Здр феминки еве јас од мојот дечко сум 2 год постара и нема никаква пречка мислам ако се има лјубов почитување разбирање др не е важно.
Твојата разлика во години е прифатлива, но се зависи колку години си ти а колку е дечко ти. На пример ти да имаш 20 а тој 18, не оди, се зависи и до карактер ама машкото ако е некое нестабилно детиште тоа не е во никој случај за девојка од 20 години. Но ако има тој над 22 години, и ако е созрејан ако жената е година две постара никаков проблем нема да има.
важно е у однесување и размислување ве делат неколку светлосни години ама не е многу, само неколку пошто си затрескана тешко ти да го увидиш тоа али онака од страна
Девојки, би ве замолила за совет. Запознав еден дечко со кој се што правам ми е убаво, само што уште не дошло до бакнеж Само има еден мал проблем од кој се плашам. Тој е 9 години постар од мене и многу ме плашат годините. Незнам веќе како да размислувам за целата ситуација
Со оглед на тоа, дека имаш 19год, таа ралзика воопшто не е голема и нема зошто да те плаши. Доколку уживаш со него, убаво ти е нема зошто да не го претвориш сето тоа во врска. Пробај неможеш ништо да изгубиш.
Девојко зарем треба некој да прашаш? Ако тебе ти е убаво со него терај и гајле да си немаш,тури им пепел на народот,тој секогаш ке збори и добро и лошо. Имаш подршка од мене поздрав
Ако не чувствуваш ништо спрема него тогаш не се впуштај во никаква врска со него. Сега не, но потоа ќе се осети разликата како и да е. Незнам, на тебе е да одлучиш ама мислам дека 9 години е доста голема разлика.
Размисли убаво. Ти имаш само 19 години и сеуште ти се шета. Размисли дали си од тие девојки кои иако се млади сепак можат и сериозно да размислуваат за брак. Бидејки ако се заљубиш и се биде во ред со вас рачунај дека за година две тој ќе сака и брак и деца. А дали и ти истото ќе со сакаш со само 20 години. Размисли дали ќе можеш да се одвикнеш од девојачкиот живот и да биднеш жена некому. И секако добро запознај го дечкото дали тој е сериозен или сака само авантури. За авантура е во ред, но ако е сериозен размисли дали и ти си доволно зрела и спремна за таков чекор.
Се што кажа dushiche е на место, не знам зошто ја прозвавте дека е душебрижник Не е занемарлива разликата од 9 години особено кога таа има 19 а тој 28-станува збор за различни приоритети и планови за иднина!
Ја мислам да си пробаш,да провериш терен како е и што е.Па не вреди утре да се каеш зошто не си пробала секако ако ти значи типот и ако стваарно сакаш
LadyEnn јас сум во слична ситуација, само што не се 9 туку се 7 години разлика, иако мене и тие ми се чинат многу... со типот сум веќе извесно време и засега ми е ок, на почетокот ми беше многу тешко, и ја како тебе не знаев како да размислувам бидејќи сум млада и тек почнувам со нови предизвици, додека тој има искусено доста, но кога решив да прекинам сфатив дека можеби треба да си дадам шанса и да видам како ќе иде, сепак имам 20 години, ако не биде ништо со него, животот носи нови искуства. Ако навистина ти се допаѓа и се чувствуваш убаво кога си со него, пробај и види како ќе ти биде. Се надевам дека барем малку помогнав.
Јас со мм сум разлика 5 и пол години. Преубаво ни е и сметам дека таа разлика е одлична. Според мене љубовта не познава граници.
годините не се битни, битна е љубовта....ама таа разлика да не е огромна, да се има некоја граница, баланс....неличи некој 50 годишен со 20 годишна на пример. до кај 10-12 години има толеранција ама понатаму мислам не, моите родители се разлика 9 години и иматт доста добар брак и функционираат одлично и ден денес.... љубов тоа е тоа, не познава граници ни правила, едноставно се случува
Voopsto ne se plasi tie maski barem znaat da cuvaat kolku e postar po sozrean e ,maskite sozrevaat pokasno teraj da ti e ubavo
Проблем е, доколку тој е 17 години а таа само 12. Тоа е голем проблем. Ама после 18 ка и нема голем проблем.
Мислам дека годините не се битни ,љубовта е битна . Но сепак мислам дека не треба да има некоја многуу голема разлика . Бидејќи тој можеби ке биде зрел за деца и за брак а ти не
и после нека каже некој годините не се битни битна е љубовта е како да не ма не Kавали и свети Kавали да е.....се ужаснувам од сликиве и од помислата а има милиони вакви примери. Tреба да се има пред се некоја толеранција и граница. Eве како изгледа разлика во години