Ако е само поради годините па и не сте некоја голема разлика... поинаку ќе звучеше да речеше дека тој има 50, тоа е веќе да речеш разлика иако и такви одат. Нормално е (до некаде) родителите сакаат да си ги заштитат децата. Ама децата па не може да останат вечно деца, особено што ти веќе на 20 (и порано) години биолошки воопшто не си дете. Е сега многу е важно да си освестиш дека ти имаш 20, а не 12 и нема што родителите да ги интересира колкав е дечко ти, освен ако не мислиш да го донесеш да живее со твоите дома - во тој случај тој би бил дел од истата станбена заедница и родителите имаат право да одберат дали сакаат со некого плус да живеат, освен ако станот или куќата не се твоја лична сопственост. Прашање е дали веќе го познаваат и каков е тој навистина? А и каков менталитет се твоите родители? Во која форма не ти дозволуваат да си со него? Можеби не им пречи толку што е постар, можеби им пречи што не е богат, можеби не им пречи тоа туку националноста, можеби е богат ама се бави со нелегална трговија.... има милион можеби што само вие си ги знаете. Генерално, твојот љубовен живот е твоја приватна работа, но воедно и твоја одговорност. Тоа значи дека треба зрело да се однесуваш и во поглед на заработувачка, помагање во домаќинските работи, евентуално образование (факултет, курсеви и сл.) а и двајцата да бидете внимателни во поглед на тоа дали, кога и како (не-)планирате дете. Да не биде после направил дете, ај чао, баба дедо нека бидат дадилки.
@badem4e, Убаво ти е со него? Те почитува? Се труди околу тебе? Прави да се чувствуваш посебно кога сте заедно? Ако одговорот е „Да“, не се глупирај да му раскинуваш само поради тоа што ти си постарата во врската!
@badem4e, според мене не е страшно ако е до 5 години женското постаро од машкото, еве и мајка ми е постара 3 години од татко ми, па веќе 27 години се во брак.
јас бев против повеќе од4-5год разлика но потоа сватив дека нема улога годините битно е разбирањето и сродната душа ние со мм сме 8г.разлика и имаме супњр успешен брак.
јас сум во таква ситуација била и затоа би ти рекла да не се змаараш многу туку гледај си го човекот а не годините аки ти е убаво уживај со него...е сега аки веќ ти не сакаш да преминеш во посериозно нешто(брак) подобро кажи му на чоекит годинките го мафтаат веќе.
Јас со мојот сопруг сме 20 години разлика,можам слободно да кажам дека се е во зависност од партнерите..луѓето кои не познаваат лични ни кажуваат дека ни завидуваат,ние постојано се бакнуваме,се држиме за рака без разлика дали сме некаде надвор од дома или сме пред телевизор, веќе 5 години сме во брак..пак ќе кажам се зависи дали двата партнери сакаат да им успее врската или не
Здрaвo феминки .. Сaкaв нештo дa спoделaм сo вaс.. Јaс имaм 25 гoд a кoлегaтa е 40 гoд и сaкa дa oдиме нa кaфе штo мислете зa oвoa дa oдaм или?
Сеуште си млада зошто би излегла со некој од 40 години? Ти најубаво можеш да си одлучиш никој друг не може да ти кажува што да правиш. Јас имам исто 25 год и никогаш не би излегла со 40год исто како со нечив татко да излезам. Ако веќе сакаш совет јас би ти кажала да не излегуваш.
Седи си мирна, сакајте си се, не се наоѓа лесно асален човек. Не само што е глупаво, ами и плитко е да му раскинеш на некого само заради тоа што ти си постара. Јас некако до кај 10-12 години би можела да толерирам, после би ми било ту мач. Повеќе за иднината, мислам дека веќе таму кај 50-60+ ќе почне да се гледа таа разлика. Ама ако на некој му одговара, нека. Подобро со постар/а во среќен брак/врска, отколку не. Досега најголемата разлика ми била 8 години и на моменти се чувствував како мало дете. А тој пак, цело време се повикуваше на таа „разлика“ што реално ми стана напорно, затоа што понекогаш, човекот си имаше такви незрели моменти, што се прашував кој е 20+, а кој е 30+. Мислам, ако веќе се повикуваш дека си постар/позрел/поодговорен, држи си до тоа цело време, а не кога тебе ти одговара. Имав и дечко со точно шест и пол години разлика, таму јас како да му бев мајка на моменти. Неизживеаност, туго моја. Ме интересира сега како би изгледало тоа, со оглед на тоа што забегав на „стари“ години. Две дечиња фатени за рачиња. Така да, зависи од човекот. Веќе страв ме фаќа од постари без девојки, моето искуство е многу негативно. Голем дел од нив се навикнати сами и мислат дека сакаат партнерка, ама всушност им е убаво сами и (не)свесно си ги уништуваат врските. Заклучок - време е да се свртам кон помaли.
Многу зависи од тоа каков е негов однос спрема тебе. Ако те гледа “манијачки“ ондак знаеш која е намерата а ако е некој френдли тип, иди на кафе, можда му треба некој за муабет или чисто онака кафе. Јас би размислила каков е односот негов спрема мене ако го приметувам дека има задни намери а јас да не сакам не би прифатила кафе, а ако е онака комуникативен и со сите е скоро ист би, зашто да не, кафе у кафиќ е, не е кај него дома
Се изначитав најразлични коментари, интересна е темава, интересни и мислења прочитав. Почнав од првата страна, до кај 4-тата имам разлистено. А, со оглед на тоа дека јас имав постар човек од мене скоро 15 години, на мои 16,17, години... Достојна сум да муабетам на оваа тема. Прво, сум се фатила со него онака на заебанција, потоа го засакав ТОЛКУ МНОГУ... Што и ден денес се каам, многу се каам што го испуштив од раце... И му раскинав.Ама на моменти и не се каам. Ќе ви кажам и зошто му раскинав, инаку ние од бакнеж повеќе не сме имале ништо, не ни сакаше тој... Секогаш велеше кога ќе дојде моментот, ама јас го закачав многу, така што моментот можеше да дојде секој момент. А тој, ќе ме допреше,па тргнеше, а јас сирота тоа го тумачев како нешто сосема друго, зошто се трга. Ме гледаше ко незрело дете сеуште. Неспособно за ништо и непреживеано, недоживеано и глупо. Како и да е, да дојдеше до нешто посериозно, веројатно и јас ќе се тргнев, навистина не мислев на тие моменти во што можам да се впуштам, одпочетак мислев и знаев, но од кога го засакав,ме имаше во раце тој. КОГА го засакав дури и станав автоматски позрела и водев муабети кон доста посериозни теми-општо, понекогаш ме сечеше и ми велеше доста глумам возрасна. Да си бидам она што сум, како што сум била претходно,„ЈАС“. Не се сфаќавме. На некој начин на тие год, кога се навраќам, не го сфаќав јас него воопшто што се обидува да ми кажува, и обратно. За било што. Сега на овие год (24), сфаќам дека никој нема да ме љуби и сака колку што ме сакаше тој и нема никого да љубам никогаш, колку јас што го љубев него. Од тогаш навака и сум изгубена. Сеуште не можам да се пронајдам. Го барам во секој можен лик и карактер, толку разумен, толку фин и толку привлечен... Го нема! Недовербата во тие помали години ме уби, кога раскинав, плачеше ко мало бебе пред мене, солзи лиеше, БУКВАЛНО ко во филм. Ни во филмовите тоа го немам видено машко да плаче така, после тоа имам чуено и он беше паднал во депресија ја исто, од дома не сме излегувале тој 3 години НЕИЗБРИЧЕН ПРОПАДНАТ, јас 5 ГОД, БЕТЕР, што беше нашиот целосен проблем? РАЗЛИКАТА ВО ГОДИНИ. Разликата не уби, а многу се сакавме! После неколку години, на 21 кога имав, ми се јави... Пошто слушнал дека сум ептен во ужасна состојба, пред умирање. Имавме еден ист другар. Не прифатив, пошто 4 години ги поминав во болка и очај, едноставно се плашев од се повеќе. А, еве, не сум ни спиела со него. Ама нашето беше преголемо. И го доживувавме као такво и кога бевме во врска, а и кога излеговме од истата. Дали вредеше СЕТО ОВА, не би знаела да ви кажам... ПОМИНАВ СО НЕГО ДВЕ ГОДИНИ ВО СРЕЌА, СРЕЌА... И СРЕЌА... ЛЕТАВ... Сум била разиграна и премнооогу весела, сега не се ни препознавам, сум заглавила некаде измеѓу виртуелноста и никаков контакт со реалноста, оваа година некако пробувам да се протнам помеѓу живите, излезам, и да завршам факс, да постанам човек, сфатив дека патам, а излегува дека и не знам зошто... Веќе ми е и онака банално... А, би било се` поинаку, доколку би ја имала истата љубов сега да ми започнела со човек на неговата возраст. Ама од ова вадам само еден заклучок, многу имам размислено и отупено на оваа тема, пошто цели десет години ми поминаа онака додека трепнам узалуд, не требаше да ми поминат, требаше да прогледам, требаше да се освестам... Како и да е, лично излегувам на површина со заклучок дека, со повеќе од 15 год разлика во една врска кога би имал еден партнер, додека др помалку, таа ќе трае, ќе биде убаво... Зависи од перспективата на која гледате, за авантура да, но за нешто посериозно, не би успеало НИКОГАШ. Од кој и агол да гледате, нема ИДНИНА! Можеби во момент нема да ви се чини така, но од кога ќе седнете во една соба помеѓу четири ѕида, сама и осамена и нонстоп мислите на тоа, и размислите подлабоко, НАВИСТИНА НЕМА. Затоа и патем го одбив кога ми се јави. Толку од мене, на темава... Зошто можам да се заборавам и раскажувам до задутре. Како ми било и што ми било и како би било.
Никогаш не можам да ги разберам оние кој имаат партнер постар во години што комотно може и тато да му речи,прифакам постар но разумна разлика еве да кажам до кај 10 год ,не за друго заради тоа што едноставно сакам заедно да си остарам со партнерот а не тој дедо јас млада и обратно тој млад згоден а јас бабе .
А онака информативно..од каде знаеш животот што ти носи? Ете мојот сопруг е постар од мене..и што ако јас умрам пред него?..прво треба да се доживее таа старост,сите одиме натаму ама никој не знае до каде...мое мислење,биди среќна во моментот кој што го живееш..никој не знае до кога...а за годините според мене се само една небитна бројка
Не дека не си во право никој не знаеме до каде ни е пишано, ама ете ова некоја моја замисла не сакам никој да навредам среката пред се ,може со некој врсник и пекол да ти биди животот
1год сме разлика. Јас сум дадичка во ситуацијава Исти размислувања имаме со дечко ми а и не сме многу разлика,таман сме си. Никогаш не сум сакала да бидам со постар од мене, па да треба да се однесува како детенце со мене, а познавам такви случаеви каде што и на 3год разлика дечково изиграва чика као со се и свашта поминато во животот, а камо па со 10-13год .. На крај краева па, на кој како му е убаво, битно е секој од нас да си ја пронајде среќата-годините се само бројче
Ista sluucka mi se ima sluceno kako Bright samo nie se dogovorivme da izleseme ama uspat pomina bivshiot mi i se baknuvavme.i taka si gledal i si gledal...ama nema vrska i onaka ne go sakav samo se duzevme ... se neame videno odamna mslm od togas.no imam sea decko razlikata nie 18/5 so 26/5 mnogu e ??? Ve molam za sovet ??? Za da ne bide kasno koga kje se zaljubam vo nego uste povekje ??? Pls