Дали сте за тоа вашиот дечко или пак девојка да го има вашиот пасворд,да се уклучува од кај вас.?Мислења,искуства-За или Против
Не. И сум многу против тоа некој да ми ја гледа приватноста. Штом ми побара пасворд на фб, тогаш ќе знам дека љубомори.
Порано сметав дека е многу паметно да ја знам неговата приватност и тој да ми ја знае приватноста. Сега на овие години сметам дека не би требало, бидејќи треба да се има доверба.Фејсбук е само социјална мрежа која не смее да влијае на една врска, како тој си има приватен муабет со своите другари, така и јас си имам приватни муабети со моите другарки.Ако вршам постојан надзор тоа го нарекувам контрола и обид за контролирање кого треба да има во пријатели и со кого да контактира. Ако дечкото сака да те изнервери ќе го стори тоа на многу друг начин,па нема ни да дознаеш.
Имам едно правило кое гласи - Ако тој/таа ти побара пасворд, треба да го/ја откачиш. Со првиот дечко ги имавме разменето, тој прв ми побара и многу се налутив, не му правев муабет еден ден па после демек се каел, не требало да ме напнува, глупости, а секогаш кога ќе го сменев се лутеше зошто сум го сменила. Беше болно љубоморен. Прва врска ми беше и бев наивна, но сега попрво би го изгубила дечкото отколку пасворд да му дадам. Тоа си е моја приватност каде никој нема право да се меша. Во втората врска ниту јас му побарав пасворд ниту тој мене. Не ни имам потреба јас да го знам пасвордот на дечкото, навистина не ме интересира и ја почитувам неговата приватност како што сакам и тој да ја почитува мојата.
Јас не би му дала пасворд на сопруг, а не па на дечко (кој денес го има, а утре може да го нема). Не дека имам нешто да кријам, само несакам некој во моја приватност да чепка.
Нема шанси. Иако ми е сопруг, приватност си е приватност. Ниту му чепкам ни сакам да ми чепка. Не дека имам нешто али несакам. Може ако ми е вклучен тел да види нешто и толку.
Јас го знам пасвордот на маж ми (случајно го дознав), а он не го знае мојот. Никогаш не сум го проверувала што пишува и со кого. Се уклучувам само да играм игри и секогаш е он на прво или второ место во игрите. Хахах
Никако! Треба доверба да има во мене а не да ми бара пасворд од фб и обратно. Кога мене ми побарал пасворд јас би го откачила, таков не ми треба.
Ние си знаеме пасворди уште кога се фативме, сега сме во брак и уште си е исто. Не е тоа за да се проверуваме, тоа не се случува си веруваме, но онака не можеме да криеме еден од друг ништо
Секако дека не. Има приватни работи, разговори. Иако знае скоро се' за мене сепак имам другарки кои мене ми ги доверуваат работите, не на дечко ми па и некогаш се консултирам со нив во врска со изненадување наменето за него. Не би сакала тоа да го знае
Не сум за тоа да си размениме пасворд. Немам потреба од тоа, некој ако сака да те изневери ќе те изневери и нема ниту да осетиш си имам јас и со другарки приватни разговори кои ми се довериле за нешто, секако дека дечко ми не мора и тоа да го знае
Ние кога бевме во врска а и сега во брак си ги знаеме пасвордите ... ништо не кријам а исто и тој ,а мојот фб воопшто не е исклучен. Ако му го знам па тоа незначи дека јас сум љубоморна и сега го проверувам , колку пати ми има мм речено ај уклучи се од кај мене и побарај го тој и тој и пиши му ....А како што спомна феминката над мене мислам дека ако имам доверливи разговори со роднини и пријатели ќе си се викниме на кафенце и ќе си кажиме се што сакаме. тоа е според мое и негово мислење ...
Да, но не ретко сум далеку од тие со кои си муабетам и не сме во можност да пиеме кафе и да си кажуваме
Дефинитивно не. Не дека кријам нешто, всушност и што би криела? Ама си стојам зад тоа дека и фејсбукот си е лична работа и не сакам никој друг освен мене да ми чепка, ниту за игри, ниту за ништо. Поголема глупост од ова немам видено, всушност имам тоа е чепкање по туѓ телефон. Довербата е една работа, социјалните мрежи друга. Ако сакам да го изневерам некого преку фејсбук секако не можам.
е да ако си далеку не можите да си разговарате на кафе ...како и да секој си има право на мислење за пасвордите
Да, како и за се друго, секој има различно мислење Но, држи вода и твоето... за жал, далечината е проблем
Ние сии ги знаеме пасвордите со дечко ми уште од почеток ама не му копам по разговори со другари а ни он мене со другарки само чисто онака си ги имаме ако некој нешто сака да погледне
Да бе, јас моиве одвај си ги памтам, стопати морам да се самохакнувам на разни мрежи, па уште на некој друг да ги мислам!
Јас на дечко ми му го знам пасвордот уште пред да го стави. Не, најсериозно, му ги знам пасвордите на сите мејлови, не зашто ми ги кажал со посебни церемонии туку зашто знам како размислува и кои пасворди би ги ставил. Фб немаме ама милион пати се случило да се уклучам на негов меил зашто треба нешто да му завршам работа. Јас имам еден и единствен пасворд за сите мејлови, страни, форуми... Да сака некој да ми хакне, нема ич да се измачи. И дечко ми го знае и памти само зашто е тој еден пасворд. И не гледам ништо страшно тука. Нит ми отворил, нит ме проверувал, нит па ми наредил да мора да му го кажам пасвордот. Штознам, за мене е ова небитна ствар. Чудо големо ако ми го знаел пасвордот или јас неговиот. Одма во трансови паѓање приватноста ми ја нарушувал. Бре, бре... Да било задолжително давањето пасворди, јас немало ни да бидам со него, зашто тука не би бил проблем пасвордот, туку неговата посесивност и болна љубомора. Така што...