Јас ако сум под притисок знам да се збунам, но обично не грешавам. Имам другарка што има ваков проблем и некогаш има смешни ситуации, ама некогаш е за плачење. До толку не може да разликува што еднаш не можеше да сфати како ако стоиме лице со лице завртени, мојата лева страна, кај неа е десна А ако стоиме една пред друга (една да е завртена со грб), двете страни ни се исти. Низ улици за дома се губи, посебно со такси кога оди... не знае никогаш да му објасни како да ја однесе до дома...Дали лево или десно да врти човекот. Друга другарка се пресели во нов стан, па оваа што се губи никако не можеше да запамти како сама да појде....50 пати имаме заедно појдено и таа пак сама не знае да појде. Мислев си претерува малку, ама гледам повеќето имале проблем
На мене разликувам лево и десно, ако објектот е позициониран поразлично од правецот на кои седам јас има можност да се замислам. Уште се сеќавам средно по Анатомија професорката не ми пишеше повисока од 2ка зошто срцето го научив со грешните страни, спротивно. Ама па на кој му се нема случено да се збуни, не?
Јас не дека не знам кое е лево и десно, но кога ќе ми рече некој или јас пред да речам ми треба време за да не згрешам и тоа некогаш ми претставува проблем на раскрсници. И баш пред некој ден кога се возевме со дечко ми му покажував еден пат и наместо лево јас му викам десно и го згрешивме патот.. И мислев дека сум само јас па малку се подзамислив дали е се во ред со мене...
Ееее не сум билa сaмo јaс штo мешaм левo и деснo .Кoгa oбјaснувaм нa мм кaде дa вoзе кoристaм нaтaму,нaгoре,нaдoле.Сaмa кoгa вoзaм немaм прoблем.Кoгa требa дa кaжaм деснo или левo ми требa секундa дa рaзмислaм и пaк некoгaш грешкa кaжувaм.Некoј пoгoре спoмнa нa aнглиски дa се нaучaт мoже пoлеснo ќе се зaпaмтaт,кaј мене не функциoнирa.Не живеaм мк и честo ги слушaм нa друг јaзик и пaк истo.Амa си се пoмирив сo тoa,кoгa ми се смее мм и јaс се смеaм.
И јас сум ваква, комедии дур возев часови имав згрешено насоки неколку пати, арно што не се слупав негдеМи треба така време да се подразмислам, според раката што пишувам се ориентирам дека е десно, другата страна лево И за ориентација општо сум изгубена во простор и време, ако треба да најдам нешто подобро да не сум сама, пред некое време барав адвокатска канцеларија се маткав низ чаршија и тоа со гугл мапс едно пола саат дур ја најдам, зимоска на -20 кога одев кај една другарка (а сум била претходно) исто, цело Тафталиџе го свртев кај еден другар 500 пати имам отидено и уште не можам да запамтам тие уличките по Лисиче, му вртам да ме пречека Ич не е лесно вака дезориентиран да си (исто така и рамнотежа немам може ова поврзано нешто, сигурно сум паднала ко мала на глава)
Интересно е ова со прстенот.Ама јас сум млада за мажачка хахах.Инаку,мене кога ќе ми кажат лево секогаш одам десно.Можеби пошто сум деснорака,а секогаш ги изговараме лево,па десно.И првата асоцијација ми е обратно.Фала Богу што се две страни.А да имаше три е тогај ќе беше каша попара.
Ако еден застани наспроти тебе нормално дека неговата лева страна ќе биде твојата десна и обратно.Затоа понекогаш знаеме да се збуниме. Но, познавам и луѓе коишто се доволно возрасни, а сепак не разликуваат што е десно, а што лево.
И јас сум од оние на кои тешко им оди разликувањето лево десно. Кога ќе треба да кажам правец,размислувам со која рака пишувам,на која рака носам саат или бидејќи имам белег на десната рака се ориентирам по него. Најтешко ми беше кога полагав за возачка и земав часови.Инструкторот ќе кажеше каде да возам,јас не знаев на што попрво да мислам,дали на патот пред мене или да гледам во рацете и да возам.
па не сум била сама со маката моја, уф лево - десно погодувам со мало размислување и се случува да погрешам, си признавам! И јас често го слушам од мм она „не тоа, другото лево!“ Ориентација во просторот није ми нека јака страна но во последно време се подобрувам, почнав кога одам некаде да приметувам „нишани“ односно ситници кои за друг пат би ми помогнале ако треба да го врвам истиот пат! Јас приметив и друга „фалинка“ во мозочето ми мое, имено иако сум добар математичар, супер логичар, економист по професија, при гласно читање на поголеми броеви несакајки ги пермутирам броевите, буквално едно гледам а друго изговарам, пример 46.732.знам да го кажам четириесет и шест илјади седумсто дваесет и три, и тоа многу често правам вакви лапсузи! Морав дури и на колегите да им го признаам ова па најчесто ја избегавам таа функција да читам цифри.
Немав проблем уште од мала да научам која е лева која десна страна,ама затоа пак маки мачев со ориентацијата за страните на светот. Дури и денес понекогаш тешко се ориентирам кај е исток,кај е запад па север,југ,еее тоа е комплицирана работа за мојот мозок
Се бунам и кога си идам накај дома со такси треба првин десно па лево а ја обратно ги знам страните ама ете незнам во моментот што се случува и се орјентирам по која рака пишувам така и на доктор хахаха и сама ме маваа смеа ама незгодно е кога ќе згрешиш и пред вртење обавезно се орјентирам пред да кажам.
Тоа никогаш не треба да се учи на памет, тука само логичко треба да се поставиш. Затоа што бравата на вратата не секогаш се наоѓа на едната стана. Ги има и од лево и од десно во зависност како се отвора вратата, но никогаш не е на средина, зошто ¿? Еве со одговорот ќе ти споделам логиката. Бравата ако е на левата страна од вратата кога стоиш наспроти неа, се отклучува на десно а кога стоиш на десната страна од вратата се отклучува на лево. Бравата се става од едната страна за да биде механизмот на заклучување поблизок до ѕид или столб како би обезбедоло прицврстување на тие внатре цефки/шипки што ли да се во бравата. Фактички кога отклучуваш секогаш ги одвојуваш тие две точки (ѕидот прицврстувач и самите подвижни елементи во вравата) значи подалеку од прицврстувачот, а со раката вртиш накај подалечната страна. А кога заклучуваш ги спојуваш тие точки, вртиш накај прицврстувачот т.е поблислиоѕ ѕид. ( ќе ти ја зголеми безбедноста) Така секогаш ќе знаеш како се отклучува врата П.с. Да не биде само теорија, пробај сега дома на вратата полека со логика од двете страни и засекогаш ќе знаеш понатаму Се надевам ти помогнав
Како бе не разликувате? Сериозно, прв пат слушам возрасни луѓе да не разликуваат лево и десно. Мислев во категорија дете е темава... Веројатно станува збор за неактивност на некоја функција во мозокот, што знам. За ориентација во простор и јас имам проблем зашто не гледам наоколу и појма немам кај сум поминала, па знам да се изгубам. Мислам дека лево/десно нема голема врска со ориентацијата. Тоа не ми е никаков проблем, ама пак се губам во простор. Најдов вежба, треба да одите по ред и да ги ";читате" што побрзо. Овде ви мери и време: https://faculty.washington.edu/chudler/java/hands5.html
Велат дека луѓето кои се леваци (и јас спаѓам во оваа група) многу повеќе време им треба да се сетат каде е лева,а каде е десна страна...до некаде е вистина,но не мора да значи.
Јас сум левак ама ги владеам перфектно страните. Од сон разбуди ме ќе ти кажам која е лева а која десна Кој е изворот на ова научно тврдење ?