Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Размена на пасворд со партнер

Дискусија во 'Врски' започната од mami-123, 18 февруари 2016.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.057
    Допаѓања:
    36.097
    Пол:
    Женски
    Треба да се има приватност. Има некои муабети што ги правам со другарки, а не сакам маж ми да ги знае. Порано си ги знаевме пасвордите. Сегашниот пасворд на фејсбук не ми го знае, ниту пак го побарал. Исто е и со пасвордот на скајп.

    Му го знам пасвордот на платежната картичка, а он постојано го заборава и ми ѕвони на телефон да му го кажам. Хахах.
     
  2. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Не, пред се ради муабети извадени од контекст.
    Со наш пријател си имаме посебен начин на комуникација, која не секој може да ја разбере. Муабети извадени од контекст и остало. И јас а и дечко ми. Можеби некој пријател сака да ми се довери за нешто и немал друг избор, освен фејсбук. Зошто некој друг тоа да го чита, па дури и да е дечко ми?
     
  3. VladeMila

    VladeMila Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    8.515
    Пол:
    Женски
    Нема што да криеме,меѓутоа мојата приватност си е само моја.Не сум му дала пасворд на мм,а и тој не ми побарал,а јас неговиот случајно го дознав,ама не му кажувам,и некогаш од чиста радозналост го отварам-лошо нели;)
    Ќути што нема ништо сомнително,освен неговите милион игрици као да е мало дете..
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Не можам да ги разберам некои членови овде што му го даваат пасвордот од фемина или што му кажуваат како се потпишани.Сепак,не пишуваме овде само некои секојдневни,општи работи,па ајде да нема врска.Дека пак некои пишуваат за бившите,за секс и слични теми,и мислам дека нема причина зошто некој да знае за вашата интима.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. niki_88

    niki_88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2016
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Незнам која е потребата да се знае пасвордот на партнерот од било што, фејсбук, маил, скајп, макар и телефон... Доколку се има обострана доверба и си веруваат еден на друг нема што да си навлагаат толку во тие разговори...
     
  6. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Не гледам зошто се направи толкава галама за обострано познавање на пасвордите.

    Некако, нормално ми е тоа, после толку години заедно, заедничко живеење, па и баш поради довербата. Мислам, во ред е тоа што некои парови, ете, решиле да не си разменуваат пасворди, сепак тоа е индивидуално. Ама баш поради довербата која ја имаме еден во друг, нема зошто да се драматизира околу тоа.

    Колку пати само сум била во исчекување, но не сум била дома, па сум го замолила да ми го проверува меилот, или инбоксот на фб (зависно од тоа каде сум чекала одговор) и обратно.

    Со телефоните не се ни замараме толку.

    За форумов знае, за моето минато знае, за неговото и јас знам, за некои моментални ставови исто така знае... Едноставно, нема што да криеме еден од друг. Вака многу подобро комуницираме.

    Така што, се’ е индивидуално и се’ е работа на избор. Приватноста во многу долга врска и во брак добива една малку поинаква дефиниција од онаа помеѓу двојка која е пократко време заедно.
     
    На Sanjichka007, eloves, Daydream и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Denica333

    Denica333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2016
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Иако сум 6 години во брак, пасвордот на што и да е го сметам за моја интима, не се стекнува или одржува доверба со тоа што ќе го знае пасвордот мојот сопруг.
     
  8. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Додека вие дебатирате дали размена на пасворд со партнер е добра работа (читај: НЕ, НЕ Е!), еве другарка со која се знам и (активно) дружам од 2011. година, и која пред неполна година фати дечко (прва сериозна врска) ги тргнала сите машки пријатели од профил (вклучувајќи ме и мене) и го направила најприватен што може.

    Кревам чаша за искрената и исконска љубов! :d:
     
    На crazylady, Kukla994, LittlePinky и 11 други им се допаѓа ова.
  9. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Не не и не. Овде девојките се виновни што потпагаат под уцените на својот партнер од тип на - Ако не ми го дадеш пасвордот, криеш нешто, ќе ти раскинам. Сречан ти пут тогаш.
    Јас ако сакам да го изневерам, ќе го изневерам без око да ми трепне. Ако сакам да скријам нешто пак ќе скријам без оглед дали ми го знае пасвордот или не.
    Фејсбукот чуда прави, а е само обична социјална мрежа на која не треба да се придава големо значење.
     
    На eloves, crazylady, deskarada и 2 други им се допаѓа ова.
  10. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.938
    Пол:
    Женски
    Јас пак се нервирам, никако да ми запамни пасворд на маил|(. Секогаш кога сменам телефон му давам тој да ми го среди и секогаш прашува " кој ти беше пасвордот? "|(

    На друго нити ми побарал, нити го интересира, нити пак мене за неговите.

    Имам една пријателка која и службен маил на мажот му отвара...фб, вибер, скајп тоа нормална работа е за неа. Јок, не ми требаат толку информации, ќе се:drunk:
     
    Последна измена: 20 февруари 2016
    На crazylady, duffi и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  11. ***nekoja***

    ***nekoja*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2015
    Пораки:
    496
    Допаѓања:
    873
    Пол:
    Женски
    додека бев во врска дечко ми го имаше пасвордот на фв и јас неговиот не би ми пречело пак да го дадам бидејки мојта совест и душа е чиста немав тајни од него .....мислам дека не преставува проблем секако ако не криете ништо од партнерот.....
     
  12. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Не е криење проблемот туку овде е меѓусебната ваша доверба во врската.
     
  13. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    ^ Нема врска тоа со доверба. Во долга, сериозна врска или во брак тоа е навистина нешто толку небитно. Не знам дури ни како би го објаснила. Не го бараш пасвордот, не ти го бара, ама сепак го знаеш и ти го знае. Како? Не знам. Ете јас кажав и претходно дека толку многу го познавам, што знам и каков пасворд ќе стави. Тоа во секојдневието во неврзан муабет ќе го дознаеш. Сигурно нема да го земам лаптопот од него, да го кријам, па да уклучам меил. Или да не треба да му речам да мижи? Од кого да кријам? Од човекот кој ми ја знае секоја моја најминијатурна тајна и слабост? Па за еден пасворд бе да се секирам толку.
    Не го проверувам, не ме проверува. Не знам како да објаснам колку небитна ми е таа информација. Немам ниту најмала љубопитност да ѕирнам. А исто и за него можам да потврдам. Со текот на годините си доаѓа тоа, да не се замараш за глупости.
    Има врски каде што давање пасворд е нешто задолжително. Тоа не го оправдувам. Ама како што кажав и претходно, тука не би бил проблем давањето на пасвордот, туку љубомората и посесивноста. Да било така, јас немало ни да бидам во врска со дечко ми.
     
    На crazylady, Mayyya и R.o.s.e им се допаѓа ова.
  14. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Приватноста е потребна во секој период од животот и на секој од нас.
    Врската или бракот не се нешто што значи дека партнерите треба да се претопат еден во друг. Слободата не можете да ја најдете во ограничувањата, туку во контролата која ја имате над себе. Ако не умеете да ја поставите како што треба, посесивноста и љубомората ќе ја поткопаат довербата.
    За мене, тоа е толку небитна информација што нема потреба од објаснување. Љубопитноста ми е сведена на толку ниско ниво што дури и не постои за да ме поттикне да проверувам негови документи, ниту пак тој мои.
    Едноставно не се преокупирам со нешто што не ме засега.
     
    На crazylady, toogood и anel им се допаѓа ова.
  15. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Ти можеби не си имала тајни пред него но верувам дека твоите другарки не би сакале нивните тајни да бидат читани од страна на некој си таму рендом лик кој не им значи ама баш ништо.
     
    Последна измена: 20 февруари 2016
    На crazylady, shy, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. ***nekoja***

    ***nekoja*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2015
    Пораки:
    496
    Допаѓања:
    873
    Пол:
    Женски
    nikogas mi nema procitano razgovor so nekoja drugarka mn retko i go uklucuvase mojot fb skoro nikogas samo ako bese potrebno da vidi nesto ili da provere nesto a razgovor nikogas ne mi e cital ;) srekna bev sto imav takov decko.....
     
  17. ***nekoja***

    ***nekoja*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2015
    Пораки:
    496
    Допаѓања:
    873
    Пол:
    Женски
    si imavme doverbaza toa i on skoro nikogas ne go otvarase mojot fb....
     
  18. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Точно така.
    Еднаш со една другарка си имавме навика да си пишуваме за секакви проблеми, па и пишав еден реферат (кој не беше обичен, имаше премногу лични работи) и по 5 минути ми враќа дечко и. Искрено се изнервирам многу, таа кому сака нека го дава пасвортот ама може барем да ме извести да знам, а не да се зафракава.
    И други другарки имам што дечковците им ги имаат пасвортите па размислувам 5 пати пред да им пишам и внимателно бирам зборови кои ќе им ги пишам, оти дотичните им висат 24/7 секако ќе го прегледаат деталниот разговор, па да не ме сфатат погрешно.
    Јас пасворти не паметам да сум давала. Многу ми е без врска сето тоа, ич да не ми отвора дечкото па ќе се осеќам глупаво, си имам јас мои муабети со другарки.
    Не дека сум криела нешто, туку едноставно е, ако сакам да се договорам со некого половина ден сум низ град, сигурно нема да седнам да се договорам на фејсбук знаејќи дека дечко ми ќе прочита. Исто така пораки, разговори итн многу лесно и едноставно се бришат. Ако некој сака да сокрие нешто, ќе сокрие, па вие ако сакате и телефон, и фејсбук, и поштенско сандаче проверувајте му, ако некој наумил да ве изневери тоа и ќе го направи, никој и ништо не може да го спречи, затоа викам важен е човекот со кого сте во врска и секако довербата.
     
  19. delevingne

    delevingne Популарен член

    Се зачлени на:
    26 август 2014
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.018
    во врска сме 2 години и си го имамо пасвордот уште кога ни беа месец дена,два.тоа за мене не претставува проблем,ништо не криеме меѓу себе,разговор со другари не му читам,му верувам и онака од љубопитност се уклучувам кај него,тој мене не ми верува баш од многу причини но сепак не седи по цел ден на мој фб и не чита разговор и со денови не се уклучува,имам другарки кои се против давање пасворд,ги разбирам и тие кои се против и тие кои не се :)
     
  20. mila1111

    mila1111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски
    Haha :) iskreno nikogas ne mi ni padnalo na pamet da mu pobaram pasvord nitu mene mi pobarale, mnogu mi e bezveze i sum protiv toa ne, ne i ne...hah kolku mi e smesno i prosto i za zalenje koga decko-devojka, maz-zena imaat zaednicki fb profil :rofl:(facepalm) Dafina Miso Hristovi :$