Една роднина 26,маж и скоро 50,разлика 24 години.А кога се земаа читај тајно,таа имаше 21,тој 46,имаат 5 год дете,инаку не е ниту убав ниту богат,ваљда способен си е човекот
E ова мене не ми е воопшто страшно. 10 години разлика во период од втора половина на 2ра/3та декада од животот не е трагично. Нема везе кој е постариот а кој помладиот. И во случајов тоа што тој е помлад е баш за пофалба. Како тоа за него е престиж? Повеќе би рекла дека за неа (ако воопшто е за некој), ма да мислам дека партнерот не се бира за да се фалиме со него колку години има, ама ајде... Малку чудни ми се некои размислувања маживе педофили (или промискуитетни) е во ред, а жена со помлад маж (или повеќе партнери) не чинело и било неразбирливо..
Годините се само бројка...ама па...и затворот е само просторија Ама сериозно најмногу зависи од годините на двајцата... Пример некоја од 14 да оди со некој од 20 е голема разлика, а на 20 со 26 и не е толку голема.
Се сложувам. Битно е животното доба така да го речам во кое сте со некој, па разликата е поинаква. Дечко ми е постар 5, јас 18 тој 23.. а сосема друго е да имам 12 а тој 17..
^ точно. Мој лапсус. Исправка: ставот ми е за 3та/4та декада Фала на посочување, многу нерационален и педо ми беше утнатиот коментар
.....во весник......некоја тенисерка со 200 годишен старец......брак.......е сеа муабет таа е дроља а тој е фраер.....или будала......кој кого јебе не се знае ама 150 години разлика не е ситница.........
Во денешно време немаат врска годините. Добро сега, да не е многу претерано. Знам многу бракови и врски во кои жената е постара од мажот или во кои мажот е постар од жената, на пример 20 години. Јас лично не би сакала помал од мене, ниту пак генерација. Сакам да е постар од мене 3,4,5 години.
Најново инфо за бившиот дечко на другарка ми. Не му чинеше да има перфектна (во секој смисол) девојка што е постара, па сега си најде девојка што е 16 години помала од него. Таа има 22 години, тој има 38......Без коментар!
E тоа ти се вика драстична промена Браво и за послушноста кон домашните, а ќе речеш 38годишен маж... Баш се мислам дали оваа ќе им се свиѓа Ако имаш инфо пиши ни А се гледа дека типов е од тие што сметаат дека љубовта не познава граници
Типот е дефинитивно од оние што не знаат што сакаат.Несозреан и лабилен карактер на возраст од 38 год.не и е потребен на никоја.Другарка ти имала среќа што се ослободила од "шахофска фигура" која е доведена во мат-позиција од озборувањата на околината.
само се чудам само се мислам. јас сум постара од мм 3 години и никој не ни правел проблеми.живи глупости. и да раѓав на 32 и на 36 па не гледам дека нешто им фали не децата. луѓето си бараат изговор за да прекинат врска.
Тадааааам: 60 години разлика, а вие тука ми полемизирате за 10тина http://www.youtube.com/watch?v=dauiSi2nKTI
Хихи, Цар. Додека вие жени го опишувате како несозреан, не знае што сака, ненормален, сите негови пријатели на некое скришно место дома (кај што жена им не гледа) му имаат направено олтарче... знаеш, кандилце, свеќа, темјанче и му се молат еднаш дневно за здравје и го гледаат како Бог и идол. Не, озбилно, шега на страна, 97% од мажите од своите жени бараат да се убави, а 97% од жените се поубави на 22 од 38. Единствено што треба да чуди во оваа ситуација е што типот така лесно ја откачил постарата за да почне да се плетка со малата. Али, секоја му чест на храброста.
таа 14, тој 20 Секако дека тој има различни потреби, ама за таквите потреби ( мислам на сексуални ) никогаш не ја притиска девојката
Јас 19 тој 32... незнам како да реагирам, излегувавме месец дена без да стане озбилно, и дефинитивно многу си одговараме, баш во исто место во животот сме.. незнам како не дознав за тоа, мислев дека е околу 25-26 случајно открив дека толку ми беше убаво не ми доагаше тоа на памет.. Мислење ?
На исто место во животот во никој случај не сте, ти едвај една година си полнолетна а тој си го исжуркал најдивиот дел од младоста Разлика во години дефинитивно има, и тоа не толку мала но тоа не значи дека немате иднина т.е се зависи од тебе и од тоа како ти се гледаш себе си во наредните неколку години. Со неговите 32 години, тој можеби чувствува дека е време да се `скраси` така да, ако врската прерасне во нешто сериозно, мораш да разговараш со него и да расчистите и двајцата што сакате и што очекувате од таа врска. Во секој случај, ти посакувам среќа