Јас со дечко ми сум 7 години разлика,и ни е супер Имам другарка која е 19 години а дечко и 33,верувајте дека таа разлика не ја бива... знам сличај па ќерката на едни пријатели на мајка ми и таткоми на некои 22-23 години се омажи за човек постар 20 години од неа,и воопшто не изгледа дека и е маж,години со татко и... еве може 10 години е со него во брак
Според мене не, ти сега запишуваш средно, тој пишува дипломска за факултет! Ти тоа што допрва треба да го доживееш, тој веќе го изживеал. И да бидеме реални, со неговите 22 години оди и здрав сексуален апетит па бацкање и гушкање набргу нема да му бидат доволни.
Да се запишав средно. А он има уште од факултетот. не се секирај не е до толку, ми вика доволно ми е да си блиску... а за понатаму ке чека колку јас ке сакам ...
Ок... имам едно проблемче, да го наречам грижа на совест малку... Упознав еден дечко пред некое време, и ни оди муабет супер, ова-она, не знам што ќе биде и дали ќе биде нешто, ама он е 5 години помал од мене. Јас не сум баш соодветна на своиве години искрено, ни по однесување, ни по ништо... се однесувам како да сум 20, ама бројката си е таа што е. Муабетот ми е, ај утешете ме дека не е многу разлика... плиз...
И јас со дечко ми сум 7 години разлика.Јас бев 14 кога се запознавме,и можам да кажам дека тој ме порасна,ме созреа на некој начин. Го запознав второто полугодие од 1ва,и еве веке 3 години сме заедно И ништо не ме спречи и јас да го живеам тоа што он го поминал. Еве сега ке завршам среедно,ке одам и на факултет.
Знам дека е неблагодарно да се коментира за туѓи врски и те молам немој да ме сватиш погрешно но јас со големо неодобрување гледам на врските каде повозрасни одат со средношколки - другарка од основно кога беше прва или втора средно се фати со дечко 7, 8, 9 години постар од неа и типот буквално ја порасна во неговата идеална сопруга! Прилично беше језиво и поразително да се гледа од страна тоа `моделирање`, не ни се веруваше колку се смени, од енергична откачена тинејџерка одеднаш пред нас стоеше 17 годишна тетка...
И јас сум на иста мака, сите имаат различни ставови не слушај никој слушај си срцето и ако немате проблем и двајцата со годините тогаш ништо не ве спречува да бидете заедно а и 5 години разлика не е многу ако и двајцата сте од 20 нагоре
littleflower и Godislovee, ако ви е убаво и интересно заедно, ако се забавувате и времето ви лета кога сте заедно, нема зошто една застарено сваќање да ве спречи да уживате Воопшто не ја мислете разликата во години, зошто во реалноста таа не ни постои, битно е вие да се разбирате и да се наоѓате еден во друг! А сите дежурни душебрижници кои никој ништо не ги прашува но мораат да се вмешаат во секоја манџа ставете ги на игнор, верувајте ќе умрат од мака кога ќе ве видат среќни и заљубени со дечковците
Не знам зошто си кога во денешно време е сосема нормално дечко на тие години! Еве 3 години е со него може и ке се земат па еденствен ке и е. Вие што факате на 20 год. И што ги менувате ко чорапи какви се сметате? Ова не се однесува лично за тебе Хипица И ај прекинете да осудувате еден ден и вие ке имате деца и појма немате дали на 12 или 13ке си фатат дечко
Значи мене дечко ми не ме порасна во таа смисла. Ме научи како да размислувам по зрело. А и тој сега е 24 па не е запечен за женење,баш е тој тип како што кажа ти енергичен. И имам 17,па не се чувствувам како тетка јас мислам дека зависи до човекот и до гледањата што ги има на животот.
Јас прифаќам разлика во години најмногу 5 години дечкото да е постар од девојката. Незнам зошто,ама ете тоа ми е некое не пишано правило. Јас и дечко ми сме 2 години разлика,и супер ми е. А во никој случај не би сакала да имам помал дечко,па ни една година да е помал од мене неможе.Се чуствувам како детенце да носам со мене.
I jas ne sum bila so pomal i ne bi sakala ama toa e zivot neznais so koj i kako ke te spoi. ako e ljubov ne e vazno
Океј ми е до десеттина години разлика, ако и двајцата во прашање се зрели личности. И нема врска кој е постар. Едни мои роднини се 8 години разлика, со што жената е постара и кога ми кажа мајка ми едвај поверував. Ама сепак не е за секој исто, се зависи од личноста. Инаку со дечко ми сме 2 години разлика, тој е постар, и мислам дека за нас е на место.
Следниов коментар иако е пренесен како цитат, не се однесува директно до Nausicaa и до Fallen.Angel туку коментирам општо бидејќи слични ставови имам сретнато повеќе пати и сакам да укажам дека не е сè така црно-бело: Тоа е многу дискутабилно дали изживеал. Има некои на 25-30 години па не изживеале. Можеби таа му е шанса да го изживее тоа што го пропуштил на 15-16. Да бидеме реални дека и со отприлика 15 год. оди и здрав сексуален апетит и ниту на девојката веројатно нема да и бидат доволни само бацкање и гушкање. Присетете се на себе си кога сте имале 14-16 години што сте правеле или какви нагони ви се развиле или барем за што сте мечтаеле повремено. Она што би било побитно е да се обрне внимание на хигиена, заштита (кондом) - бидејќи рано е за деца правење на тие години, и да нема присила. (демек „ако ме сакаш ќе ми даеш!„)
Колку повеќе го следам форумот, толку повеќе почнувам да се сметам себе си за заостаната. Јас кога ке се присетам на мои 14-16 години, не се сеќавам дека ми се развил друг нагон освен скришно муабетење со другарки за симпатии...Некако не ми текнува на "здрав сексуален апетит" Daylight, да не ме сфатиш погрешно, верувам дека на машките во тие години им вријат хормоните, ама да ми каже некој дека девојче од 15 години има здрав сексуален апетит ми е крајно збунувачки.