Секој со свое,но јас не би сакала голема разлика, сеедно дали помала или поголема,нема правила,ама мислам да генерацискиот јаз ќе избие кога-тогаш.
Најголема разлика која јас сум ја имала со дечко била речиси 7 години, јас имав неполни 19, а тој 25. Разликата воопшто не се приметуваше, зошто си се поклопувавме во мислењата и горе-долу бевме на иста бранова должина. Немам ништо против да има разлика во години меѓу партнерите, јас искрено не можам да се замислам со врсник или некој малку постар од мене. Некој спомна дека интересите на пример 19-20 годишна девојка и 30 годишен маж нема да бидат истите, демек девојкава ќе сака да лумпува од јутра до сутра, а дечкото ќе сака дома да седи. Прво, дечкото на 30 не му поминал цел живот, и да е некое правило да мора да седи дома, и дека не му доликува да отиде во дискотека да се забавува, да не е престарен случајно.. За девојката, еве јас лично ќе се земам за пример, не ми е интересно да одам на журки секој ден, не пијам ни алкохол, повремено излегувам на кафе зошто едноставно не гледам поента веќе во тој начин на живот, на журки секоја недела, на кафиња секој ден. Периодот кога се поливав со алкохол ми почна на 15-16 години и ми заврши во трета средно, еве четврта нека е. Не дека гледам нешто лошо во тоа, ама сум го поминала веќе тоа и не ми е интересно. Има најразлични карактери, некој на 18 совршена смисла за добар провод му е да седи дома со другарите и да пие пиво, а друг на 28 можда сака да оди во диско за време на викендот. Језда, не знам што сме се фатиле со тоа диското и забавите, ко само до 25 години да смее да одиш да се забавуваш некаде, после забрането е. И впрочем, многу момци што познавам на 20-21 година сеуште не знаат што прават со животот и барем да имаат некоја слика за тоа што го сакаат во иднина, а јас можеби поинаку размислувам од нив и затоа подобро се согласувам со некој, еве 10 години постар од мене, со веќе оформени мислења и ставови за некои работи. Иако, не постојат правила, во сите генерации има по некој Петар Пан, нели. Исто, многу ми имаат кажувано демек некој 30 годишен фатил некоја 20 годишна да ја користи за секс, пример, пошто нели тие на 20 не размислуваат со своја глава, мали се уште... Охоо, колку дечки постојат и на 18 што ќе те искористат за секс, зошто мора да значи дека баш тој постариот ќе цели на тоа? Се' е ствар на проценка, ти да умееш да процениш кој што сака од тебе. А и што знам, не верувам било кој да ме искористи за такво нешто, зошто дали јас ќе имам секс со 20 или 30 годишен тоа го правам зошто и јас сакам, и мене покрај него исто така ми претставува задоволство. Инаку, баш сега запознав дечко постар од мене 11 години и супер се согласував со него, но од една причина ме кочи тоа да правам нешто посериозно со него, како би изреагирале моите, за околината не се замарам многу-многу, но знам дека моите се вадат од памет за одредени работи. Ај, се расприкажав јас, не ми се спие нешто. Углавном, бидете си сите среќни и весели, колкава и да е разликата во години со вашиот партнер.
Се е у реду ако е полнолетна. Ја имам 27 и не би одел со некоја постара од 36. Али правам отстапки ако е згодна може до 38. Жена побрзо старее, гледам по 40 годишна ретко некој трча, чичковците и на 40 се женат со 20 годишни. Не е фер али таква е природата,нефер.
Koga se zedovme so soprugot jas imav 21 mojot soprug 30 i eve 13 god braka i. super ni e razlikata vo god voopsto ne ni e precka nitu se zamarame so god .
Со сегашната девојка сме разлика 2 год, таа е постара. За оние шо се запознаени со мојот случај се запознавме на ФБ се сретнавме и почнавме врска. Некако мене сега почна да ми смета шо е постара.Јас 32 таа 34.Незнам... ќе прочитам постарите постови.
Алекса дар па нели имаше отворено нова тема и се жалеше како си немал девојка, како си ја сакал бившата омажена со дете, како не си сакал да имаш врска не си можел не те влечело, за 1 ден ли најде девојка бре чоек?!
Do 10god za mene ne e bitno, posto veke si imam vrska so pogolemka razlika, bitna e celokupnata slika, a ne godinite.
Јас и дечко ми сме скоро 8 години разлика (он е постар од мене). Не знам зошто многу женски си бараат постар дечко, може дека многу машки врсници не знаат шо сакаат од животов и не може да се направи муабет со нив, со постариве полесно се разбираме. Јас лично мислам дека Е голема разликата, не ми е баш сеедно ама па многу е добра врската..Дечкото ме почитува, ме третира како што заслужувам и се грижи за мене. Не ме принудува на ништо и ме чека.. Не е точно дека постарите машки бараат само секс од помладите девојки.. Знам многу 18-20 годишни па и помлади машки што попрво би ме искористиле така отколку да ме држат за рака во јавност.. А еве со дечково сме скоро една година заедно и не сме имале секс.. И знам дека ќе ме чека.. Важни се годините да, ама поважен е квалитетот на врската.. А идеална разлика во години за мене е 3-5 години машкото да е постаро.
Јас и дечко ми сме 4 години разлика немаме никакви проблеми, за мене е таа идеална разлика повеќе не би сакала. А со помал од мене и врсник нема шанси да бидам.
Јас овој што си го меркам и сакам е 13год постар од мене. И не ми е гајле и не ми смета, нема да ми биде гајле и ако на околината и смета. Знам што сакам и знам на што сум спремна со него.
Па најдов, не една повеќе... сега трчам да не ме престаса времето. Ама со девојкава во овој случај, да, се запознавме во живо у кафанче ама тогаш и не и обратив внимание, си го гледав пиењето и забавата.После некој ден ми текна да и пишам на ФБ и така... Ме копка само што е постара од мене, а инаку знае да ме контролира и некако ми се допаѓа тоа. А ова за бившата сеуште не сум го пребродел, ги послушав вашите совети и почнав да се глеам со девојки, да на 32 ми текна ама тоа ти е.Последните 5-6 години повеќе време посветував на работата отколку на љубовта и ноќниот живот, сега се сметам за добро ситуиран и сакам да си ја погодам и невестата шо се велит. Како што јас си сватив треба да си ја одберам вистинската девојка која ќе знае како да ме сочува од надворешниот свет а посебно од бившата. Поздрав...
Јас имам 25 мојава има 39, она имала 9 години постар пред мене, и сум врсник на син му. Шпанска серија. Во врска сме 3 години се имаме видено вкупно 1 месец пошто е на далечина. Подобро сценарио кој има во животот нека пише ( Патем она има брат 20 години помлад, и водено постар сум од братот на девојка ми 7 години)