Јас мислам дека е ок врска иако има голема разлика во годините, ако на нив не им пречи тоа кој сме ние да судиме, некој имам сретнато на 40год па сеуште незрело размислува а па некој уште на 20 години знае што сака од животот и се стреми кон таа цел, затоа неверувам дека годините имат нешто пречка туку само каква е личноста, каков карактер, сега нормално не оправдувам педофили ама секој на 18год има право и мислам веке е способен да одлучи дали сака таква врска(со постар) или не..
Имам едно прашање. Моја братучеда запознала човек постар од неа 18год. Сака да биде со него. Тој бил слободен, немал деца. Тој и понудил, таа веднаш прифатила. Би сакала мислење од ваша страна. Што се однесува до мене, мое мислење, ако го сака нејзино право, ама сепак мислам дека 18год. и не е така мала разлика. 10 ај да речиме, ама 18... Како и да е секој има право на свое мислење. Бакнежи до сите феминки!
Хаха ах бе ова ти се неостварени сексуални фантазии,каква љубов,каква разлика во години. Ти си уште не си зрел како прво,ќе видиш подоцна дали ќе бараш помлада или постара да те видам. Секое машко има сексуални фантазии со постара жена,само не знам зошто,зошто мислите дека ако е постара,е поискусна?Тоа нема никаква врска,се зависи до човекот.Затоа не лупетај тука многу по форумов и барај си младо девојче на твои години.
Жени берете памет со овие постариве избраници. Животниот век на мажите е пократок, па поголеми се шансите дека побрзо ќе станете вдовица... just sayin'
нема врска де, после тоа си сретнуваш типац како badboy7 кој се пали на постари односно повозрасни жени и си продолжуваш со животот..нели...циклус
Точно. :up: И мене на пример воопшто не ми е проблем да се пребацам на свежо мевце И ете, така сите среќни .
Лесно е да кажам за други дали е во ред таа разлика во годините или не, ама кога би се нашла јас во таква ситуација... оп некако угорнинка ми е.... (значи кога се работи за младо лице) Па верувам дека и за сите е така, кога се работи за некој друг ќе осудувате, ќе одобрувате ама кога е за себее..... само овааа ќе си речиш Е доколку се работи за постари лица исто со поголема разлика во годините, подруго е мое мислење ете
Јас имам познаник што има 30 години, а јас 24 години. 6 години разлика. Ама со 30 годишник неможеш да се зезаш, да се отпуштиш и за др. теми да правиш муабет отпуштено без да внимаваш на речник. Нив тоа им е више монотоно и го поминале. А не дај боже врска да имаш. Нема да се најде заеднички јазик, треба многу пазење да не се залетуваш. Неможеш да го прочиташ бидејќи тие години ти со прв ќе ги доживуваш. Јас повеќе би рекла НЕ за таков контакт отколку ДА. Што да си барам со таков кога од сериозност нема да искочи. Таков човек си бара женачка, си бара пари и самостална девојка. Што е многу многу е , иако велат дека годините не се битни но сепак многу е. Мое мислење си е.
Аман бе луѓе кога ке сфатите дека не е до годиние до карактерот е. Па и јас имам 28годичен дечко , и да,можам и да се зезам, и да се забавувам и да излегувам и да се опуштам. Не зборувам за голема разлика , ама 7-8 години, па и не е толку страшно. И моите имаат толкава разлика, па имаат супер брак. Излегуваме и со моето друшто и со неговото, и немам приметено некоја драстична разлика. Незнам зошто вака размислувате и до кога со овие стереотипи. И не, не се плашам да не останам млада вдовица, што ли нема човек да прочита.
Јас сум истата разлика со дечко ми, јас сум 24, он е 30. И во право си за тоа што го кажа, ама јас со него сум од мои 17 години кога он уште лудуваше и заедно созреавме. И супер ми е со него сега. Не е толку разликата во годините битна, него по колку години имате. Кога јас бев 17, а он 23, беше будалетинка ама и тогаш ми делуваше ептен сериозен. Кога јас ќе имам 50 а он 56, воопшто нема да е битна таа разлика.
duffi и Spidy тоа што го кажувате е сосема во ред, тука нема ништо дискутабилно, бидејќи тоа за мене е во граница на нормалата, но кога станува збор за огромни разлики како што претходно кажа black-angel: е тогаш нешто не штимаа...
Јас велам: НЕ! Ако дечкото е тој што ја брка девојката, не би било лошо да биде пријавен во некоја соодветна институција а доколку девојката е таа што се затрескала, нека размисли какви заеднички интереси и теми на муабет ќе има со возрасен маж додека самата таа е уште дете.
И брат и сестра да се велам не а не па нешто повеќе Зарем постојат такви машки кои бркаат и малолетни и тоа ептен малолетни
А што велите тој 25 - таа 35 ))) за него тоа е престиж, еј да се има постара девојка...ама за нејзе неможам да ја разберам да се бакнува или па ........со дете ) простете ми, разликата е голема