Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Размена на пасворд со партнер

Дискусија во 'Врски' започната од mami-123, 18 февруари 2016.

  1. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Никако не би разменила. Ние си имаме меѓусебна доверба и такво нешто е сосема непотребно. Постојат ситуации во кои една порака на пример може да биде сосема погрешно разбрана а реалноста да е многу поинаква. Така да, не сум за тоа, ако некој решил да има тајна и покрај тоа што ќе го добиеш неговиот пасворд немора да значи дека нешто ќе дознаеш затоа што тој кој умее да прикрие ќе најде начин. Размената на пасворд не значи ништо и дури ми делува и многу детски. :D
     
    На Milobebence и stejsi2005 им се допаѓа ова.
  2. zborlesta

    zborlesta Активен член

    Се зачлени на:
    11 август 2016
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Не би разменила затоа што знам дека нема потреба од тоа. Искрено не сакам да гледам во неговата приватност а ни тој во мојата. Имам целосна доверба во него а и тој во мене.

    Тие кои имаат проблем со довербата и тие што се љубоморни го прават тоа.
     
  3. lolanomnom

    lolanomnom Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    2.324
    Ич проблем немам со тоа, на фб мислам дека нема кој по дома не ми го знае пасвордот, често се уклучуваат моите, или дечко ми става постови на некои страници што ги водам така да фб ми служи за тоа само. Инстаграм не знам кој ми е пасвордот, поврзан ми е со фб :D Пасворд немам на телефон, едино маилот ми е позаштитен ради сметки, мејлови од работа и слично. И пак никад не ме прашал дечко ми кој ти е пасвордот дај да видам дај ова дај она, некако последниве година дена толку не обрнувам внимание на друштвените мрежи да проблемов ми личи малце и детски некако, баш последна работа со која се замарам...
     
  4. krofnicka27

    krofnicka27 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    823
    Допаѓања:
    12.614
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно сум против ова! Во една врска треба да се има доверба, а не пасворд од фејсбук. Не сакам ниту некој да ми чита мои разговори, ниту јас да читам туѓи. Како што јас си имам некои одредени теми за кои сакам на пример само со другарка да зборувам, така и тој си има теми за кои зборува само со одредена личност..Тоа е нарушување на приватност. Ако се сомневам во нешто, ќе побарам лично тој да ми покаже, ама пасворд да му барам, тоа никогаш! :)
     
  5. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    4.555
    Пол:
    Женски
    Фала многу не треба! Нема што тој да ми ги чита муабетите со другарките , без разлика дали тие биле за проблеми или за влошки , интима си е интима. Многу работи можеби не сакам да ги кажам на него или не можам. Ниту сакам кај него да роварам , многу пати бил фејсбукот негов оставен на видик или слично ниту еднаш не сум ни помислила а не пак да копам.
     
  6. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    54.343
    Пол:
    Женски
    Никако
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    849
    Допаѓања:
    8.360
    Пол:
    Женски
    Од ова нешто поглупаво, немав слушнато.
    Без навреда према никого ама земање пасворт од туѓи фб профили, давање на дечко да прочепкува низ цел телефон и сличните глупости ми се тотално детски и незрели.
    Не сум давала никогаш, ниту би дала пасворти и слични глупости. Мој фејсбук си е моја приватност, исто и телефонот.
    Сметам дека пред се во една врска после љубовта, многу е битна довербата. Ако се нема доверба џабе е се. А не би била со човек кој не му/не ми верува/м.
     
    На poenta и Feminka22 им се допаѓа ова.
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Не долази у обзир.Он ако сака нека ми даде од мене не добива.
     
  9. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.145
    Допаѓања:
    50.524
    Пол:
    Женски
    Не гледам ништо страшно во разменувањето на пасворд. И тој го знае мојот пасворд и јас неговиот, не дека не си веруваме. Толку работи знаеме еден за друг, толку работи му имам кажано за себе и тој за него што не ми преставува никаков проблем да ми го знае пасвордот од фб.
     
  10. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Никој не кажа од нас дека е проблем, но што ако со другарките си кажувате некои тајни работи?Сигурно не сакаш да прочита.Женски сме знаеме како е.Или другарка ти да ти пише нешто битно и он да чита?Зошо?Тоа што е меѓу тебе и дечко ти е меѓу вас двајца а тоа што е меѓу тебе и другарките е меѓу вас.
     
  11. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.145
    Допаѓања:
    50.524
    Пол:
    Женски
    Не сум кажала дека некој од вас кажал дека е проблем туку јас си мислам така.
    Тоа кај мене не функционира така. Со другарки повеќе кoмуницирам на телефон или во живо.
    Секој си има различно мислење за ова.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Jane.Birkin

    Jane.Birkin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    1.941
    Пол:
    Женски
    Ниту јас му го знам пасвордот ниту тој мене ми го знае, а искрено и јас не си го знам:D Претходно многу пати сум му го кажувала ама тој некако не го става на ум и не го памти:drunk: Инаку и јас не сакам да му го знам затоа што му пишуваат многу колеги, пријатели и роднини, а јас немам нерви да враќам ниту пак знам што да им вратам :angel: Тоа ми е некако не знам како да кажам, до 16 години е дозволено, подоцна не:tmi:
     
  13. Lara&Lana

    Lara&Lana Активен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2018
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Немаме фб, но instagram,snapchat, e-mail и се останато ист pasw ние сегде, не дека за проверка али секогаш ги заборава и морам јас да му ги памтам, а и од досада кога нема што да гледам кај мене на instagram snapchat гледам од кај него.
     
  14. Neophodna

    Neophodna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    550
    Пол:
    Женски
    Ја му го знам пасвордот и он ми го знае пасвордот,не е ништо лошо
     
  15. Daniela2610

    Daniela2610 Активен член

    Се зачлени на:
    20 март 2018
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Nikogas nema sansi
     
  16. beauty007

    beauty007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    640
    Пол:
    Женски
    Не треба да ми верува,а ако не ми верува чао пријатно. Не бива џабе е се ако се нема доверба пасвордо од фејзбук не гради стабилна и цврста врска, други работи се поважни ова не треба да го има во една врска .
     
  17. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    Za pasvord od fb ne mi go znae i nema potreba da mi go znae. Mailot da mi go znae zatoa sto go koristam mnogu retko a znam da mu kazam ukluci se isprintaj mi a i imase problem so negoviot mail pa go koristese za preprakanje mojot. Mislam ne sme nekoj neznam kakvi korisnici na mail pa taka da toa ne mi smeta. I se znae pasvord na karticki platezni heheheh drugi pasvordi ne
     
  18. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.824
    Допаѓања:
    5.547
    Од социјални мрежи не, ниту тој мојот пасворд не го знае ниту јас неговиот. Не дека би ми пречело многу и да го знае ама сметам дека не е ок да ги чита проблемите и на моите пријателки што некогаш ке ги пишат или некој муабети што си се меѓу нас. Од картичките од банкомат да нормално си ги знаеме пасвордите.
     
  19. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Бившиот беше љубоморен па дури и инстаграм и вибер и се имаше кај него најавено за да ми чита. Еднаш по зафрканција му кажав дека имам лажен профил и од таму договарам средби и се налути ќе раскиневме за малку. Потоа му објаснив дека тоа негово контролирање не води никаде, може само да ме фати инат и да му раскинам. Му објаснив со убав смирен тон дека ако јас решам нешто да направам тој поим ќе нема нема ни да насети. Денес има начини. Ако треба по мејл ќе комуницираме :D :D
     
    На Milobebence и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.031
    Допаѓања:
    55.327
    Пол:
    Женски
    Нити сум му побарала пасворд нити ми побарал. А и нема потреба искрено, си веруваме потполно. Ако ми пиши некое машко секогаш му кажувам и се смееме заедно. :D И него исто ако му пиши некоја, но ова ретко се случува. Си имаме целосна доверба. Понекогаш си ги позајмуваме телефоните за нешто и никогаш немало сомнежи и љубомора.
     
    На lunchy и Milobebence им се допаѓа ова.