После пола година од прекинување со некој кој беше постар 10+ од мене ќе си кажам мое мислење. Мислам дека онаа сигурност која што девојките не ја добиле дома, од татковците ја бараат во некој постар од нив. Не велам дека е болно као дека го гледаш како татко, туку дека бараш некоја заштита, некој кој ќе пружи сигурност. И пред него ми оделе муабети со луѓе од различни возрасти, и со него се дружев со луѓе од различни возрасти ама сепак не може цел живот да бидеш со некој толку постар од тебе. На почетокот се е розево, мислиш дека добиваш се што ти фали, но кога ќе видиш дека некој те учи, како повторно да те воспитува па баш и не е најубавото нешто. А и колку и да е созреана некоја девојка, не може да биде 10+ од нејзината возраст, тогаш сигурно он не е доволно зрел за неговите години. Можеби ако двајцата се веќе средени, мислам на завршено образование, работа, па ете сакаат со некој одма да основаат семејство тогаш можеби би била добра врска но и тогаш што во иднината? За девојка која допрва сака да прави нешто во животот не ви треба човек многу постар од вас. Мислењево не е наменето на никој конкретно само мое мислење, после искуство.
Велат дека љубовта не познава граници или во конкретниов случај - години. Неблагодарно е да се генерализираат работи кои се индивидуални, што би се рекло работа на вкус или лична преференца, особено во модерново време кога веќе ништо не може да не' изненади. Меѓутоа, добро е да се слушнат повеќе мислења, различни мислења, мислења што се туѓи искуства, за да не мора некои работи да ги искусуваме на своја кожа и да ги учиме лекциите на потешкиот начин. Слушаме и за парови каде машкото е постаро од женското повеќе години, па цел живот функционираат добро, а сме слушнале и за обратни случаи. Но она што ќе го слушнете тука, во сегашно време од луѓе кои зборуваат од лично искуство - тоа е бесценето. Впрочем, marama и ebola многу добро кажале се' што треба да се каже на оваа тема. Има млади луѓе кои многу добро комуницираат со постари од нив, најверојатно затоа што самите тие се зрели за своја возраст или пак затоа што оние, постарите, со кои комуницираат, се понезрели како за свои години, или пак овие два фактори во комбинација, па се наоѓаат на средна бранова должина. Но според мене, додека сте уште тинејџери, гледајте таа разлика да биде колку е можно помала за да не страдате. После 20-тата, по мое мислење, најголема прифатлива возрасна граница би била 5-7 години. Се' над тоа е... ризично, дискутабилно? Не знам понекогаш да ги најдам вистинските зборови и не би сакала да бидам погрешно сфатена. Јас, лично, не сум имала некое „поекстремно“ искуство, а долго време сум со врсник, така што од сопствено искуство можам само да кажам дека сме на многу различна бранова должина со некои личности 4-5 години помали од нас со кои се дружиме, а што би останало кога би се работело за врска? Можеби подобро се снаоѓам со малку постари од мене, но со помали - не, а можеби е до карактерот. Како и да е, порано или подоцна знае многу до израз да дојде тој генерациски јаз, така што сосема се сложувам со она што членките кои ги спомнав го споделиле тука.
Постар е од мене 18 години, ама двајцата сме будали и на исто ниво во мозокот. Ниту ми е гајле што некој ќе мисли, ниту ми е гајле што некој ќе каже. Додека трае, убаво е. Заедно сме подолго време и се караме само за банални работи. Едноставно не дозволувајте други да ви завлезат во вашиот простор на размислување или да ви го сменат. Правете како вие сакате.
Ако е љубов тогаш не познава граници, а не пак разлика во години. Се што не е љубов дозволува да пречи таа разлика во години, па после ќе искочи и нешто друго дека пречи, па нонстоп ќе има нешто ќе смета и така натака. Вистинската љубов не познава разлика во години, мислам ако има љубов сите други пречи многу лесно се надминуваат. Разликата во години за мене е банална причина која се бара за да не се продолжи некоја врска или за да не се случи љубов. Се се компензира ако се сака нормално и ако постои љубов, во спротивно само ќе се бараат игли во сеното колку да има нешто за на крај да може да се искочи со оправдувањето „епа многу беше постар/помлад од мене„. Ха ха, годините не ми се никакво мерило за љубов и среќа. Никој не ви гарантира дека ќе бидете посреќни со некој со кој сметате деа имате идеална разлика во години одколку со некој со кој имате поекстремна разлика во годините. Љубовта е во прашање, а не разликата во годините.
Daddy issues До 5 години мислам дека е во ред..уствари зависи..Девојка 18 машко 23..Иде? Два различни света..А девојка 23 момче 28 би било ок..Сепак ако девојката на 23 не е доволно зрела,а момчето на 28 е..тогаш ни така не би било ок...Во глобала се е до луѓето и до нивните карактери
Разлика сме 6 години. Тој во септември ке полни 28, а јас 22. Одлично функционираме и сме многу сложни. И двајца сме од таков тип на луѓе што обожаваме и помагаме на бездомни животни. Обожаваме прошетки, знаеме сите околу нас да ги насмееме и да подадеме рака кога е потребно. Функционираме како едно. И да, среќни сме, и тоа многу! Едноставно живееме за нас и не ни е битно другите што мислат.
ljubovta ne broi god.Na drugarka mi roditelite i se 20god razlika(tatkoi zaminal vojska a majkai togas se rodila) a jas sum 8god razlika so soprugot
Ги прочитав до некаде мислењата во оваа тема , но ме интересира се наоѓам ете во една ситуација јас имам 20 години и веќе подолго време ми се додворува едно момче што има 27 години дали мислите дека сепак сме голема разлика ? Вака изгледа фин и добар , неколку пати бевме на кафе но уште ништо немаме направено не можам да се решам стварно се наоѓам во една непријатна ситуација .. До пред некое време девојки никој не ми пишуваше и не ми се додворуваше дали ете таков беше периодот а сега неколку момчиња ми пишуваат има и на моја возраст двајца од нив како да знам кого да изберам а да не погрешам и да не се каам .. Не знам што да правам , се ми е измешано и ве молам да ми дадете некој совет .. Има само една работа, дали е предност не знам овој што е 27 години е од мојот град а другите двајца од различни градови ..Поздрав
Aко тебе ти се допаѓа и има разбирање меѓу вас, годините не треба да се пречка. За вакви работи нема правило, може со некој твој врсник помалку ќе се согласувате, отколку со овој.
Па и не сте голема разлика. Потоа, кога ќе се земе предвид дека ние жените малку порано созреваме, не сте лоша комбинација. Ти си возрасна, а тој можеби се‘ уште не сака ништо пресериозно (од типот на деца и брак)... Леле сто работи ти кажав, а поентата ми беше дека ти најдобро си знаеш дали сте на иста бранова должина кога е зрелост во прашање. Процени го. Веќе сте излегле неколку пати, сигурно и комуницирате во меѓувреме, можеш ваљда да го процениш. Па и да направиш нешто, пробај, може уште поубаво ќе се чувствуваш. Никој од тука не може да ти каже дали да го одбереш него или некој од тие другите. Тоа ти најдобро си знаеш кој најмногу ти одговара. (Јас лично би го зела за предност ова што живеете во ист град. Врски на далечина баш и не љубам.) Мислам дека 7 години разлика не треба да те загрижуваат.
@Mala Hembra Разликата вака гледано не е голема, но битно е и како се разбирате вие меѓу себе, каков човек е и дали ти се допаѓа
Ви благодарам девојки на советите Решив и вашите совети да ги послушам и сама себе па ќе му дадам шанса , па што треба да се случи ќе се случи. Без да се обидам никогаш нема да дознаам
После неколку прочитани мислења, сепак останувам на тоа дека е индивидуално. Секој различно созрева. Како машките така и девојките. Лично, познавам повеќе парови со разлика во година од 7-10. И одлично функционираат. Затоа ќе кажам, секој бара и бира тоа што сака и тоа што му одговара. Значи, имам другарки кои идат со помали дечковци од нив. Едноставно така им одговара. Сепак ова станува збор за девојчиња над 22,23. Под претпоставка дека се созреани. Не може да се каже мала си ти зашо имаш 21,22 а он 28-29. Не знаете кој како е созреан ,што поминал, што сака. И јас секогаш идев со поголеми од мене, до кај 6-7 години разлика. Кога си до 21 година, разлиакта е видлива и секкако дека ќе постојат некои несогласувања. Ете јас 24, он 33. На прв поглед ко ќе ги видам вака напишани годините дури и мене ми е чудно.. Но се погодивме, веќе година и нешто сме во врска, супер функционираме. Стандард по некоја кавга за некое недоразбирање. Она што мене ми се допаѓа конкретно кај дечково е тоа што е смирен, сталожен, не искача да се пијанчи, не се однесува неизживеано. Едноставно стекнал искуство да препознае кога некоја го сака и да не дозволи да ме изгуби за некоја пролазна девојка. А обратно, јас од мала љубовџивка, симпаатии, дечковици, искачање и стигаш до еден степен кога сакаш да се смириш, да се сталожиш. Ќе бидам искрена, да некогаш ми фали адреналиот, да искачам, да полудувам...Но, кога ќе ми текне дека имам една сигурност со дечково, дека некој ме сака и чека, дека некој се труди околу мене да бидам среќна, сфаќам дека ништо од тоа не би ме исполнило повеќе од сигурноста. И не, не мислам дека се работи за тоа што @marama го напиша. дека девојките во постарите дечковци ја бараат сигурноста која ја немале дома. Напротив, јас ја имаав целата сигурност и поткрепа. Можеби при некоја анализа би држел вода податокот. Но конкретно кај менетоа нема врска. Затоа различно е кај секој. Некој се снаоѓа и со помал дечко, некоја со повозрасен. Се тоа е поврзано со зрелоста и искуството.
Разлика сме 5 ипол скоро 6 години јас сеа ќе полнам 18 он има 23 и 9 месеци сме заедно.Прво ми е најдобар другар и јас на него па после се друго.Мислам дека зависи се до карактерот на двајцата.Поубаво е бидејќи не се понаша како дете еј ја фатив за гз wow шо напраив и тие детски работи јас уште сум невина и нема пробано ништо да напраи така да се зависи до луѓето..