Олабави се со многу размислувања. Сите ние имаме многу лица со сите, секого на различни места во различно време различно се понашаме. На жената тоа и е професија и браво успешна во својата работа. Надвор од работно место и она е жив организам како тебе. Браво секоја чест за се што си направил, сам си заслужен
Само јас ли не ја сфаќам темава, или? Мислам, нејзина работа е да ти помогне, а што си прави со животот после работа не треба да те интересира.
Многу ми е жал зошто многу малку ја разбравте суштината, мислам дека само Виктор го разбра постов што го напишав. Вака прво тоа што ќе ме наречете еднаш зависник за секогаш зависник не ме навредувате тоа е точно, но јас такво гадење и таква нетрпеливост имам кон било која зависност што на моменти сум дури и неподнослив. Ми се гадат сите кафани, клубови, забави каде се служи алкохол, едноставно не поднесувам алкохол ни во моја близина. Второ пушењето е една од нај тешките зависности што постои се смета дека толку јака колку што е хероинската зависност, по 30 години ги оставив и цигарите и тоа со некој мој мал план кој беше колку да ги олесни првичните симтоми кои беа агресивни со големи главоболки кои со време попуштаа, но тука некој некој „експерт“ се јави да ми дава совет како ќе сум станел зависник кон нешто што не се станува зависник После овие работи самодовербата во мене е толку голема што и нема крај така да јас гордо и со исправена глава ова го говорам без и око да ми трепне, оние кои сакаат да се потсмеваат или да го негираат они едно не знаат колку сила треба за ова да се постигне а второ не знаат каков цврст карактер треба да сте да го направите ова. Алкохол ај и така и така но цигари па дали 5% од населението успева да остави цигари и вие тука ми кажувате ете така си пафкала, тоа павкање се вика пушење. Мене ми е многу жал зошто не ги разбирате проблемите во кои живееме, а тоа е дека насекаде околу нас се пие, по слави се дава алкохол на мали деца, децата кога ќе излезат од школо гледаат коцкарници, пушат од деца (или павкаат онака како што пиша тука некој ) не спортуваат и умираат на 50-60 години а до ти 50 години живеат нај мизерен живот и сето тоа за многумунина е супер. Епа извинете за мене не е! Епа не е супер, не е супер да заглавуваш во понзи шеми, не е супер да пушиш, не е супер да не се грижеш што јадеш, не е супер да не спортуваш. Лично јас сум победник во својот живот зошто победив во две битки, во бизнисот ми оди повеќе од добро имам воспоставени модели кои носат приходи кои се над сите просечни плати во Македонија. Немам потреба никому да му се правдам само ме фаќа жал за оние кои допрва влегуваат во животот со какви размислувања се повеќето во Македонија.
Сега уште да ни кажеш со крипто дека се занимаваш. Не ни имав намера да те навредам, побогу зошто би се навредувал на форум. Непознати луге без улога во животецот твој. Damn, се премногу лично сфаќате, ништо да не искоментира друг ако не ви е во прилог не давате. Oh, wait..
Точно е и со крипто се имам занимавано но незнам колку ти се предзнаењата за да ме разбереш, крипто холдер или некој што чува крипто не сум, зошто знам повеќе од останатите каква е технологијата на криптото односно дека сите крипта се СКАМ Да му кажеш на некого дека еднаш зависник секогаш зависник е точно но ако некој не пие 10-20 години а друг за тие години иако никогаш не пиел се пропие што од тоа? Јас почесто такви гледам отколку овие што се лекувале па не се вратиле. Туку тоа е позади мене и многу не ми е интересна темата која веќе не ми е интерсна. Туку малку за пушењево или како што тука напиша некој „павкањето“ Е тоа павкање е по голема зависност од алкохол, според сите меродавни студии, Само 5 % успеале да престанат да пушат самостојни а 15% со помош подршка од медикаменти и стурчни лица. Додека процентот кај алкохолот е над 50% успех, Сега тука некој пиша 20 години пушел и за 2 дена престанал Значи или тука има генијалци, или заборавени позади тастатурата па се губат во време и простор или навистина комуницираме со супер луѓе, или со луѓе кои се патолошки лажговци, Еве некои општи фази за одвикнување од пушење. Фази на прекинување со пушење: Прва недела (Период на детоксикација): Ден 1-3: Никотинот целосно исчезнува од телото. Желбата за никотин е многу интензивна, со силни симптоми на откажување како нервоза, главоболки, и тешкотии со спиењето. Ден 4-7: Желбата за никотин и останатите симптоми остануваат силни, но почнуваат да се намалуваат. Прв месец (Акутна фаза): Недела 2-4: Симптомите на откажување постепено се намалуваат, но желбата за пушење може да се појавува периодично. Во оваа фаза може да се појават проблеми со апетитот и качување на тежина. Првите три месеци (Стабилизација): Месец 2-3: Психолошката зависност продолжува да биде предизвик, но физичките симптоми се намалуваат. Потребно е да се фокусирате на промена на навиките и избегнување на тригери за пушење. Прва година (Долгорочна стабилизација): Месец 4-12: Желбата за пушење и понатаму се јавува, но со значително помал интензитет. Луѓето кои успешно ја надминуваат оваа фаза имаат голема веројатност за долгорочен успех во престанување со пушење. Типични симптоми и времетраење: Желба за никотин: Може да трае неколку недели до неколку месеци, но интензитетот значително се намалува по првите неколку недели. Раздразливост и нервоза: Најчести во првите неколку недели, со постепено намалување во текот на првиот месец. Проблеми со концентрацијата: Обично се најинтензивни во првите две до четири недели. Проблеми со спиењето: Може да траат неколку недели, со постепено подобрување. Зголемен апетит и качување на тежина: Може да продолжи неколку месеци, затоа е важно да се обрне внимание на исхраната и физичката активност. Депресија или анксиозност: Овие симптоми може да траат неколку недели до неколку месеци, но обично се најинтензивни во првите две до четири недели. Важно е да се запомни дека секој човек е различен и симптомите може да варираат во интензитет и времетраење. Престанувањето со пушење е процес кој бара време, трпение и поддршка.
Никој не те навреди погоре. Самиот даде толку многу фолозофии и себе констатации што искрено мислам дека сепак канализираш некои работи. Браво што си работел на себе, ама не значи дека жената што одиш на терапија е лош човек ако пуши цигари. А ако сметаш дека нема да ти помогне, не е доволно стручна итн, смени ја. Едноставно е. Нема потреба од реферати, без навреда
Лош човек ако пуши цигари не сум напишал никаде Напротив јас за сите зависници мислам дека се добри луѓе но се зависници
Стар виц: Докторе, ќе живеам 100 години? А докторот : Пушиш? – Не Пиеш? -Не Трчаш по жени? -Не Епа што ќе ти е да живееш 100 години?
Љубов, книги, патувања, споделување, спорт, комуникација, нови амбиции...би биле подобри варијатни за стариот виц! https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/15293843/#text=Results: Sigmund Freud was a,bluntly refused to quit smoking. Фројд имал рак на јазикот, инаку. Јунг пушел луле, како на сликава, ама умрел 1961, пред да бидат познати последиците од пушењето... Ни генијалциве не се изземени од земни слабости, секако , но, ние „обичните“, не мора да ги трпиме последиците од зависности кои се докажано штетни, за нешта кои тие не биле пред два века...Згора на тоа, медицината и психологијата како колективен потфат, се помудри од кој било гениј одделно...И пред сѐ, smoking is not sexy! Зависностите не се секси, општо!
Колку добро едноставно и со голема поткованост ова се го опишуваш, БРАВО Виктор. За жал кај нас не се ни свесни колку се штетни пороците, само на темава ќе сретнеш она само си павкала не тука но на слава дади му на детето да се напие машко е. На родендени гледам како деца од 7 години баш седум години доаѓа кај таткото му ја зема чашата од пиво и ја пие пола на екс. Одговорот машко било, каквов простотилук каква заостанатост. Дали се свесни тие родители дека таа количина на акохол кај толку мало дете може да направи трајни последици?
Претпоставувам не се, инаку, немам друго објаснување. Јас се ужаснувам од такви постапки. Фала за комплиментот.
Никогаш не давај пари за празношупливи појави. Освен за здрава храна од зелен пазар или од село и за облека од ваикики или поевтини бутици, за друго не се даваат пари. Ти посакувам успеси.
Подалеку од пороци, ве гризаат и нема назад. И што дека после 10,20, 30 години ќе се откажете кога здравјето е веќе отидено? Друго, сите пороци ви го олеснуваат џебот. И не е ок пола плата да се троши по кафани и за цигари, за пафкање и локање пива. Кај некои пушачи забележувам дека навистина остареа, никакви заби, брчки... Па погледнете колку нашето население е болно, млади луѓе под 50 години со по неколку дијагнози, млади брачни парови се борат со неплодност, за што пороците прават штети.
Ако до 40 години се остават цигарите тогаш процентот за болести поврзани со пушењето се исти како со оние кои никогаш не пушеле. Ова е под услов до крајот на живото да не се пропуши, според едни англиски истражувања што читав. За алкохолизам, дрога, коцка незнам, но верувам дека таму ситуацијата не е иста. Алкохолот многу му наштетува на здравјето на организмот така да таму многу влиае колку време и со колкави количини си имаат пиено. Инаку да во право си нека прошета било кој навечер, на боемска во лептокарија нека ги подзабележи тие „среќни“ мортус пиани луѓе како сите имаат прекумерна килажа, како изгледаат во лицата и дека речиси повеќето се со некоја хронична болест, жално е
Психијатар може да ги препише, било каде. Само не сум сигурна дека кај нас е достапна таа терапија, мислам дека најблиску во Србија.
Среќа што овие двајца во тоа време не знаеле колку е штетно... Да знаеле ќе си умреле млади, а не вака на 80 и кусур (се знаело уште тогаш за последиците - Фројд со сигурност знаел! Многу луѓе свесно и без каење си ги избираат и уживаат во пороците, со кои им даваат боја на животот. Што од боемство, што од стресна професија, што како социјален лубрикант, лесно можам да замислам доктор што пуши, шљока итн).
Да не бараме статистика но луѓе добро заглавени на пороци ретко натфрлаат 50 години а обично од 40 до 50 години тоа тешко дека и живот може да се нарече. Батали филмови за боеми, нема такво нешто се е тоа лага.
Се разбира дека само еден фактор не влијае позитивно/негативно на животниот век, за мене, тебе, Јунг или Фројд, туку цела мрежа од веројатности, и веќе ако можам барем на еден фактор да влијаам ќе се држам до тоа. Дополнително, се повикувам на искуствата во сегашноста, не од 19 век и секако не на анегдотски приказни, вицеви или инает. Ако ти сакаш да пушиш, и/или да си одржуваш/негуваш зависности, повели. Јас веќе сум видел многу луѓе што умреле од нив, или квалитетот на живот им бил многу намален. Секој има избор, и во ред е, ние тука да го посочиме тоа, па, сега изборот останува на секој од нас.
Да поедноставам. Доктор / професионалец е важно да го краси стручност, амбиција, знаење, минат труд, човечност, што конзумира во меѓувреме и како се декомпресира, не важно. Ова не е морален пургаториј, туку прашања на живот и смрт, се друго паѓа во втор план.