Во овој пример, да. Машко на 22 години си има потреби, и сексуални и секакви, а некои женски не се спремни на 16 години на таков чекор па по кратко време настануваат расправии за глупости.
Кога имаш повеќе од 20 години, таа разлика од 6 години и не е толку страшна, но јас сум многу против тие врски додека си уште во средно. Ти допрва треба да доживееш некој работи кои тој веќе ги поминал, исто така, поради таа врска, ќе мора прерано да пораснеш, да созрееш и психички и физички.
Здраво девојки, што мислите дали СЕ ПРЕМНОГУ 9 години разлика во врска или за нешто повеќе, брак. Дали после одреден период разликата ќе биде видлива и ќе влијае на пример, во бракот? Поздрав
Ти имаш 24, а тој 33. Не е ништо страшно сега за сега , а и за понатаму не верувам дека годините ќе влијаат врз бракот, единствено ако има некои други недоразбирања. Имам комшии 11 години разлика, па фала богу одлично функционираат. Видлива разлика, ако мислиш на ликот ќе има ама и не мора, затоа што многу луѓе изгледаат помладо отколку што се.
По извесен период разликата во години меѓу вас може да биде видлива, но и не мора да значи. Ако тоа се однесува на физичкиот изглед,не е никаков проблем.Но, ако разликата дојде до израз во расудувањето и имате различни ставови тоа може да претставува проблем. За да постои компатибилност меѓу партнерите многу е битна воспитната компонента, социјализацијата и емотивната зрелост.Има случаи каде што партнерите се на иста возраст или има мала разлика во години, па имаат недоразбирања. Не постои формула за успех.Се е работа на меѓусебно разбирање, компромис и доверба.И секако љубов која доколку би ги одржувала во врска или во брак.
Со мојата љубов сме 6 години разлика и се фативме кога јас бев 16 а тој 22. Еве не сега во долга 3 годишна врска. Тој ми е прва љубов и планирам последна
Јас мислам дека да. Ти си сигурно 8 одд или 1 година а тој веќе завршил. Тебе најважна работа сега треба да ти е учењето и тешко дека тој ќе го сфати тоа. Сега е предобар но со тек на време ќе сфатиш колку влијае таа разлика бидејќи ти си за него сеуште дете. Ти поголемиот дел од времето си на училиште, остатокот го трошиш на интернет и учење, можеш да излезеш само за викенд и кога ќе излезеш ти имаш излез до 12 додека тој може до колку сака. Кога нема да ти пишува на фб, ќе му вртиш не се јавува, ќе почнат да ти се вртат сомнежи низ глава каде е со кого е дали ме изневерува од причина што тој си има свои другари и другарки возрасни колку него па едно друго и ќе сфатиш дека тоа не е врска туку губење на време.
Зависии зрелоста. Девојките побрзо созреваат а машките подоцна. Не велам дека имат исти мозок тој 4-5 години поголем од неа нормално оти ќе ја продаде со своето размислување. Велам дека мојов е 23 а јас сум само 16(за 4 месеци полнам 17). Значи тој тоа што го поминал мене не ми го брани, не може а и не сака. Тоа што ти велиш си имал свои потреби, ако толку не му се чека и му е ди*нат нека оди нека се испразни некоја ... но не е тоа тоаа.. Никој не саака да биде изневерен ... Не ме сфаќајте погрешно но според мене ако дечкото е сериозен ќе размислува за иднината и нема да ја брза девојката да прави нешто што ќе го право после цел живот.. но се е до зрелоста, нам супер ни оди (сега за сега )
Кога имате 14 години барајте свои врсници, не е исто 14 и 19 барем во тие години. Да сте над 20 нема проблем, ама вака Педофилија.Предобар е, абе нема проблем сите чичковци се добри.
Се сложувам со феминката над мене, да имам јас 14 а тој 19 голема се гледа разлика, но на 20 години не е така подруго е
Луѓе голема е разлика од 5 години кога имаш 14-17. Тој е срцка на почеток ама после се приметува разликата. Ти сакаш да лупаш по дискотеки, него главата тапан му е од такви места. Тој сака да те легне, ти не се даваш итн
Разликата во години не е пресуден фактор ако постои почит , љубов и разбирање. Одличен пример за тоа се моите родители кои се 10 години разлика , мајка ми имала само 17 , а татко ми 27 на почетокот на нивната врска. И еве ги веќе 24 години се заедно , и се уште се заљубени и среќни како и првиот ден. Срцки ми се. Следејќи го нивниот пример , на свои 17 години имав дечко кој беше 7 години постар од мене , тоа беше врска исполнета со сложност , среќа , љубов , внимание , мазење и пазење , само поради тоа штп беше каде каде посозреан од моите врсници (има некои на негова возраст уште како деца се понашаат) и не му беше целта само да ме одвлечка во кревет , туку сакаше да биде покрај мене во секој момент , и во добро и зло. Така да , од лично искуствп , за разлика во години , сум ЗА !
Ќе напоменам пак , не е важна разликата во години ако има љубов и разбирање , без разлика дали е 14-20 или е 15-25 , ако покрај него се чувствува своја и ако и е убаво со него , не гледам што е тука лошо.
dali se godinite bitni? Vo vrska sum i zasega se dobro funkcionira,no toj e pogolem od mene 4 godini i nasata vrska ustvari e vrska na dalecina posto toj uci vo skopje,se gledame skoro sekoj vikend i se e okej,no dali mozat godinite da bidat problem?
dali se godinite bitni? 4 год не се голем проблем 10+ е голем проблем Супер сте кога е прашање годините .