би ја цитирала @marristovska1 Ако постои љубов, меѓусебно разбирање и доверба, годините не се битни јас сум малце повеќе разлика 16 години тој е 38 јас 21 заедно сме веќе6 месеци се подготвува и следен чекор најбитно е разбирањето нема врска колку години е тој или ти мојата врска почна многу случајно но слатко и двајцата со некои тешки периоди во животот и од самиот старт знаевме на што сме и каде води сето и што тој сака од мене да го почитувам да нема лаги и измами и најважно верност почит и разбирање што секој маж посакува јас можам да кажам дека сум најсрекна и дека не размислувам колку години е и не се ни приметува нормално некои работи не се размислува исто но со лесен и смирен муабет се се решава љубовта нема граници
Тебе ти е интересен бидејки знае како да ти задржи внимание. Штом е 29 години тој веке има доста искуство, знае како да постапи со тебе, да те насмее, да те расположи, а тебе сето тоа ти годи. Е сеа според годините ти немаш сеуште ни средно завршено а тој веке има развиено сопствен бизнис. Тебе ти треба излегување, провод, а нему може да му е приоритет основање семејство. За ова треба сериозна дискусија меѓу двајцата. Сигурно не сакаш родител плус да ти кажува што треба што не треба да правиш. Разликата воопшто не е занемарлива ама ако вас ви годи друштото еден со друго тогаш во ред е.
Мислам дека разликата во годините во одредени случаи не е проблем. Секогаш кога ќе размислувам на ваква тема ми текнува на Селин Дион. Со мажот и се разлика 26 години. И го имам гледано филмот за неа и за како цело тоа се случи и стварно беше искрено и убаво доловено. Има примери многу со голема разлика во години. Пред се партнерите да се сигурни во изборот, и да има љубов доверба и слично па со среќа нека им е
Па да до некаде си во право. Си го поставувам и јас тао прашање..што правам? Ама секогаш ме премислува тоа што тој сеуште се однесува онака искулирано ..не размислува за вечанква ..што јас сум многу далеко од таква тема. Само ми вели дека ке успееме и дека ке се потрудме.
Еве ќе споделам мислење со вас, имам 26 години и скоро секогаш сакам да запознавам девојки кои се меѓу 18-21 година, така да мислам дека сепак не треба да се претерува со границите на возраста ама ок, секој нека си тера како му одговара
доколку не е за сериозна врска мислам дека годините не се битни..но доколку се работи за брак..тогаш што помала разлика толку подобро..барем за мене..две до три години максимум..мислам дека е најдобро..
Малку касно одговарам но не сум ја отворила олваа тема некое време. Нормално е да ти се допадне некој толку повозрасен затоа што тој има искуство во животот и знае како треба да се однесува со девојче. Но реално да зборуваме тој веќе треба да размислува за брак, а ти си сеуште дете кое ни средно нема завршено. Со него може да ти биде убаво и да досозрееш како личност, но до некаде и твоите родители ги разбирам тој може да не мисли ништо сериозно и после неколку состаноци да те остави. Сепак ништо за сигурно неможам да кажам ти треба да го запознаеш уште подобро и да сфатиш што сака тој со тебе.
од каде испадна правилото дека чим има 29 годинитреба на брак да размислува. ја со 35 на парцела во бутел да не треба?! ќе размислуваме за брак кога ќе имаме со кој да се оствариме во тој поглед. јас сум имал едно кратко искуство пред некои 7-8 години (28-9 мои) со 19 годишна девојка. не ни стигнав да помислам на озбилни работи, едноставно ме тргна на страна нејзиното недолично однесување при излегување во град. но не и нејзините години. и после неостварување на идејата за брак семејство со девојка на мои години +/-, пак незнам зашто би мислел на брак. едноставно нема против кој! сретнав девојки пред некој ден на 22-3 пак плус минус, но впечатокот ми беше дека 12-3 годишната разлика им е пречка за обичен разговор, безобразно си се тргнаа на страна после разменети неколку реченици. да не помислуваме за нешто повеќе од тоа. да сумирам, на кој како му одговара нека си прави, некои созреваат покасно некои порано. некои им пречи некои сакаат. а родителите нека си ја гледаат својата работа, бидејќи на крај вие ќе си го живеете вашиот живот они нивниот. секако советите се добродојдени и пожелни, но да се остане само на тоа. поздрав
Со минатиот дечко бев 8 год. разлика.. и што знам...исто ми беше. А со сегашниот дечко сме само 1 год. и супер ни е Ако си се сакате ,почитувате и разбирате..океј е
jas imam 19 a mojot partner 29 godini...i se e ok si se sakamesamo sto toj e premnogu ozbilen i ne gi podnesuva mojte "ligavi razgovori" pa pocesto se karame za sitnici...no toa trae kratko....
Јас имам 19, а дечко ми има 29 години. Не ни пречи разликата во години и на двата и мислам дека не е битен и пресуден фактор разликата во години. Исклучок секако доколку еден од нив е малолетен
Абе а едно прашање до оние 13, 15 годишни девојчици, го поставувам зашто мислам дека не сте се запрашале сами, сте замислиле ли како ќе изгледа сексот со 26, 30годишен маж, м? Еве ајде и 25годишен нека е. Онаков влакнест мајмун, се качува врз вас полека со неговото возрасно влакнесто машко тело, ве љубака, испотен, мириса поразлично, а не ко вашите соученици и другарчиња од маало, и ви вика океј време е да го извадам... Ај да не навлегувам, али ете ви нешто за кое што треба да размислите пред да се впуштите во врска со толку повозрасен, на мали години. Не размислувате бе како би изгледал сексот со возрасен и оформен маж. Ццц. Имајте малку повисоки стандарди. А ако си помисливте сега еј па нема да му дадам, ќе ме чека, ха! Аха, ќе ве чека. Тој дочекал и пречекал. А ич да не го споменувам факторот казна затвор. Друга работа дечко ми е постар од мене една година, што е супер, врската е океј, али има еден човек што ми ги меша брзините последниов месец. Не ме сфаќајте погрешно, го сакам дечко ми и никогаш не би го оставила без добра причина, а не па да го изварам. Али човеков, што ме натера и да ја разгледам темава, е постар 14 години од мене. Не би му дала 37, дечко ми ми рече дека личел на max 27, а мене ми личи на 30 (да, и двајцата го знаеме). И си седам јас и си мислам, што би било доколку јас би завршила некако со него, значи ова не е моја желба, прв пат ми доаѓа ваква мисла, а и сигурно има луѓе кои исто си размислувале како би било ако не се во моментов со тие што се, туку со некои други. Сега некој може ќе каже еј па врската не ти е добра, чим мислиш на други, раскинувај, бла бла, али тоа е друга тема. И значи си мислам јас така, и сфаќам дека старото магаре почна суптилно да ме заведува мене. А убав е, позгоден од мои врсници, остварен, вработен со солидна плата. Целото опкружување му е средено. Онака делува ко да му е среден животот и мислам дека тоа е една од причините што ми стана симпатичен и привлечен. Малку е арогантен, а можеби па јас неговата зрелост не ја разбирам и ја сметам за арогантност. Што знам. Но разликата во години е огромна. Он го имал првиот бакнеж јас кога сум се родила. Јас зборувам за испити, он за деца. Некако ни во моите мисли не функционира тоа. Секогаш сум била против врските со огромна разлика во години, а еве дојде ден кога сум се подразмислила за тоа како би било јас да сум во таква, и прилично сум сигурна дека не би се осудила на таков чекор. 14 години се премногу, различни светови сме. Он е сепак човек кој има преголем куфер што го влече насекаде со него, куфер кој јас не би можела да го поместам, а не па да ја сфатам големината. И така. Јас ќе си го чувам мојот најмил и најубав врсник, и искрено се надевам дека за 14 години, ќе го видам и него како оформена созреана личност покрај мене и ќе му се восхитувам, како што му се восхитувам сега на овој другиов, постариов. Поздрав убави луѓе и ви посакувам среќа во љубовта дали со постари, помлади или врсници.
Зависи од тоа за колкава разлика во години станува збор ? Јас лично сметам, дека голема разлика, да речеме од 20 години па нагоре е проблем...генерациски судир. Ама во пракса, некои врски се и со поголема разлика во година и си функционираат. А има девојки кои токму такви постари бараат за партнери, а и обратно !
Jas i decko mi sme razlika 10 godini i na pocetokot ne mi smetase odlicno ni bese mn se slozuvavme, no sega otposle 2 i pol godini mn mi se smenia razmisluvanjata za nego ne se odnesuva kako vozra#en covek mn se oladiv od nego nez sto da pravam mi treba sovet od vas
Во некои случаи разликата и не влијае, но во твојот и не е така. Ти си сеуште дете на некој начин, на почетокот не ти пречело затоа што знаел како да се однесува со тебе, да те насмее и се но сега сфаќаш дека не е тоа тоа. Освен тоа ти сигурна си дека го сакаш искрено?
Iskajno go sakav no poslednive 4-5 meseci samo od navika mu vikav te sakam mislam da mu raskinam ama kako koga tolku vreme sme vo vrska i me saka i saka za zena da me zeme no ne bi mozela da izdrzam cel zivot so nego
Ова е нормално за твои години ти си сеуште дете и несакаш да размислуваш за сериозни работи. Поинтересно ти е шетањето, излегување, ова она додека тој тоа го поминал веќе. Незнам што да ти кажам искрено, освен на време да расчистиш, чим човекот има сериозни намери не е убаво да го лажеш. Па би требало да те разбере, неможе да очекува од 17 годишно дете откако ќе заврши школо одма да се мажи. Со убаво објасни му и ќе се навикнеш и без него, човек на се се навикнува.