Објаснив погоре, би се повторувал инаку, а ниту сакам да се повторувам ниту да се надмудрувам. Да им оставиме простор и на други луѓе. Ако сакаш да се допишуваме, повели, пиши ми порака.
Јас не се сложувам, сметам дека гените се најбитни ,генетските предиспозиции и генетскиот материјал што си го наследил, џабе ти е здрава исхрана,спорт се доколку пример сибсклон во блиски роднини, родители имаш болни од дијабет, срцеви болести некои видови рак и ред други болести, процентот и ти млад да заболиш кај тебе е поголем отколку да речеме кај некој пушач кој има добри гени И да речеш алкохолизмот е полесен и подобар од зависност од цигари е крајно несериозно , па побогу алкохоличар не ни размислува чисто, не знае кај се наоѓа ти со цигари споредуваш?тоа е твое мислење но не го наметнувај и ко демек само твоето е точно и крај Јас пушев по 2кутии на ден и ги оставив буквално одеднаш ,штом дознав дека сум бремена ги оставив, не осетив никаква главоболка ни нервози , анксиозност и ред д-р што набројувам, а знам и други што ги оставија откако многу ги поскапеа, но не познавам ниту еден алкохоличар кој рекол од денес не пијам и на тоа останало но ти тука ке трудиш полесно било?не е полесно тоа е само твое искуство и мислење Др знам еден комшија со години лежеше во Негорци мислам , па по манастири неколку години помина го лечеа од алкохолизам, се врати еве го секој ден е пијан а години се лечеше Др дедо ми е 92год пуши од дете ,нон стоп му е цигарата в рака сам си ги прави од оние од пазар тутун си купува, се храни со паштети, кобасици,салами кажува уживал во нив со мерак ги јадел, и сеуште си е на нога, среќа не е алкохоличар но си пие по една на сабајле Од Др страна комшиката до нас ни пие ни пуши , вежбаше 3пати неделно ,и секој ден течеше здрава храна овошје зеленчук, тие семиња и штити знам, се тоа помодарство имаше 27год кога доби рак на бели дробови од оној агресивниот облик ,почина за неколку месеци, а знам и др такви примери, но да не должам Сепак убаво е што си надминал твоите зависности, но не е твоето искуство закон а статистиките очигледно не точни
Не се тоа мои мислења, тоа се статистички податоци од меродавни извори. Изворите се од Процентот на откажани од алкохол и излекувани е до 50%, исто од меродавни извори. Да не наведувам ако сакаш и за тоа ќе ти наведам извори. Види јас те разбирам тебе дека работите ги мериш како ти мислиш и од таа вродена логика, но таа вродена логика нај често е повлиаена од нашите родители кои исто така биле неписмени по ова прашање и ни набиле некои стереотипи кои немаат никаква врска со реалноста, па така наоѓаш комшија, пријател познат и бараш да најдеш баш тоа што ти го пренеле родителите како би верувал во лагата и глупоста. Во Македонија во сите области постои правило на практицизам, а тоа е зошто комшијата така направил тоа е така. Затоа тонеме со развој во сите области, зошто не користиме светски параметри туку функционираме како да живееме во среден век. Обично во нашата средина е нормално дете да пие по една чаша вино или пиво на слава посебно ако е машко, така дедото кажал. Да се опиани во средно, па срамота ако не го направи тоа како ќе се дружи, цигари? Мааа неее ете го дедото на 95 години поуши супер е. Не драга тоа е се мит и лага. Исклучоците ги земаш како правило што не е можно и е сосем погрешно. И наркомани има што живеат по 80 години и што значи сега дека треба сите да се дрогираме? Ти нема логика ова што си го напишала Мислам дека сум по прецизен сега?
Па остави им . Никој не ги спречува другите луѓе, плус нема рестрикции на број на одговори елем. Едвам три пораки на форумов сврзав. Какви приватни пораки, се е тука јавно. И он топик ! Да живеат докторите со жив дух, долу менторите и превоспитувачите!
Демек до 40 години белите дробови и црниот дроб ништо не ги разболува штетата не се важи хахаххаха логикава
Истотиот одговор како погоре, само овој пат нема да барам истражувања, направи го ти сама, повеќе ќе ги цениш одговорите, не го кажувам јас тоа туку меродавни истражувања. Не кажав за црниот дроб туку за бели дробови. Користете наука, не лажете, не уфрлајте зборови и не правете каша од вашите мисли, не се водете од тоа што дома ви го кажале користете ги истражувањата кои се меродавни и се многу по веродостојни од тоа што некој мисли или некој му кажал. Овој феномен во Македонија мора да се напушти еднаш за секогаш! Ако сакаме да мрднеме барем малку и да не сме последната дупка во светот!
Секако! Иако да искрено се сомневам дека луѓе како тебе би ги интересирало истражувања, посебно овие кои се едни од нај врвните списанија каде не секој може да објави било какква глупост. За да ти прифатат истражување и да го објават овде треба да ги има сите методологии запазено, со прости зборови не може било кој да објави. 1. Намалување на ризикот од коронарна срцева болест Истражување од American Heart Association: По една година без пушење, ризикот од коронарна срцева болест се намалува за 50% во споредба со луѓето кои продолжуваат да пушат . 2. Намалување на ризикот од рак на белите дробови Истражување од The Journal of the American Medical Association (JAMA): По 10 години без пушење, ризикот од рак на белите дробови се намалува за околу 50% во споредба со луѓето кои продолжуваат да пушат . 3. Намалување на ризикот од мозочен удар Истражување од American Stroke Association: По 5 години без пушење, ризикот од мозочен удар се намалува на ниво како кај непушачите . 4. Долгорочна регенерација на белите дробови Истражување од The Lancet: По 15-20 години без пушење, ризикот од коронарна срцева болест и рак на белите дробови се приближува до оној на непушачите. Истражувањето покажува дека по 15 години, ризикот од коронарна срцева болест е речиси ист како кај непушачите, додека ризикот од рак на белите дробови е намален на 80-90% во споредба со пушачите . 5. Подобрување на функцијата на белите дробови Истражување од European Respiratory Journal: Во текот на првите неколку месеци без пушење, функцијата на белите дробови се подобрува за околу 30% во споредба со пушачите. Ова подобрување продолжува постепено во текот на следните години . Преглед на релевантните истражувања: American Heart Association (AHA): Истражување покажува дека по една година без пушење, ризикот од коронарна срцева болест се намалува за 50%. The Journal of the American Medical Association (JAMA): Истражување покажува дека по 10 години без пушење, ризикот од рак на белите дробови се намалува за 50%. American Stroke Association: Истражување покажува дека по 5 години без пушење, ризикот од мозочен удар се намалува на ниво како кај непушачите. The Lancet: Долгорочна студија покажува дека по 15-20 години без пушење, ризикот од коронарна срцева болест и рак на белите дробови се приближува до оној на непушачите. European Respiratory Journal: Истражување покажува дека функцијата на белите дробови се подобрува за околу 30% во првите неколку месеци без пушење. Треба уште?
Ова е во ред. Туку темава е за его билдање колку шо сфатив, само членовите не сфаќаат дека треба да аплаудираат и да се возхитуваат. Ти си испаднал многу попаметен од терапевтот. Колку земаш од сесија?
Добро претпоставив дека тебе не те интересираат меродавни информации нели? Ма какво его билдање, живеам чист живот секој ден, посебно откако и не пушам не користам ништо што не е здраво, се трудам да се хранам здраво, вежбам напорно секој ден, се трудам да сум подобра верзија од себе секој нареден ден, креирам и создавам нови бизниси, уживам во нивното растење, го живема животот со полни плуќа, супер се чуствувам! Да можам да нудам курсеви како да создадеш свој бизнис, зошто позади себе имам 3 успешни и доста неуспешни, Што има тука лошо?