Кажав и пак ќе кажам дека си во право.Но сигурно кога се загледуваш во некој примарна не ти е материјалната страна туку самиот човек.Јас не велам ајде сега да земеме некој без ништо.Далеку од тоа.Па ни јас не сакам некој таков.Но,не секогаш тоа носи среќа и џабе ќе ти се парите и се кога ќе го немаш најпотребното се надевам дека се разбираме...
Во право си...Парите не може да ти ја купат среќата....И ние младите сеуште уживаме само во љубовта,не сваќаме ништо сериозно... Уживаме во најдобрите години,нели!
Мене дилемата и не ми е толку само околу материјалната страна,иако како поминуваат годините сфаќам дека има голем удел и тоа ако не др да има доза на амбициозност кај партнерот да бидес сигурна покрај него....Дилемата се однесува и на верноста,на човечноста на компатибилноста на се...а само малкууу ме закачка тој материјален дел кој верувам како стареам ќе ми биде се поважен и поважен....Инаку голем поборник на љубовта сум,верувам во њубов но некако во последно време,,,сфаќам дека е преценета
Според мене ќе го избереш првенствено оној кој те сака,внимава на тебе и си важен дел од неговиот живот.И зборува преку делата.Материјалната страна е битна не велам не.Сигурно не е некој без ништо.Но со амбиција и пред се среќа може да се сменат многу работи.Има многу случаи кога некои биле горе сега се доле и обратно.Материјалната страна да,е многу важна,но и релативна работа.Треба да го почувствуваш задоволството на среќата а не на парите....А другите карактерни особини кои ги поседуваат самата ги знаеш и треба да одлучиш...
Една недела се мислам дали да го пишам мојот проблем или не...ако сака некој да чита дел од проблемиве... Значи го знаев од мојата 5та година,живее до мојата зграда.Не бевме блиски се до минатата година т.е минатото лето.Тој значи се измува со 2-3 мои другарки,а јас го гледав исклучиво само како другар.Зимото почна да ми се свиѓа но не пробав ништо со него зошто мислев дека подобро би било да останеме другари.Тој беше до мене кога плачев за машки...Значи...другарска љубов.Се беше така до почетокот на ова лето.Имав јас еден мувач,ништо озбилно,само авантура,кога он ме викна на кафе.Отидов,се беше убаво воа ноа...И дечкото ме измуваа.Кога дојдов дома ми рече дека сака и мисли нешто озбилно со мене зошто одсекогаш ме свиѓал,а да признаам и јас него бидејќи е прееееубав Одевме еден месец,го засакав.Ми викаше дека и он ме сака.Преееубава врска,поубава немам ни видено ни доживеано. Значи се беше супер.Пред 2-3 недели приметив нешто чудно почна да се однесува спрема мене.Не беше толку фин. Можеби бидејќи се зближивме премногу.Висев кај него значи.Јадев,спиев,му праев кафе,глеав телевизија,седев на ком. Цели денови бевме заедно.Никоаш не ни помислив дека може да ме излаже за нешто.Коа дечкото да фанел да се договори со една...да не речам ама ај ќе речам расипана девојка,да се муваат. Таа вечер ми рече дека ќе оди со другар му а јас го видов излезен.Му се јавив и коа го прашав каде е,ми рече дека сега се симнувал надоле од кај другар му. Ја веќе сватив дека лаже и почнав ладно да се однесувам.А тој таа вечер бил договорен со неа,ама она не дошла.Другата вечер, иде таму каде шо седам јас со другаркиве и ми вика шо било вчера работаа,зошто сум се однесувала така. Реков дека нема проблем ова она бла бла и си заминаав. Таа вечер он ми се скара и ја не спиев цела ноќ.А дотогаш не знаев за таа другата.Другиот ден ми кажаа се.Ама јас требаше да одам на одмор.Отидов шо отидов,се вратив и разбрав дека доека бев на одмор,он се мувал со неа.Ама дента кога си дојдов он и раскинал.Ми пиша мене за да се видиме и да расчистиме.Ми објаснуваше се...а јас мислев дека ме изневерил.Ми рече дека ако ме изневерил шо сум сакала да му напраам а ако не ме изневерил да сме се смиреле.И ја прифатив договор.Разговарав со девојчево и ми кажа дека не ме изневерил.Разговаравме сите тројца и он кажа дека она му била само рекреација додека ја сум била на одмор.Она се разочара од тоа и си замина.Се смиривме таа вечер,ми рече дека ме сакал.Одиме 2 месеца веќе...Го сакам многу.Проблемот е шо сите сите сите сите ми викаат дека сум била глупава шо сум се смирила со него и никој не верува во неговите зборови.А само ја верувам.Веќе незнаев шо да правам и решив да му вратам некако и...го изневерив...Понашањето негово е исто спрема мене.Добар е,мисли на мене,ми се јавува да се видиме,не сум го фатила да лаже одкако се смиривме,ми вели дека ме сака,мнооооогу е љубоморен...Само незнам дали сум во право шо се смирив со него.Срцево ми вика оди со него,разумот ми вика остави го те лаже...Го сакам многу,никогаш не сум засакала некој за толку кратко време...Има он 18 и пол години а јас 15 и пол.Немаме односи,а и нема да имаме за скоро време.Планиравме брак,деца,работа... Незнам шо да правам? Да продолжам да го изневерувам? Да бидам ладнокрвна спрема него? Да му се скарам? ве молам за совет.
Се изнамачив додека прочитав се.Прво многу си мала за да можеш со некого да палнираш брак,деца,работа итн,ремногу си мала.Животот е пред тебе,ако не се лажам сега треба да си за прва година средно,значи пред тебе имаш средно школо,а ако ти сакаш и факултет.Не вреди да си го губиш времето со некој што те лаже,а тој дефинитивно те лаже што тоа девојче толку многу се навредило и си отишло.Имаш живот пред тебе не е ни прв ни последен,еее додека да дојде време да се мисли на брак ќе се заљувиш уште многу пати. Изини ова можеби и ќе те навреди малку,ама тоа и мое мислење.И како што имам кажано и погоре неможеш еден ден децата со љубов да ги раниш.Јас мислам дека си премногу мала за се,ама тоа е сепак мое мислење .
Сега ќе бидам втора година средна школа. Само таму згреши Планирање на деца,брак,работа се е заебанција,онака Незнам дали ме лаже...така ми викаат другарките,они знаат се шо знам и јас. Е вчера еден негов другар ми рече дека ќе го прашал дали ме сака бла бла,па ќе видиме...Сеа пред 5 минути се каравме зошто ми се налути зошто не сум верувала дека ме сакал и демек ми ја полнеле главата... аа да продолжам ли да го изневерувам? сакам да му вратам за се шо ми направи...
И што ќе постигниш со тоа ако го изневеруваш?Мислиш дека ќе го повредиш?Ок ќе го повредиш ќе се скарате и која репутација ќе ја имаш ти?Ккао ќе гледаат на тебе си се запрашала ти тоа?Не е само тоа решение......а сигурно те лаже одел со неа а не се мувале е што правеле тогаш?И сигурно дека сето тоа е исценирано за пред тебе али сепак ти си со него и треба сама да го согледаш неговите постапки и дали лаже или не....А за изневерувањето нема да постигнеш ништо освен што тој ќе дознае и ќе ставите крај на врската,а според кажаното мислам дека ти не го сакаш тоа!
Јас мислам да бидам строга со него,ладнокрвна... Малце да види дека нема веќе лабаво со мене.Оти он мисли ја се ќе трпам.Епа нема. За изневерувањето...ќе изневерувам,НИКОЈ нема да знае.Така сака и тој со кој го изневерувам дечко ми...Барем мислам дека ќе се осеќам ко да сум направила нешто полошо од што направил он.Нема да верувам во секој негов збор.Само сакам да знам дали ме сака...
јас мислам разум..до сега ниеднаш не ми помогнало срцето... разум си е разум ем паметно и без драстични последици
И јас имав поточно уште имам таква дилема Треба рационално да се размислува, што е тешко кога си многу заљубен и во облаци. Секако дека треба да постои љубов, тоа е важно, но не и најважно, зашто како викаат:„Од љубов не се живее, треба и нешто за јадење“.
Прво го прочитав примерот со дечковците под реден број 1 и 2 и веднаш ми падна в очи преголемо генерализирање. Ако е образован тоа ама воопшто не значи дека ќе е во корелација со тоа да е амбициозен или дека материјално ќе те обезбеди, бидејќи која е веројатноста дека и да има најдобро платена работа нема некогаш да добие отказ и дека нема да работи ама баш ништо друго, бидејќи нели тој е експерт на едно поле и не ќе ги валка рацете со нешто испод ниво. Од друга страна секој маж во Македонија очекува од жената горе-долу некоја спремност за извршување на домашните активности - готвење, перење, чистење и др. не гледам ни овде корелација во тоа дека овој повеќе би помагал или сл. Друго не се сите интелектуалци со просечен физикус, а др. пак презгодни. Нити па сите емотивни дечки се неамбициозни, патријархални итн. Значи не верувам во вакви општи генерализации, а тука секогаш оставам простор и за промени луѓето се менуваат и на подобро и на полошо во животот, значи ако некој го сретнеме и е со одредени ставови и др. карактеристики не значи дека ќе остане засекогаш таков, луѓето се живи суштества подложни на развој и падови, не се математичка константа пр. пи која секогаш ќе изнесува 3,14. Зад ова стојам цврсто. И на крај, емоциите и разумот се секогаш во корелација дури и кога ние не сме свесни за тоа. Зошто да не може да сме емоционални и рационални истовремено?! Нема потреба од нивно одвојување и нема копче да се исклучи едното и да настане апсолутното владеење на другото. Има ли доказ дека нема интелигенција без емоции и обратно? И не гледам која е целта на вакви конструирани спротивности.
Јас морам да си кажам што ми леже на срце и да бидам малку офф топик. Да не бидам погрешно сфатена, пишувам за женските под 20 год. Имам 17 години и мака ми е кога ќе зборам со некои глупачки за нивниот идеален дечко и кога ќе почнат да ми зборат за нивните критериуми. И веднаш почнуваат сакам богат дечко кој убаво се облекува, да носе такви и такви патики, да биде паметен од фина фамилија. И како тие демек имале високи криетриуми. Место да уживаат во секој ден и да си го следат срцето, да бидат со дечкото кој ќе нема доволно пари да ги часте кафе, ама кој навистина ќе ги сака и со кој ќе имаат моменти и спомени богати со љубов. Кога ќе одбирате човек за мажење е тогаш следете го разумот. Разумот може да ве излаже, срцето никогаш.
Ми требаат многу повеќе информации за дечковците на прва страна за да дојдам до заклучок дали првиот или вториот. Крај краева борбата разум-срце не е дали едниот е богат, образован а другиот не. Кај мене барем се сведува на тоа нешто што ги побива моите принципи, но срцето вика : Го сакам!!! Се трудам да ги контролирам хормоните и да го одберам разумното, сепак разумот е тоа што не прави поразлични од животните, не е за џабе даден. Секогаш гледам реално да ги гледам работите колку што можам повеќе бидејќи со моето досегашно искуство сум сфатила дека срцето и тоа како е способно буквално да не заслепи.
За понуденото би рекла „да видам па да знам“, бидејќи и не е баш некој избор за кој што би можела да зборам дур очиве и сетилава не осетат а, ако типот што го велиш згодниов е многу згоден а комуникација со него јок, мене и мозок и срце би ме влечеле кон нешто скроз друго ... шо знам Инаку ја знаете песната Луе Луе оо бејби ме гат то гоу ?!? Паметам имаше еден филм во кој оваа песна беше главна причина за препирка меѓу тројца неверојатно различни по карактер браќа. Проблемот и за тројцата всушност е текстот на песната од каде што и ќе сфатите можда нешто. Едниот од браќата вели дека песната е за фраерот кој што откако многу добро „пољуљал“ некоја девојка ја остава ; Вториот вели, песната е посветена на најголемата љубов на пеачот, кој и вели „жалам прекрасна моја но јас заминувам, сепак ти не грижи се, јас и ти ќе се сретнеме наскоро“ бла бла И третиов кој вели песната е за морнар кој што треба да отплови и си ја остава девојка му пошто д' мен из он а мишен !!! Па, кого би вие?!? Значи, бунтовникот без причина, кој нуди љуљање и ништо повеќе; без надежниот романтик со кого можете да го поминете целиот живот во романтика; или мистер прагматик за кого најверојатно најромантичната замисла за почеток на врска или брак веројатно би била во стилот „мене ми е добро со тебе девојко, ако сакаш да пробаме па можеби ќе се роди и љубов“
Колку и да бидеме разумни ,ако срцето одлучило поинаку , тогаш разумот е немоќен ... Очите само го впиваат тоа што СРЦЕТО го ПОСАКУВА !!!! Е така феминки мои..ако срцето е празно џабе шо умот ќе знае дека го направил правилниот избор, иако релативно е и тоа колку е правилен. Јас бев во ваква ситуација и си го одбрав срцето и не се каам ни една секунда..Излезе дека овој мојов разум и не бил разумен баш
долго време се водев со срцето. значи разумот вели едно,срцето друго и што да ви кажам сега си ги сносувам последиците
Секогаш е така, разумот вели едно а срцето друго... Но јас сепак би си го послушала срцето па колку и да се тешки последиците нема да ми биде криво... Сум го направила тоа бидејќи така сум сакала
Јас сум за овој. Сметам во одреден период до живтот треба да се водиме од разумот, а во друг од срцето. За се си има свое време.