Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разлика во години

Дискусија во 'Врски' започната од Bright, 25 ноември 2009.

  1. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    smiley 22 знаеш каква разлика се примеќа во толкава разлика, девојката има 21 година, а тој 42, тој веќе за женење, таа можеби не сака, а сега е претисната поради годините на дечкото, замисли како би било имаат дете од 20 години, тој 60 и нешто, и знак прашалник е дали тој ќе види внуци... таа сака да шета, на него сето тоа му е иживеано... ете јас и маж ми сме разлика 4 години, и знаеш каква разлика осеќам, голема... а и зошто да не е девојката поголема, ако се среќни двајцата и ако се сакаат?
     
  2. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    6.952
    Пол:
    Женски
    Сите со свои мислења,ставови...
    Ете пример јас(не велам никогаш) :!: но не би фатила дечко помал од мене...
    Па овие постариве немаат памет а не па помлад и што?!Со дете 15 годишно ќе се расправам?!Нема шанси...
    Ете пример ок е девојката да е 1 до 2 години максимум постара бидеќи ете според мене јас вака би ја гледала разликата доколку би одела со дечко помал 5 години од мене-Јас имам 25 тој има 20...Јас сум спремна за мажење тој е уште дете...Јас правам 28 тој прави 23 тој сеуште е мал не му ни доаѓа на памет за женидба а ме влечка веќе 3 години а мене ми одминува времето...Си поминува уште една година,две јас колку и да се трудам да изгледам помладо да се негувам да прам триста матании тоа е чиста природа тој ќе сака нешто помладо,крцкалче и после што?!
    За џабе сум си го потрошила времето,нервите,соновите за заедничка иднина..
    Ова според мене..Сепак секоја чест на исклучоците што успеале да ги задржат своите помлади мажи покрај нив! :bow:
     
    На london-girl и baby-star им се допаѓа ова.
  3. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.908
    Потполно се согласувам Beyonce.
    Не знам зошто упорно се расправате и докажувате,кога на некој не му се допаѓа разлика од неколку години каде женското е постаро.
    Лично и мене не ми се допаѓа и одвратно ми е.
    Гирл 24 не докажувај дека некоја од 35 ќе изгледа подобро од 20 годишна,зашто во пракса тоа е еквиваленто на нула.
    И годините не се само обична бројка,во реалноста имаат и те какво значење и толкава разлика се осеќа и кога и да е ќе пукне на површина.
    Како што кажа Beyonce некоја колку сака нека се тинтра и дотерва,ма и чуда да прави годините не може да ги скрие,башка што машките одат со постари ради сексуално искуство,ретко од љубов.
     
    На london-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.564
    Пол:
    Женски
    ^Сакаш да кажеш дека сите што се во брак со постари жени од нив и што тој брак трае со години и притоа имаат деца и нормално функционално семејство со таа жена се само за секс ?!? Од сите глупости на темава оваа и изјавата на смајли дека ке се осткаже од синот се убедливо најступидни !!

    И да стојам на ставот дека во поглед на надворешниот изглед има возрасни жени над 30 години кои и тек како изгледаат физички 100 пати поубаво од некоја 20 годишна ранета со амерички батаци и сендвичи од 7 ца. Од каде извади дека во пракса е еквивалентно на нула стварно не ми е јасно,или битно е да се каже нешто.Ако така гледаме демек мажите не ги стига времето.Тие не стареат не млитавеат па само жените се оние кои ги навасуваат годините.

    Не знам како можете да бидете толку ограничени и со предрасуди.Запишавте негде дека треба да биде од 3-8 години постар дечкото од девојката ? Еве за мене 8 години се многу и што сеа.Утре керка ми ако реши да се мажи со некој кој е 8 години постар од нејзе треба да се откажам од нејзе затоа што јас сметам дека тоа не е во ред. Бре !!
     
    На Nausicaa, Slatkic, duffi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.908
    ^Ако ти е глупава мојата констатација,мене искрено ми е уште по трагикомична твојата изјава дека нема ништо лошо во тоа да во врска се едно 20 годишно дете и 35-40 годишна жена. :swear:
    А за тоа дека ваквите семејства се многу функционални и во тоа не сум убедена,зашто разликата си го прави своето. :x
    И дај еднаш престанете со тие констатации дека ако вам не ви се допаѓаат мислењата и ставовите на другите,по дифолт вие сте паметни,а ние заостанати и полни со предрасуди.
    Свашта :wasntme:
     
    На london-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Пак само да кажам (иако повторувам дека не сум лично засегната): муабетот не беше за 20-годишно дете со 40-годишна жена, иницијално се работеше за 5-6 години разлика.
    Знам два вакви брачни пара, и сосема добро си функционираат (луѓе во свотите доцни 30ти години и рани 40ти).
    И да, 8 години постар маж ми звучи премногу.
     
  7. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.564
    Пол:
    Женски
    А не е предрасуда и осуда за некој да кажеш дека ти се гади од неговите постапки,дека на некој му фали нешто затоа што не одговара на вашите критериуми и замисли,затоа што не се води според вашите ставови?!?

    Ако нејкете некој да ве каратеризира како заостанат и полн со предрасуди ко за почеток немојте ни вие останатите да ги карактеризирате како такви. Или лесно е на туѓ Петко капа да се крои и да се дава оцена за неговите морални и етички вредности.

    Пффф мажи се порано да не си стара мома,рагај деца порано пошто ке бидеш стара мајка , фати постар дечко затоа што некој таму смета дека си десна рака на сатаната и искорисувач на младо месо ако си со некој помлад и така натака и така натака.

    И крај краева се се сведува на тоа какви цели имаат за иднината тие двајца луге без разлика во какви старосни граници се.Не за друго нигде не е пишано правило дека ако е постар од тебе ке те земе за жена пошо нели дојдено му е времето за женачка исто како што нигде не е пишано дека немаш иднина со некој помал од тебе само затоа што е помал од тебе.
     
    На julie77, irrelevant, duffi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.908
    ^Искрено сакам да те разберам,ама не можам да те сватам.
    Ако ти имаш помал дечко од тебе,тоа е твој проблем и јас никаде не напишав за мажење или деца или пишуваш тоа што ти сакаш да го кажеш?
    И дај молим те престани веќе со тие предрасуди,ако си многу либерална е твој избор,ако јас сум конзервативна е мој избор и нема што да докажувам на некој кој е длабоко убеден во својата констатација како таква и единствено точна.
     
    На london-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    Не е до тоа дали некој е либерален или конзервативен (ко да се караме за амерички партии, бре работава :lol: ) туку секој треба да биде слободен да си го следи срцето, без притоа некој да дискриминира од страна, да фаќа сеир, да мрчи... зошто да не се лажеме, како што има погрди називи за девојките што имаат помлади партнери, такви називи има и за оние девојки што одат со постари
     
  10. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Секое семејство си е индивидуално без разлика на разликата во годините...Не се тие мерило...Само факт е дека се во поголем број се постари девојки и помлади мажи...Љубовта нема граници...И јас порано имав предрасуди, но животното искуство си го прави своето...
    Може секому да му се случи...Ние сме луѓе со крв и месо, а не програмирани роботи...Најлошо е кога животот го управуваме според мислењето и предрасудите на останатите околу нас..Зошто тоа го правиме?Самите себеси се потценуваме и патиме, за другите да зборат убаво за нас..Па тоа е тешка глупост...Зарем една девојка погоре што пиша дека има помал дечко 6 години и дека е среќна со него треба да раскине дека е помал, за сите вие тука ја оправдате..И што на крај добивате со тоа? Ништо..
    Разликата во години не е неморал, не е предавство, не е уцена, не е неверство, не е срамно за некој да се срами...
     
    На julie77, irrelevant, SuperGirl24 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.564
    Пол:
    Женски
    Веке кажав дека сум во врска со дечко постар од мене 5 години а впрочем и предходно никогаш не сум била во врска со некој помал од себе.Но тоа не ме праи релевантна да ги судам останатите кои имаат поинаков избор од мојот,нешто што ти го правиш.Не сум либерална само сум човечна и не се дрзнувам да ги судам и потценувам тугите избори и одлуки.

    Немој ни на момент да се лажеш себеси и да се криеш позади конзервативното убедување(кое впрочем во случајов не е никако релевантно) туку едноставно како и многумина одбираш да судиш и да плукаш по различното од тебе.
     
    На eloves, irrelevant и Nausicaa им се допаѓа ова.
  12. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.908
    ^Значи ти се најде компетентна и релевантна да судиш за мене дали сум или не сум човечна,само затоа што не ги сакам и не ги оправдувам врските со помали дечковци?
    Браво за тебе,мислам кога веќе ти се дрзнуваш да пишуваш и тоа што треба и тоа што не треба ќе ти возвраќам исто.
    И сто пати ќе ти кажам,немој да се мислиш ич за другите како мислат,кои впрочем не се усогласуваат со твојот екстра либерален начин на размислување.
    И воопшто не се кријам зад конзервативниот начин,туку повторно ти пишуваш онака како што сакаш да чуеш.
    И ај ти се молам,не реплицирај :swear:
     
    На london-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.564
    Пол:
    Женски
    ^Разликата мегу мене и тебе не е ниту човечноста ,ниту либерализмот,ниту конзерватизмот туку личниот став да не го бутам носот кај што не му е местото и да си земам за слобода тугите постапки да ги мерам според сопствената вага. Штета што не сфакаш. ;)
     
    На Nausicaa и danielka0507 им се допаѓа ова.
  14. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Едно е личен став, а друго е осудување и предрасуди..Треба да се разграничи...
     
  15. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    6.952
    Пол:
    Женски
    Значи доколку на некој му одговара некој не мисли така!Сите со своите ставови...
    Значи како што бејбистар нема да ја разбери супергрл така и обратно...
    Значи бејбистар си кажа дека на НЕКОЈ не му се допаѓа разликата во години(женско поголемо)
    Значи само се осудуваат туѓи мислења како неправилни како нечовечни...Затоа е форум,олабавено малку сите сме тука за искажување на НАШИТЕ ставови и мислења...
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bile15

    Bile15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    38
    Секој со своите мислења и ставови.Јас имам дечко од мене постар 6 години,не би била со помал,но не ис со мноогу постар,но кој како сака и како му е убаво така нека си прави.Немам ништо против,кој сака нека оди со постара жена,кој а со постар маж,нивна одлука,нивни живот.Сепак,мое мислење е дека до 10 треба да е границата,дури и тоа е многу.На пример 20-25 год. разлика е премногу и мислам дека таквите врски/бракови не успеваат.
     
  17. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    По мене нема многу разлика во тоа дали тој или таа е постара.
    Љубовта некогаш стварно нема граници. Но никако не ми е прифатливо кога ќе видам девојка со свои 20 години како е во врска со некој 40 годишен. А истото го мислам и кога ќе видам девојка т.с жена со 40 години со некој со само 20 години. Не личи на ништо.
    Не личи ни кога едниот е 20 а другиот 30 години.
    А девојка со 25 години ако е со маж со 35, навистина нема ништо страшно. Нема лошо ни кога девојка на 30 години ќе се омажи со некој од 40 со дете. Значи таа е жена која може сама да носи одлуки и ако мисли дека може да прифати дете, зошто да не. Сепак, ако мажот останал без жена не значи дека тој е виновникот, можеби првата жена не му се погодила, била некоја што не е за дом и семејство, а можеби тој сакал и цел живот да е со нема, ама ете за жал починала, тоа дете не е виновно а ни тој родител ако е со памет можеби и ќе си ги бидне.
    Нема лошо ни ако таа има 35 години а тој 30, помал е, ама па таа разлика е дури неприметлива.

    Сепак, се што е разлика до 10, па и 15 години е прифатливо, но повеќе не е.
    И секако се зависи толку се личностите зрели. Никако не е во ред 15 годишно девојче и маж од 25 години.
     
    На SamJo му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски

    Другарка ми раскина со дечкото. Тој не можеше да го издржи притисокот од родителите и околината....најмногу за тоа дека таа е стара и дека нема да може да раѓа, а тој сака да има деца....
     
  19. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Јас оваа реченица
    не можам да ја сфатам и не можам да ја перципирам и сметам дека не е главен причинител за раскинувањето. Љубовта не познава граници, но што е тука е. Можеби дечкото не чувствувал доволно љубов спрема девојката, па тој потклекнал на зборовите од родителите и раскинале. Според мене мислам дека родителите тука имале најголемо влијание врз него. Доколку ја сакал тој девојката ќе се спротивставел на секаков можен начин. Без разлика на се останато. Како и да е, на денешницава се нешто ќе видиш, ќе чуеш и жално е тоа што им се мешаат родителите некогаш на децата. Тој како што пиша има над 35 години, богами и не е така тинејџерски настроен. Можеби така требало да биде така било пишано.
     
  20. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    MIA, може ќе бидам офтопик за темава ама другарка ти се спасила, и сега ќе може да си најде некој кој ја заслужува и кој ќе ја сака поради неа, а не според нејзината `плодност`... Сем тоа, денеска се повеќе жени раѓаат и откако ќе ја поминат четриесеттата, така да никогаш не се знае, може за некоја година и она ќе се гушка со бебуш :) Следно, апсолутно се ми гади од такви мажи кои цел живот се зезале, е*еле жени, не ги фаќало место и сега кога се свестиле колку е сатот, ќе бараат некоја (обично многу помлада) на која после неколку месеци врска ќе и накалемат бебе и они си свршиле работа, оставиле потомство и додека жената седи дома и чува деца они пак ќе си се вратат на стариот живот и аздисувањето...
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.