Разум или срце

Дискусија во 'Врски' започната од lylaby, 29 април 2010.

  1. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски
    Еве вака прво прашање, што сметате дека е најпаметно да се послуша разумот или срцето или двете комбинирано (што кога срцето е заљубено разумот не функционира баш баш па незнам колку ова држи)???
    дечко бр 1.
    -знае да слуша и имате одлична комуникација
    -високо образован (што дава некоја сигурност за во иднина)
    -од образована, фамилија интелектуалци
    -добра душа
    -симпатичен, физикусот не му е баш јака страна но харизматичен
    дечко бр 2.
    -некогаш како едноставно да не ве разбира ,комуникацијата не на мн високо ниво
    -нема високо образование ,ни работа не е мн амбициозен ,боже мој можеби ќе му успее но..
    -патријахална фамилија,ниско ситуирана ,жената готви пере ,мажот носи пари и има главен збор ,добри луѓе но некогаш наликува и на малку примитивна средина
    -добра душа
    -премногу згоден
    кој ќе одберете?
    Можеби и ќе ви биде смешно ова откако ќе прочитате,сепак љубовта не е математичка пресметка,разумот логично е да е на страна на првиот,но што ако срцето ве води кај вториот??тука се замрсува :) Ајде баш интересно да видиме како размислуваме на оваа тема ..
     
  2. Milena.n

    Milena.n Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Според мене кој те привлекува повеќе...точно е дека со првиот ке имаш посигурна иднина ама од друга страна дали те привлекува? Зошто парите и статусот нема да те исполнат ако срцето ти е празно.. а кај дечкото бр.2 па ќе си нервозна ако се патријахални..па со тек на време може и да не те привлекува...нема формула во љубовта, ама па ако веќе се двоумис кој има подобри особини кој не и со кој од двајцата ќе ти е подобро, размисли дали воопшто искрено сакаш некој од нив :) зошто по обичај љубовта заслепува и немаше да го видиш ова вака :D
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.164
    Допаѓања:
    69.253
    Пол:
    Женски
    Бев во донекаде слична ситуација пред повеќе од година дена. Си дадов време да сфатам со кого ми е поубаво - и одбрав. Сега не се каам за мојата одлука, ама ако ме прашаш дали си го следев разумот или срцето, не знам што да ти одговорам - мислам дека беше комбинација од двете :) Ама знам дека срцето ме влечеше на вистинската страна, а разумот само ми помогна побрзо да одлучам. :)
     
  4. Popova

    Popova Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    6
    секогаш срцето, е сега од овие два тип кој би одбрала хм па незнам мислам првиот заради тоа што никад не би можела да бидам со човек кој не ме разбира и не знае да комуницира па макар тоа и да е најубавиот маж на светот
     
  5. beautiful87

    beautiful87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    109
    Obrazovanieto vo denesno vreme i nema nekoe golemo vlijanie vo toa dali covek ke uspee vo zivotot ili ne, pobitna e mislam snaodlivosta i vrskite za zal. Za nekoja godina moze ovoj bez visoko obrazovanie sto e, poveke da postigne i uspee vo zivotot no i ne mora da e taka, nema pravilo. A za toa dali treba da se slusa srceto ili razumot :?: mislam deka nikoj nemoze da ti go dade tocniot odgovor, nekogas odlucuvame so srceto, nekogas so razumot, no mislam deka koga vo nekogo si vistinski zaljuben i pokraj site mani i nedostatoci sto gi ima ti go sakas i togas ni razum slusas ni nisto :). A vo odnos na nadvoresniot izgled voopsto ne e biteno, koga ke ostarat i dvajcata nema da bidat ni ubavi nitu pak zgodni :lol: . Taka jas mislam deka treba da vidis kon koj te vodi srceto, a za vtoriot za nedostatokot na komunikacija i toa sto ne te razbira na toa moze da se poraboti i da se podobri.
    pozz
     
  6. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.459
    И јас го мислам истото, не можам да замислам да бидам со некој со кој нема да можеме ни муабет да си напраиме како што треба :) Инаку јас срцето би го следела повеќе од колку разумот, ама не можам да се заљубам во некој само ако е згоден ( како дечкото бр. 2 во случајов ), туку мора прво да имаме некое ниво на комуникација, да имаме заеднички теми на разговор, да се разбираме и почитуваме меѓусебе ( како дечкото бр. 1 ) Во твојот случај јас би го избрала дечкото бр 1 затоа што има подобри карактеристики, а кај бр 2 освен што е згоден ништо добро не видов. Е сега ако ти толку многу го сакаш дечкото бр 2, тогаш твое е да си одлучиш,а подобро е да се следи срцето.
     
  7. Braveheart

    Braveheart Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    87
    „Само со срцето можеме најдобро да гледаме.Најважното е невидливо за очите“-Малиот принц

    Ако срцето е празно, се друго е за џабе.
     
    На ZoeRaivotar и Magnolija им се допаѓа ова.
  8. strawberry18

    strawberry18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    16
    Jas momentalno go imam(t.e. ne znam dali go imam zasto sme skarani) deckoto pod broj 2. osven so e ubav i zgoden i toa mnoooogu zgoden, komunikacijata ni e na zalosno nivo i non stop se karame nemame zaednicki jazik. osven zborovite "te sakam " i delenje neznosti i strasti, nemame nkoja komunikacija i vekje mi se smaci. vo dilema sum-da go ostavam ili ne ?
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    16.734
    Допаѓања:
    34.054
    Разум. И се согласувам дека дечкото под број два има само една добра карактеристика која ќе избледнее со тек на време. Нема баш некој баланс помеѓу 1 и 2.
     
  10. cupidsarow

    cupidsarow Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    10
    дефинитивно првиот хаха ..
     
  11. Ferhunde-L

    Ferhunde-L Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    13
    И јас би играла така.
     
  12. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    3.609
    Кој повеќе ќе ми се допадне,секако.Кој ќе го одбере срцето...Мене воопшто не ми се битни парите или образованието.Барем засега...
     
  13. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    89
    Така е багуфче..и јас не гледам по образование и пари.Има многу образовани кои сепак си се прости и немаат никаков кодекс на однесување а се фалат само со нивната диплома,а има некои кои што можеби немаат факултет па подобро да се однесуваат зависи....и би го следела срцето!
     
  14. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.489
    Допаѓања:
    2.632
    Да избираш меѓу разумот и срцето не значи да избериш образован човек или со пари или некој од друга вера или не знам што друго...Нема врска тоа. Изборот или двоумењето е во тоа дали да продолжиш со грешката кога си свесна дека ја правиш или едноставно,да си допуштиш да си малку себична и да уживаш...
    Јас имав ваква ситуација. И погодете што?
    Отпрвин го избрав срцето,но потоа созреав..И почнав да размислувам со главата.
    И сватив дека ако си рационален задоволството е двојно! :)
     
  15. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    649
    Допаѓања:
    29
    Така е багуф4е се согласувам со тебе
     
  16. N.E.87

    N.E.87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    10
    Стерите рекле многу паметни работи,ама ке издвојам само овие две:
    Убавина до година!
    Со љубов немозеш да го наханиш своето дете!
    Така да мораш и малку и на ова да мислиш,и пред се да имаш некој кој ќе може да те РАЗБЕРЕ кога ке ти е теско.Нормално мора да има и љубов,мегутоа ако барем несто чуствуваш за првит јас дефинитивно би рекла дечко бр.1
    Можеби додека сме млади несакаме да видиме дека ова е точно и мислиме дака само со љубов можеме се да решиме,мегутоа кога ке дојдат проблемите на ред,тогаш најбитно е да имаме покрај нас некој кој што ке не разбере и ке не подрзи.
     
  17. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски
    Едноставно не е толку лесно,со едниот носам багаж минато сме се сакале мн другиов сепак е нешто поново нешто недопрено од љубомора караници и сл чуда.....агонијата уште мене ми трае додека јас се решам ќе останам сама,и се си мислам дека подобро е со разумот,едноставно така нема грешка а срцето е слепо....фала за постовите ама јас сум тотално збунка ....
     
  18. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.934
    Беатрис,најубаво да оставиш само по себе да си дојде се.Што треба да биде ќе биде.Времето ќе покаже...Ти опушти се и не се замарај само.
     
  19. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    89
    Точно се сложувам со тебе! Но што ако го следиш разумот а всушност не е тоа што ти го сакаш и го отфрлаш повикот на срцето?
     
  20. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.489
    Допаѓања:
    2.632
    ^^ Тогаш,ќе мораш да живееш со тоа...Затоа што,само љубовта никогаш не е доволна.Таа не ги плаќа сметките,ниту купува чевли,ниту носи храна на масата....Во одреден момент сите тоа го сваќаме и тогаш почнува каењето.Најдобри се оние кои ќе го признаат тоа. Јас сепак мислам дека секој оној кој се откажал во вистинскиот момент,дека едноставно,не му било судено..И дека му престојат многу други денови на одбирање,кога секогаш срцето ќе биде прво..Но некогаш,мора да го направиме и тој избор...Така созреваме! ;)