Јас ниту спомнав за убавина ни за нешто слично. Таквите грам мозок немаат.Како можат да одат со помлади,на што личи тоа ? Јас не ги навредувам жените и јас некој ден ке бидам на нивна возраст,ама не се понижувам со нешто такво.Дечко ми е од мене постар 6 години,а не јас од него.Се знае,мажот треба да е постар и крај. На ништо не личи тоа. Не можам ни да замислам мене нешто такво да ме снајде.Жал ке ми биде за внуците,а не за таа некоја си без грам мозок...Зошто? Бидејки таа ке им биде мајка и ништо не би можела да направам,сепак каква и да е,мајка е,а знам колу е болно некој да ти ги земе децата.Ама затоа ке се откажам.Не ги признавам за внуци и крај.После нема ни мама ни тато нека им помага некој друг,ако сакаат нека умрат мене ич нема да ми биде гајле. Ниту сакам да имам лоша свекрва ниту јас сакам да бидам.Искрено би ја сакала и почитувала снаата доколку е нормална,ама вакво нешто не.... Ова е мое мислење и никогаш нема да го сменам.
Сакаш да кажеш дека јас немам грам мозок? Не реков ништо лошо,не реков дека ке им направам нешто,ама после самите си знаат,од тој ден јас немам син и тој нема повеке ни мама ни тато,што и да им затреба нека тропнат на друга врата,нашата ке биде затворена за нив. Зарем да не може бе машко да си најде некоја нормална? Мора некоја постара?
Смајли22 те читам девојко и во многу се согласувам со тебе, ама за ова не си право. Не можам да се согласам. Која е разликата дали таа или тој ќе биде поголем ако веќе и двајцата се во своите зрели години? Каде пишува дека тој мора да биде поголем од таа? Од каде сега таа дикримација која буквално нема врска, па спомнуваш дури и откажување од деца , внуци , предалеко отиде.. Е мила смајли ние баш се спремаме за една таква свадба на едни блиски и мили пријатели. И знаеш колку се среќни и заљубени? - Не можам да ти опишам, им се гледа во лицата,блескаат и двајцата. Девојката е бремена и со нетрпение си го очекуваат малото. Ама па немој случајно само да си го направила, за да го земе Не суди без да знаеш како е. Што ако син ти е со некоја 4 година помала, а таа психички го малтретира , му прави тортури, не го остава да дише, едноставно не се среќни? Среќата пред се, а годините , ама ич не се битно!
Нека прави кој што сака и како му е убаво,нивни живот,нивна одлука. Знам предалеку отидов,ама уште сега знам не дај боже да се деси такво нешто ке бидам многу повредена.Знаш што значи сопствен син да те батали за некоја проста од улица? Некоја ненормална повеке да ја сака и почитува од мајка му?.....
Чекај малку сите што се противат на ова се постари и имаат или имале нешто со помлад дечко? Веројатно е така бидејки толку се буните. И колку да се докажуваме сите си имаат различно размислување и став,така да нема корист тука да се препукаваме,бидејки ова нема крај.Кој како сака нека си прави.Јас си кажав тоа што имав.
Сум постара, и не, никогаш не сум имала ниту сум сакала да имам нешто со помал од мене (зборувам за повеќе од година-две помал). Сум ги гледала како деца и не сум можела да се замислам со некој од толку различна генерација. Истото важи и за повеќе од 3-4 години постар. Но, тоа не ме спречува да кажам дека е глупост заканата за откажување од своето сеуште неродено дете од оваа причина И што ако неродената ќерка се заљуби во помал? Тогаш таа ќе биде дртава распуштена никаква ненормална уличарка?
smiley22 сеуште нема деца па затоа и така размислува...Кога ќе стане мамица ќе свати дека среќата на нејзиното најмило е најбитна па и другачие ќе размислува...Познавам многу парови каде жената е постара па и до 6 години и одлично функционираат.Повеќето од нив се и во брак...Јас лично од секогаш сум сакала постари мажи...Но тоа не значи дека сум против ..Напротив, јас сум секогаш едно големо ,,ЗА ,, се она што нам не прави среќни..Ако тие се среќни и постои љубов, сите коментари од страна се вишок...
Проблемот не е во разликата во години меѓу партнерите.Годините не се гаранција за зрелоста на една личност.Битно е родителското воспитување,социјалната компонента и животното искуство.Може да станува збор и за врсници,па врската да не успее или сопругот да е повозрасен,а сопругата помлада,како што е најчесто,па да нема меѓусебен договор и да дојде до разделба.Но,според вас пресудно е машкиот пол да биде повозрасен.А за успешна врска потребно е разбирање,доверба и толеранција.Јас сум 8 год.помлада од партнерот,што не е малку,па моите одлуки се посериозни и помудри од неговите,иако има поголемо животно искуство од мене.Тој е свесен за тоа и признава дека е така,па затоа и се консултира со мене кога треба да донесе одлука за нешто.Проблемот е во тоа што мајките ги знаат слабите страни на синовите,па се плашат некоја повозрасна,а совесна и мудра жена да биде дел од семејството,мислејќи дека ќе го процени за брзо време,па според нив ќе владее со него,односно таа е таа што ќе биде "командант"во куќата.Не можам да се изначудам на размислувањата
Еве девојко шанса лично да ми објасниш зошто јас се понижувам и немам грам мозок што имам дечко помал од мене 6 години? Од каде тоа се знае и мора да е дечкото постар? Има правила, некаде е запишано дека мора така да биде? И те молам кажи ми, ако утре јас и стапам во брак со него од каде тоа дека нема да бидам нормална снаа за мајка му? Со цела должна почит, ама девојко многу си разгалена и своеглава. Животот е чуден, немој да осудуваш, зошто не знаеш што може да ти донесе моментот. И радо би имала јас снаа и 20 години постара од син ми, него разгалена мамина маза на која главна преокупација ќе и биде осудување на туѓи животи. Нема смисла навистина, се надевам свесна си дека тресеш. И патем, времињата се други, генерациите се напредни... Никогаш не сум ги судувала паровите со големи разлики во годините од причина што знаеме дека љубовта е слепа и стварно е. Ама кој не доживеал може само напразно да вади заклучоци....
Еве мојата прва девојка беше постара од мене 7 години,и замислите која среќа сум имал,мајками не се откажа од мене,чудно нели?
Чекај,која си ти да ме навредуваш и така да ме навредуваш? Нема да објаснувам на некој што не може да сфати.
Баш ме интересира што ти имаш да и објаснуваш на Ирелевант да свати? И што она треба да свати? Па таа си е среќна и вљубена...И посакувам се најубаво дали бил 6 години постар или помал..Најнебитно...А за навредите прочитај си ги постовите твои погоре...
Кога сте во 20-тите, разлика од 5 е многу, во 30-тите, разлика од 10 е многу, во 40-тите, ралика од 20 е многу. Е сеа, кој кај си се наоѓа :geek:
Ако имаш млад маж ќе се чувствуваш помладо и ќе се трудиш повеќе да изгледаш убаво..Ете една убава предност..Со текот на годините и животното искуство кај една жена, размислувањето се менува...Се повеќе предност имаат младите мажи..
smiley 22 јас имам другарка која оди со постар маж од неа 21 година... ај кажи ми дали тоа личи или битно постар е? е сега во врска со темата, јас лично не би била со маж помлад од мене, ама немам ништо против тие парови, штом ти е убаво, терај... годините се само бројка, ништо друго, ни се показател на зролост, ни на ум, ни ништо... некој од 20 години е повеќе зрел од некој што е на 35 години... секое тенџере си има свое капаче, можеби баш тоа е твоето капаче, дечкото помлад од тебе некоја година, затоа и ги подржувам, секој со својата среќа...
smiley22 напиша:Полошо од тоа девојка да е постара од машко нема.Повеке иде малечка со постар.И машкото треба да е постар,од 4-8 год. најмногу. Smiley 22 ова во кој член е од Законот за семејни односи? Не сум го видела до сега овој член каде се обврзуваат мажите колку да се постари од жените...