Скоро секогаш им давам предност на емоциите т.е. на срцето. Без разлика дали е правилно или не... Подобро да го направам тоа што го сакам во моментот, па ако треба и да се каам потоа, отколку да живеам според туѓи правила и очекувања.
Srce, za taa shto znae da vrati so srce.. a u princip kombinacija ako ne znaesh da ukluchish razum kade i so kogo treba kje ti bide drug kriv posle
Финтата е да го разбереш срцето. Што сакаш и како сакаш и да го користиш разумот да го постигнеш тоа. Има подолготрајни емоции од краткотрајни промени на расположение. Треба да се користи разумот за добивање на тоа што води до долготрајни емоции.
Според мене, прво мора да научиш да се сакаш себеси. Откако ќе изградиш силен концепт за себе, срцето и разумот ќе се најдат на иста бранова должина и ќе работат заедно во твоја корист. Па оттука, за било каква одлука, секогаш лесно ќе го бираш најдоброто за себе, со ем разумот среќен, ем срцето полно
Секогаш разумот го користам, ако на млади години го користев срцето веќе ќе бев под ледот. Никој да не се лажи дека не се заборава, се заборава и тоа како, посебно кога ќе помине извесен период па со ладна глава човек ќе си размисли и ќе си рече фала ти Господе што си ми дал памет, е до толку!
Срце нормално, па ако сака и у амбис нека ме однесе. Среќен и со добри спомени ќе рипам. Животот е еден и краток и треба да се живее до даска. Кај ќе одам со разум, тоа ти е како да возиш кола со полу дигната рачна и на резерва. Не сум Васо Ладачки и сигурно нема да бидам.
Со разум ама и со срце мора некој да ме привлекува кога ќе го погледнам да буди некаква убава емоција во мене.Така 50/50.
Разум или срце? Секогаш разумот ми преовладувал. Тоа потекнува од моето песимистичко гледање на работите и претерано размислување. До сега барем, негативните околности се тие кои тежнеат вагата помеѓу разум и срце да се навали накај разум. Знаев дека некогаш ќе дојде момент каде што и негативното гледање на ситуацијата нема да е доволно за да победи разумот. Повторно постои дилема сега. Разум или срце, но никогаш ваква ситуација, средина, еднаквост на тежините на вагата. Ако преовлада разумот, тогаш би ми било криво, зошто барем еднаш не превземам ризик. Ако преовлада срцето, крајниот исход би бил 90% разочарувачки, 10% среќен крај. Е овие 10% тежнеат и се надеваат, се трудат вагата да ја навалат кон срцето. Не сакам баланс. Не сакам неодлучност, не сакам вакви ситуации каде што не можам да предвидам ништо.
Мислам дека 70% ми е срце 30% разум. Јас ако не се водам со срцево мислам немам мир во себе не сум јас јас. Разумов ми се вклучува само ако светне некое црвено знаменце.