Гледајќи наназад како го пребродив периодот се чудам самата на себе од каде ја најдов силата. Јас не зборував воопшто, дури многу малку луѓе знаеа за дијагнозата. Пред да ми се случи тоа не си ги валидирав многу сопствените емоции, па затоа и реакцијата ми беше таква. Тоа е што е, ќе стиснеш заби и ќе го поминеш. Не си дозволив да бидам ранлива, мислев дека е слабост, така функционирав цел живот дотогаш и така ми беше нормално да се справам и со тоа. Ама имав многу голема мотивација, едноставно знаев дека ќе бидам добра. Само одев напред и сакав да излезам. И излегов. Од денешна перспектива сметам дека можеби би била малку поотворена и поранлива за да не ги поминам истите работи што се случија последователно како анксиозност и панични напади. Можеби би немала преголеми очекувања од себеси. Се надевам нема да дознаам. Ви посакувам на сите да се изборите, без разлика на кој начин. Сите сме различни и сите различно се справуваме. Правете тоа што ви се прави и како се чувствувате најдобро. Најважно е да победите на крај.
Сакам да кажам дека сум страшно анксиозна зошто за некој ден имам хемо#4 и место да се радвам дека уште две ќе ми останат, јас паничам дека можи пак запек ќе имам. Нов страв - отклучено.
Морам да си кажам да ми олесни. Денес ми е rollercoaster ден на Онкологија. Луѓе немаше, ептен рано влегов за хемо. Прелесно ме боцна сестрата на место (вена) кој никој на право ја нема погодено. Па имав реакција на новата терапија и мораа да ме свежнуват, и да прајме пауза. Па дознав дека имам екстра инекција шо ќе ја примам 18 пати, на три недели и денес ја примив првата, в нога. И толку ме пржеше и болеше шо плачев. Длабоко се извинувам на сестрата шо беше сведок. Башка "all inclusive" ден имам, ми се поклопи и Золадексот денес. Па еднаш в рака ме боцнаа, еднаш в стомак, еднаш в нога. А, растев и мислев дека се в газ оди ама од дете ме немат таму боцнато. Јебига, има и вакви деној. Ама имам уште два пати и то ме држи во живот. Уште д в а пати. Па ќе ве частам торта.
Вчера случајно ја видов темава тргнав да пишам одма ама не иде. Денес конечно се решив со некоја кнедла во грло, иако не зборам со никого лично. Помина една година од мојата дијагноза ама боли исто како вчера да беше. Уште се трудам да прифатам што и како ми се деси скроз ненадејно кога конечно се почна да оди на подобро… Завршив со хемотерапија, имав чист пет скен, превентивно имав и зрачење. Сега пробувам пополека да се вратам во нормала. Во овие моменти дефинитивно најбитна е поддршката. Знам дека за сите блиски луѓе е шок и секој на различен начин реагира. Мене ми беше многу полесно да се изолирам од сите, не сакав никој да гледа како ми е, да ме жали или па на моите да им биде уште потешко. Колку е правилно тоа не знам, ама беше некој мој начин за и јас полесно да поминам се… Сега кога се навраќам наназад гледам дека уствари за време на сите хемотерапии јас и не сум билна свесна за ништо. Како времето да беше застанато за мене од соопштувањето на дијагнозата ( која ја прифатив многу смирено и нормално ) па се до последната хемотерапија. Реалноста е дека откако завршив со целиот процес на лекување лично за мене почна најтешката борба, самата со себе… Знам дека сега ме чека доста работа на себе, знам дека треба да помине време и верувам дека еден ден се ќе биде подобро… Што да кажам уште не знам има толку многу за кажување, ама искрено не знам од кај да почнам… Сакам само да дадам поддршка до сите што го поминуваат ова или што го поминале. Верувам дека еден ден болката што ја чувствуваме ќе помине и се ова ќе биде зад нас. Ќе остане само еден период што не направил уште појаки. И морам да кажам браво за темава, убаво е да си споделуваме искуства или баш како што е напишано да си даваме ПОДДРШКА. Затоа што никој не може подобро да не разбере од некој што го поминал или поминува тоа.
Јас сите три хемо ги поминав добро, сега уште една имам од црвените, потоа бели. Мислев дека паѓањето на косата ќе го доживеам трагично, ама воопшто не беше така, дај Боже да бидам добро, па коса расте. Не дозволувам моите блиски да ме жалат, не дозволив да ме видат без коса ниту мајка ми ниту маж ми, по дома си носам капа, кога излегувам перика, си земав исто како мојата коса што беше, не се ни приметува. Туку ја прашав докторката за исхрана, ми кажа најнормална, е сега избегнувам прженици такви работи, повеќе јадам сирова храна, овошје што не го обожавам баш, ме интересира вие како се храните?
Исто. Мислев дека ќе биди потрагично. Купив какви не перики. И сега доминантно сум во турбан и не ми е гајле и имам веќе 101 мајтап за ќелушката. Буквално анксиозноста шо ја осеќав пред да падни косата ми беше поголема него ко падна и бев ко "па ок, не било страшно". Периката шо е ко мојата коса ја имав на х2 оти најмногу неа ја носам. Некни си играв фризерка на една од двете и сега ќеф ми е така кратка да ја носам. Не ме гледај шо прам, слушај ме шо зборам за мене. И мене ми рече ништо да не си забранвам само да прам кај шо можам поздрави замени ама ништо наеднаш. Исто ми рече пржејнци да намалам ама ако имам некогаш крејвинг демек јебига јади си. Само ми нагласи сок од јаболко+цвекло+морков секој ден (оти додавам внатре портокал и мандарина за да можам да поднесам и така многу овошје јадам шо е добро). Исто ми рече секој ден матичен млеч. Се трудам салати да памтам да јадам. Три дена пример... заборајв. Благо ми е слаба точка и да не јадам неколку дена после ќе нахнадам па си дозволвам на дневно ниво по малку (пример коцка-две чоколадо, една недела имав опсесија со ледени коцки на Краш мислам беа, па по една на ден недела дена јадев итн). Е са пробвам со кремој од јатки да се лажам, тие благи ми се па денес банана со крем од ф'стак јадев за појадок и ако ми е доволно благо за денес можи да се речи дека сум победник и то шо ми е најголем проблем во исхраната вака ќе го решам. Сирова храна главно да ми е не можам па зато пробвам свежи салати да јадам и поќе зеленчуци шо е малку предизвик на зима, а и за мене (спанаќ, рукола , крастајца, марула, домат, зелка ). Јадењето пробвам да не е пржејнци и доминантно печам, и пред ова доминантно печев или во фраер па не ми е предизвик да речам, нормално ми е вака. Ама пример периодов ради празниците ми се чини на мазник и кифли преживувам и еве денес пост празнично се вратив в кујна баш за да средам јадењето оти нема смисла да ме мрзи и пример најлонче кифли да одмрзнам или мазник. Зато реков не гледај шо прам, слушај шо зборам. Ама ајде, стара нова година, нова јас.
За сокот со цвекло и морков ми кажаа блиски што го поминале ова, ама на почетокот од цвеклото тешко ми беше, сега многу малку ставам. Среќа па не сум по благото. Мене ништо не ми кажуваат ако не си прашам, и пред хемо пред да влезам кај онкологот имам милион прашања, кога ќе влезам внатре ги заборавам (а обично имам добра меморија).
Не можам да ти опишам колкав game changer е цитрусно овошје во соков. Од вкус на земја од цвеклото наеднаш е добар сок и цвеклото не се осеќа. +1 за ова Јас си одам со планерот. Си пишам на датата шо одам шо се ме интересира во тек на три недели шо не се гледаме со докторката. И та дур куца извештајот ( знам дека рече ти ги зеде наеднаш, мене ми ги дава на денот) - јас со ред си читам прашањата и ми кажва. Занает учам. Е са шо имав одбрано тупите ножици не е нешто шо сакам да коментирам. Са треба на уште една кркмите да средам, тие со кркми сите со долги беа па кркми да средвам научив веќе. Малку на та прва шо стрижев се пократки од шо треба дур научам ама се тешам дека не се познава оти та перика ми е fan favorite, кој ја виде ја бендиса.
И мајка ми ми вели да си запишувам и кога ќе влезам ќе знам што да прашам. Јас не експериментирам со периката, ја мијам и ја оставам да се суши.
Мене друго ме мачи во последно, особено зошто се ближам и кон крај на хемотерапиите. Дали имате луѓе од кои скривте дека сте болни? Јас од старт дур праев испитувања и операција неќев да знат дедо ми и баба ми само. Со сите други сум зборала и не кријам пошто јебига болна сум. Не е нешто шо се крие, ни па јас сакам да кријам дел од мене особено дел шо е толку голем шо мислам дека ми стана дел од идентитетот. Ама тие два се стари и неќев да се вознемирват бар дур не тргни на подобро. Е сега уште не бев ни оперирана и не се знаеше дека е 100% рак и на баба ми ѝ кажаа пошто та страна од фамилијата се толку умрежени, да преќутат нешто е невозможно иако нагласив дека бар за сега би сакала да не ја вознемирваме. Се превознемири, а е 80+. Дојде кај мене седеше поќе од било кога шо има седено само за да е до мене, а ментално ја тишти да не си е дома. Баш тогаш се погоди и губењето на косата и мислам дека беше потрауматично за неа, него за мене оти ко шо пишав, за мене испадна дека не е толку big deal. И остајв да не знај дедо ми. И сега се стресвам ко ќе ѕвони ѕвонче одма да клам перика место турбан оти шо ако дојди дедо ми изненадно? А, се случва да дојди така. И сакам да знај и тој ама немам срце да го повредам со информацијата. Има право да знај, од друга страна се осеќам дека ќе го повредам. Следно си викам да му кажам ако не ко ќе е готово за помалку од месец. Ама па тој да почни со шокот и тагата од после исто ми нема смисла. Као сите се радваме, тој ќе биди во процес на тага. И онака сум скроз ... не знам. Сакам да знај оти е возрасен и има право да знај. Неќам да знај оти е стар и неќам да го повредам и да ме жали и сигурно да споредва со баба ми (почина од рак пред некоја година). Зборав со моите, и зборав со другите од та страна на фамилијата и се ко „океј да сфаќам, ама како и кога?“ и тука заглавивме. Сите сме согласни дека треба да знај. Никој не знајме ни како да се почни темата. Јас се осеќам како да барам некој да ми речи само дека не мора да знај и за месец да е се готово и пред него да се прам како никогаш ништо да не било. Ама исто мислам дека ова не е исправно.
Ако до сега не знаеше и до крај не би му кажала, сепак е од почеток многу шок знам по себе за мајка ми и ден денес имам последици Сигурно имаш 8 циклуси на хемо нели? И тоа доста време поминато Инаку бев на преглед за гради, пратам болка еве 11 години на исто место Ми пишува на извештај фамилијарна историја во заграда мајка И рече дека големи се шанси за пренесување на болеста дека е наследно тоа што мајка ми има таков тип нај агресивен Имам бебе 4 месеци дои, и рече за 6 месеци пак да дојдам
6 циклуси, 4-4 и пол месеци +/- , моментално сум на 3 месеци, наредна недела 5то хемо, за помалку од месец последно хемо.
Ајде на добро дај Боже Мајка прво имаше 6 циклуси Па операција па 15 зрачење правеше пет скен имаше остатоци помеѓу ребрата па пак операција па 6 циклуси нови хемо На 4та и се слоши И ја прекинаа, сега во вторник ќе оди да види Што како понатаму, бараше да вади pdl1 од патологија и снимаше мозок Инаку косата и беше пораснала па пак и опаѓа цела Ама тоа не е битно Колку да биде се во ред Многу се намачи
Оф душа, да чим останало нешто мачно е, а и одма после хемо почнува да расти косата па зато пак ама ај косата најмалку важна. Јас сум оперирана, чисто е. Хемото ми го водат како "превентивно" и немало да имам зрачење. Зато и Февруари за мене "завршва". И некако неќам да прам стрес за џабе, а од друга страна се осеќам како да не е фер.
Ништо почекај и немој ништо да кажуваш Фала му на Бога штом нема зрачење се надевам не е тежок степен А @theowndemon како откри дека имаш нешто на града, дали правеше мр Јас бев на преглед ми рече за 6 месеци пак да дојдам инаку на доење сум, бебе 4 месеци, рече по доење да правам мр, 31 год сум
Абе, втор стадиум сум само зошто туморот ми беше над 2 сантиметри. 2-5цм е втор стадиум, исто ако има зафатени лимфни и да е помал ќе влези тука; кај мене не беше проширен на лимфни јазли сите беа негативни и сеченото беше во здраво ткиво после операција. Е са болката е, туморот ми беше 2.1 сантим. За 0.2 сантими немаше ни втор стадиум да сум ни хемотерапија да примам. Јебига барем малечок беше и нели, не мора ни зрачење оти ништо нема да се зрачи. Јас го открив на себе проверка дома. Не знам како не го напипав претходните месеци пошто јас градите ги провервам од ко ги имам дома, ама на себе проверка го гибнав. Па закажав ехо одма. Од ехо, пошто се гледаше дека е тумор (со маргини кои индицираат рак, а не пример фиброаденом или циста), ми беше речено да прам мамографија на само та дојка зошто сум под 30 години. Демек да не се слика и градата шо беше чиста на ехо. Па после то од ко излезе резултатот и пак беше индикација за рак, праев кор биопсија (со тенка игла не вадел добар примерок и бев советувана за кор биопсија). Имаш некакви индикации шо ти вика да се вратиш после доење? Барем ехо не можиш сега да напрајш? Јас додуша ни фамилијарна историја немам. Им викам дома дека се надевам дека не почнувам некој нов тренд. Камо прва и последна да сум.
Јас однесов примерок од крв во Ману (ова од онколог) да видат дали е генетско (кај мене имаше тетка ми од страна на татко ми), ама резултати од 3-5 месеци ми кажаа. Е сега не знам дали и без дијагноза ова може да се испита.
Имам фамилилијарна историја на рак, тетка, на дедо брат, на бабите браќа и сестри.... Имам правено ехо на гради, но и мамографија, над 40 сум, рез покажа дека имам калцификати и во двете гради, кои морат да се следат на 6 месеци... Е сега, во брадавицата на левата града имам повремено чешање, јадеж, ама на изглед и допир сѐ е во ред... Ова ѝ го напоменав на радиологот, кој после ехото ме упати на мамографија која е уредна... Зборот ми е дали мамографијата е со 100% процент на точност, бидејќи одговор за овој мој симптом немам....