Мислам нема врска леваци-деснаци, и јас сум левак па немам воопшто проблем а другарка ми е деснак, па ене ја ко од Марс падната. Ова до мозокот е нешто Нешто кочи во главата Инаку го читав @Читател и ме збуни што кажува, па пробував на врата и точно било А некој да каже трик при ориентирање на светот? Од прилика знам да се снајдам, ама не баш толку брзо и прецизно....Пример брат ми каде и да се наоѓа во моментот, знае точно да покаже кон која страна е Индија, Америка, Швајцарија, а мене ми треба време да се сетам каде е исток, запад...
Зошто се спореди на темава неразликување лево и десно со снаоѓање во простор, немора да значи. Јас разликувам лево и десно, некогаш знам да се збунам ама пак ќе речам кој е тој кој воопшто се нема збунето (особено на слики...............)? Ама ориентација во простор ми е ... Нула. Вртев круг пет пати дур се сетам дека исто место врвам, а ако влезам во продавница и на излегување не знам од која страна идев сем ако местото не ми е многу познато. Често еден пат знам да го врвам пример од болница до библиотеката, ама не знам од библиотелата до болница.
Точно... Мене ориентација во просторот ми е јака страна. На времето, кога немаше gps, пола Лондон го прошетав, само со карта во рака. Немам никаков проблем да се ориентирам, ама имам проблем со ЗБОРОВИТЕ лево и десно, значи ми треба секунда да помислам дали десното беше десно или лево, хаха. Ориентацијата, со разликувањето на страните како поими, нема поврзаност
И мене често ми се случува да неможам а се ориентирам каде сум, или ќе ми каже некој лево, а јас десно ќе заминам.
Немам таков проблем и колку што се сеќавам никогаш не сум имала. Како пушка можам да кажам каде лево, а каде е десно.
Можно е дека всушност разликувате лево и десно но од некоја причина мозокот не го препознава поимот (зборовите лево и десно). На пр. многумина талентирани за учење странски јазици ако ги прашате за глагол, именка и сл. ќе се збунат нема да знаат да одговорат (како и децата) но одлично ги владеат јазиците во пишана и говорна форма. Не случајно TOEFL испитот по англиски нема дел граматика, бидејќи познавањето на граматиката се гледа веќе од самата примена.
разликувам лево и десно, додуше кога бев мала ми беше тешко да научам ама со тек на време сфатив. НЕ можев да се водам со фактот дека десна страна е таа со рака и пишивање зашто сум левак. А на тато му е многу тешко, кога треба да каже што е лево прво си го бара срцето кај му чука, и така одредува и десно Спојлер единстевена забуна што ја имам е на кога на спротивна страна терба да одредам што е лево а што десно. Зошто ако имаш човек одспротива твојата лева страна е недова десна и обратно.
По малку, да. Не се сеќавам дали како дете имав проблем, ама сега ми се случува да се подзамислам на неколку секунди, и да погрешам ако одговорам брзо без две секунди претходно да размислам или погледнам во својата десна рака со која пишувам. Исто не можам да се ориентирам во однос на страните на светот (исток, запад, север и југ). Имам чуено дека ние луѓето кои имаме проблем со ориентација во простор имаме предиспозиција да развиеме одредени типови невротски нарушувања како анксиозност или депресија. Како и Алцхајмер и Паркинсова болест во подоцнежните години. Се надевам е само мит.
Јaс сo деснoтo oкo не гледaм бaш чистo, пa пo тoa си знaм кoјa ми е деснa, a кoјa левa стрaнa. #трaгичнo
Ау баш не имало многу И јас сум си една од тие што незнаат лево десно, а ориентација и остало сум топ. Важам за водич во фамилија, ама ете страниве не ги разликувам ако не размислам. Секој ден го слушам она "другото лево" и "другото десно". И добар возач сум , ме научија па ми викаат сврти десно и истовремено со раката покажуваат па немам проблем. Ако згрешам, се враќам назад
Грешка душо, не си добар возач, незнаеш што е лево а што десно...а што ако нема кој да ти покажува со рака, а што правиш ако треба да одиш на пат и вклучиш...ЗА ПЕТ МИНУТА СКРЕНИТЕ ЛЕВО...а...тешко тебе
Татко ми е одличен возач, а ако го прашаш која боја е црвана или зелена, ќе се позамисли. Не е далтонист, разликува бои, само ете како поими, т.е зборови, не му се разграничени. Исто е и со лево/десно... Зошто ако јас ги мешам поимите, значи дека сум лош шофер. Ако на знак покажува, пример, Скопје, и стрелка на десно, ќе си свртам десно. Или задолжителен правец со стрелка лево, ќе си свртам лево. Што толку е важно дали за зборот лево и зборот десно треба да се замислам секунда да ги поврзам со точната страна, со тоа дали си добар возач или не.
Суштината ми беше лево и десно како поими.Како зборови.Има луѓе што може веднаш да ти кажат лево ли е десно ли е.Како што може да кажеме дали е нагоре или надоле.Некои луѓе имаат потешкотии,па малку се подзамислуваат.
Јас уште од мала имав проблеми со ориентација. И ден денес имам понекогаш проблеми со разликување на лево/ десно, ми треба некоја секунда да размислам. Имавме една вежба на факултет, огледало се вика и нели огледалото спротивно отсликува, дур да се навикнам дека лева таму е десна кај мене се нервирав ептен