Како и да е Makedonkamak ова со Кавали се гледа дека не е љубов, туку нешто друго . Нема врска... зборот ми беше дека на пример како што спомнав и јас сум во неодамнешна врска со 7 години разлика. Засега ми е ок, но се уште не можам да се опуштам, постојано мислам на тоа, дека тој е многу позрел од мене, посериозно си ги сфаќа работите и сега на пример и воопшто да не размислува за брак и др, јас на пример не планирам ни во наредните 2-3 години да се омажам, а тој веќе ќе биде печен , иако во животот некогаш не е како што планираме. Значи секој ден го размислувам истото, убаво ми е со него, стварно ми се допаѓа, сакам да останам со него, но секогаш има едно 'ама', од друга страна размислувам да прекинам за да не си губи време со мене. и не знам до каде ќе одам така... ех што сум будала
Не гледам дека разликата во годините, ако машкото е помало би требало да е проблем. Кај нас тоа е нешто wooow, посебно ако живееш во помал град. Не гледам причина за таква реакција. Искрено, имав врска 9 години, со постар од мене 1 година, сега сум во врска со помал од мене 2 и пол години. Знаете која е разликата? ОГРОМНА!!! Значи секој си е индивидуа за себе и неможе да се суди по годините. Не викам дека со бившиот не ми било убаво али со овој е далеку поубаво, плус он се однесува многу позрело од мене, иако е помал (ако мислите дека годините имаат некоја врска, тогаш дефинитивно не сте во право). Доколку вие се сложувате меѓу себе, имате разбирање, тогаш не гледам причина зошто годините би биле проблем.
Mоментално се гледам со дечко кој е една година помал од мене и воопшто не изгледа чудно зошто би било, можам да кажам дека е позрел и поодговорен од мене.
Сестра ми била разлика со дечко и цели 3 години (таа е поголема) Леле мајко кога дознав. Добро немам ништо против да е тој поголем, пет години да е поголем не ми смета, ама сестра ми.. Ама ајде ако се сакат, нека си бидат среќни. Не се мешам јас.
Годините се само бројка и брат ми има женска шо е постара цели 2 години од него,па што? Супер им е! Туку тука кај нас у метрополава,ова се затуцани работи,неоправдани,и недозволени! Кога ја има љубовта,останатото се посерени околности
Според мене и до 10 години разлика не ми смета.( Секако машкото поголемо да е ). Никогаш не ми сметале годините. Еве со дечко ми сме 5 години разлика, супер си се сложуваме.
ние сме 3г.(речиси 4) разлика,ама и не се примети многу.Јас на 18 размислувам повозрасно него он на 21.
многу влијаат врз врската доколку се работи за поголема разлика. негативни потенцијални ставови од страна на барем едното семејство од младите и доволно е да се појави пречка за понатака.
Значи зависи за колкава разлика во годините зборуваме. На пример дали деовјче од 13 години може да и успее врска со некој од 20 години? Секако дека НЕ. Зошто? Затоа што девојче од 13 години уште несозреано да кажам и е интересно да шета со другарките преку ден, да си седи на фејсбук и излегувањето навечер на пример и е дозволено до 00:00 максимум. А додека дечко од 20 години сигурно дека несака цел ден да дреми на фејсбук и да се лигави со другарите, веќе е полнолетен и може да излезе и остани до колку сака. И секако сака девојка со исти размислувања како неговите за подобро да се разбираат. И оваа врска ќе има многу проблеми, љубоморење ( највеќе од женската страна) и нормално е дека ќе пропадне. А ако девојката има 20 години а дечкото 27 тоа е веќе друго. И двајцата се полнолетни и имаат ако не исти барем слични интереси и мислам дека повеќе ќе можат да се разбираат.
рече педофилот и влезе во градинката ! малце црн хумор се е ок ама мене не ми е сватило бре разлика од 20 години на пример ! Она млада ко солза еве 25 нека има а тој бре 45 ! Она тек ќе преживува некои нови ситуации што се вика а тој се видел во животот , не ми е сфатливо и никогаш нема ни да ми биде
Black Angel Me насмеа со ова педофилот...Инаку љубовта не познава граници ...Али не да биде претерано ко што рече Black Angel ...
Што има врска годините... само ако се од иста вера јас лично сум 19 па не би ми било проблем да бидам со некоја што има повеќе(машко сум) ..
Не би ти пречело да бидеш..еве на пример со некоја од 30 години? Ти допрва имаш уште многу да видеш од животот,а на таа ќе и биде време за мажење.Па ако си го упропастиш животот во најубавите години..незнам друго што да кажам.
Па ако е 30 не е 90... јас сум поборник на тоа дека е секоја е супер ако не планирам да ја оженам... Добро сега... да не биде повеќе од 36,да има минимална убавина..
па тука и нема некоја голема разлика има разлики од по 20 - 30 год тоае разликата а од 10 до 15 и не е мн
Од искуство, сум била и со 15 год. постар во врска и со 5 години помал. сега мм е 4 год. помал од мене. И едното и другото си имаат свои добри и лоши страни. Но од денешна перспектива најдобро е со врсник или +/- 2-3години бидејќи заедно ќе си одите рамо до рамо низ животот. Постарите веќе имаат доживеано прва љубов, можни се и деца од прв брак итн. искуство да не кажувам, секогаш ќе се однесува кон вас како заштитник, а не како партнер, комплицирани се тие ситуации, посебно за млад човек без разлика дали е дечко или девојка.
Како не е многу 15 години разлика? Посебно па девојчето да има 17, тинејџерка, тек започнува да живее, уште средно нема завршено, дете е уште, а дечкото 29 години, цел маж, поминал што не, и веќе треба фамилија да гледа. Како ќе градат врска тие двајца? Што заедничко имаат тие две личности? За што ќе прават муабети? Она ќе му кажува како професорката и' ставила 4, наместо 5? Или како другарка и' се начукала во петокот вечерта? И на него интересно ќе му биде да слуша. Баш убава врска ќе си имаат. Мене ми е одвратно тоа. Јас не знам како на еден 30 годишен маж му е интересно со мало девојче. Тоа никогаш не можев и нема да го сфатам. Ма не ни сакам да го сфаќам, не се ни трудам. За мене тие ми се неизживеани сељаци што не можат да се носат со девојка на нивна возраст, имаат комплекси на кило, немаат самодоверба, па ајде сега ќе вртиме мали девојчиња, зашто само со нив ни се може. Сите вакви што ги познавам се баш сељак до сељак. Кој, како сака нека ме сфати. Нормална, здрава личност од скоро 30 години нема ни да помисли да погледне девојче од 17 години. Таа за него треба да биде дете, а не да ја гледа како потенцијална девојка. Мислиш тој ќе ја чека да заврши средно, да заврши факултет, да најде работа, да се изживее, да се оствари како личност па тек тогаш да се земат? Како да не, сигурно дека ќе ја чека, верувам. Според мене 15 години и тоа како е голема разлика. Небитно на кои години. Да речеме жената има 35, во најубавите години, а маж и' има 50. Знаете која разлика е тоа? Тој е веќе за разлика од неа дедо. Да бидеме реални. Не ги гледајте во Холивуд мажите на 50 што изгледаат како да имаат 30. Ова е Македонија и реално многу малку можат да се пофалат со младешки изглед. Тука баш напротив, маж од 50 може да изгледа како 60, а не помлад. Туку и девојчињава не ги сфаќам. Наместо да уживаат во животот, да се изнауживаат во младоста, тие со мажи 10, 15 години постари од нив се расправаат кои лечат комплекси на нив, па после им забрануваат се' и свашта. Не знам што да кажам. Еве искрено и реално мислење базирано на сопствено искуство. Се согласувам целосно. Не знам само зошто повеќето кои имале искуство со постар од нив, не признаваат дека едноставно не е тоа-тоа. Се лажат самите и се оправдуваат. Не викам дека и тоа нема некои предности, можеби има, ама тоа е на помлади години и на почеток, негативните работи тек понатака се приметуваат, на постари години.