Јас имав дечко 8 години постар од мене, јас имав 18 а он 26, јас бев ветрушка, а он сакаше да се жени. Лоша комбинација бевме, ама еве сега на овие години баш мислам дека не би имала проблем , јас 23 он 31, мислам дека може да успее. Зависи и до луѓето, јас зборам за себе.
Понекогаш разликата во години нема врска, кога ќе сте сами ти тој, и кога ќе мислите дека ништо не е поважно од тој момент. Обично во таквите врски убавото трае, но бара и големи чекори. Мажачка/женачки, бебе, семејство, венчавка, свадба, крштевка... Од самиот старт да се имаат во предвид овие работи, инаку што? Спремни сте за тоа? Јас сега на овие години не. Ако партнерот има трпение со вас и ако вие сте тотално свесна дека мрдање лево десно од тој пат нема - среќно! (но секогаш има исклучоци и спасување на животот во последен момент...) Другите од страна можат да речат сешто. Но најважно е вашето да води кон нешто.
Мислам како и другите,дека ако љубовта е вистинска немаат врска годините Еве дечко ми има 21,јас 15 па супер ни оди.Љубоморен е малку ама скрос ме почитува во се
разликата во годините не е битна битна е љубовта,мегусебното разбирање,поочита која ја имаат меѓу себе јас сум ЗА овие врски
Мене лично ме привлекуваат постари машки.Сум била и со типци колку мене еден помал но некако поубаво ми е со постар од мене.Дечко ми е постар од мене осум години и врската ни функционира одлично со исклучок некогаш во врска на несогласувањата,но тоа брзо се решава.
(да не го цитирам цел) Убав пост. Ме бендиса. Си има таа разлика свои предности, но си носи со себе и маани. Обврска е голема... Освен ако не најдете некој кој и со 8 години плус ќе биде некоја си релативна ветрушка
Мислам дека разликата во години не е важна, знам дека родителите не би се согласиле со моево мислење, али каде што постои љубов годините не се битни! Па сега да не е некоја претерана разлика, на пример 15-20 години зошто овде веќе неможе да постои љубов, овде постојат различни интереси и времиња каде што оној постариот веќе го има поминато сето она што на другиот ќе му биде интересно и повеќе никогаш во животот нема да му се врати... Ипак искрено и јас сакам повозрасни момчиња, повеќе ме привлекуваат Затоа сакајте се луѓе..
Баш пред некоја минутка го догледав „Whatever works“ од Вуди Ален... и има повеќе ситуации за таа разлика во годините. Ако не ве мрзи гледајте го
Јас имам дечко постар од мене и тоа многу години понекогаш и да не сакаш тоа ќе се одразува на врската поради тоа што тој веке има поминато она што ти дури сега треба да поминуваш .... Мада пре ќе бидам со некој постар од колку со помлад ние жени секогаш одиме со години понапред ....
a vrska od 16 godini i 20... ? 4 godini e razlikata.. mnogu luge me kritikuvaat za taa vrska a ima i dosta luge so me podrzuvaat i vikaat deka ne e dolema razlikata.. ) sepak ima na momenti koga ke ja osetam razlikata no toa mn kratko trae.. i ne prai golem problem sepak mene mi e najubavo.. jas mislam deka ne e golema razlikata a vie ?
Јас кога имав 16 години не можев да се замислам со тип од 20 години бидејќи ги сметав за нешто многу понапредно и поразвиено суштество (денес па и наназад сфатив дека далеку се од тоа). НО - мене искрено сега таа разлика на годините не ми е голема, прам муабет за твојот случај. Ако имате теми на разговор и секако хемија - зошто да не. Само да не испаднит дека тој големиот постојано ќе те учит тебе како помала. Ако него му сметаат твојте години па доследно на тоа и умот на тие години, нека се обидит да е потрпелив. Ако не бива работата - здравје.
да имаме доста заеднички теми.. понекогаш се прашувам дали јас сум доволно зрела или пак он не е дораснат ! хахахах !! ама сепак има љѕбов меѓу нас според мене.. и мислам да не му значев од дамна немаше да бидеме заедно ! ) сепак фала што го каза твоето мислење !
Делам мислење со Брајт. Не се 4 години така многу. Секако се зависи до вас двајцата. Нему треба да му е јасно дека ти имаш 16 години и дека некогаш едноставно за тебе е нормално да се однесуваш по малце детски. Ако нема проблем со твоето однесување и ако има трпение да те сослуша и разбере - пречки јас не гледам. Патем.... 16 години имаш? или 19?
Воопшто не е важна разликата во годините....Имам дечко кој има 24(на 9 јуни) а јас 15(уште 2 недели 16) супер ни е во врска сме 9 месеци и се е супер...така да годините никогаш не ми претставувале пречка за љубовта
јас 27 ..тој 35 па и не се приметува баш разликата...сега има некои моменти кога не шала ќе ми рече малечка си ти уште не разбираш ама има и моменти кога јас сум многу посериозна од него. 8 години не се многу , уствари тоа ми беше максимумот а минимум 3 год разлика..незнам зашто ама никогаш не сум сакала врсници, секогаш сум сакала некој постар демек поискусен, изживеан.. да имам покрај мене...
Три години сме разлика што мислам дека е стварно добро Мислам дека разликата во годините не претставува некаков проблем доколу имате заеднички теми и едноставно се пронаоѓате на исто ниво. Сепак се е индивидуално. Многу девојки и созреваат побрзо благодарејки на нивните постари дечковци...
Јас имам другарка таа има 21 година тој 30, скоро 5 години се во врска па добро им функционира на почеток имаа проблеми околу излегувањето затоа што него му беше досадно да излегува веќе на некој начин иживеано се а неа и се излегуваше баш во најубавите години за шетање па го средија тоа некако но како што врват годините така јас мислам дека ќе се соочуваат со проблеми кога таа ќе биде во цутот на младоста тој веќе ќе старее сепак 9 години не се малку можеби кога ќе се заљубиш не ги согледуваш последиците но подоцна не е така љубовта не познава години и граници но многу ретко е така од тоа реченото вистински да опстане и бракот и љубовта според мене до кај 7 години би било нормално една врска да функционира се другото понатаму мислам дека тешко би опстанало еве уште нешто мој братучед има постара сопруга од него 5 години тој е 24 таа 29 бракот не им функционира баш најдобро сепак е во прашање разлика во години, потоа имам други две тетки кои што имаат сопружници постари од нив повеќе од 10 години и кај нив браковите не се стабилни еве зошто да бидеме реални сите имаме потреба од секс па кога си во брак тоа е неизбежно но како што врват годините жената ја фаќа климактериумот на мажот откако ќе ги замине 50те години сигурно повеќе нема да му станува (се извинувам за вулгарноста) па ако е мажот постар и неможе да ја задоволи жената таа бара друг помлад што може да и го пружи тоа па и по крај тоа наоѓа разбирање со него и доживува некои нешта што пред тоа и биле ускратени така и за мажот ако жената е постара од него и што се случило доаѓа до раскин на бракот ова е според мое размилување иако сите значи ја ставате љубовта пред разликата во години но до кога така се разбира дури сме помлади така размислуваме но како што врви времето работите се менуваат не дека сексот е главното нешто што го одржува бракот но сепак чести се случаите кои поради тоа што го пишав погоре се раскинуваат бракови кога е во прашање разликата во години ова размислување ме наведило од вистинска случка и немора да биде секогаш така значи прифаќам критики и исправки ако нешто кажав како што не треба
миличка јас мислам дека сосема си во право зошто и јас се наоѓам пред таков ,,предизвик,, имам 21 год, а овој што ми се пушта има30 , но мислам дека вреди да пробам, па што ќе биде нека биде, ќе гледам за младоста а за на старост ќе видиме што ќе биде. подобро со некој поискусен постар, отколку со некој врсник бидејќи мачките покасно создреваат сепак. поздрав4е
миличка,се супер,ама спомна разлика 24 и 29...па тоа не е воопшто голема разлика посебно за тие години.јас пре би рекла дека не се слагаат од други причини а не поради годините