба што би можеле да кажеме. Има примери каде што партнерите се разлика од 5-6 години, а сепак врската и нивните односи го достигнале највисокиот степен.
^^^5 години се ништо...во нормалните граници, мислам дека за разлика над 10, 15 години станува збор...тоа веќе е многу, различни ставови, потреби...
Мајка ми и татко ми се 7 години разлика па еве 30 години се во брак и досега не сум слушнала ни да се скараат ни ништо. Па сега проценете сами ; А јас и сопругот сме 4години разлика и досега е супер(да не се подречам)
od bivsiot bev postara godina i pol, no toa ne ni smetase, bevme zaedno dve godini, a i se odnesuvase pozrelo od mene, taka da godinite nemaat nikakva vrska
Возраста и не е баш пречка за врска, ама јас лично не сум за врски каде што има разлика поголема од 2-3 години. Некако не ми е соодветно...
Дечко ми е само една година поголем од мене и супер си одговараме. Искрено почесто се осеќам како да е многу поголем од мене, затоа што многу попаметно и поразумно размислува од мене. А немам ништо против голема разлика, затоа што баш мислам дека кога дечкото е повозрасен, ќе се однесува и позрело. Дедо ми е постар од баба ми девет години а имаат совршен брак,дури им се восхитувам како можат толку да се сакаат и согласуваат и на стари години