Ракот и јас (група за поддршка)

Дискусија во 'Психологија' започната од theowndemon, 11 декември 2024.

  1. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.344
    Пол:
    Женски
    Комшика слични симптоми имаше и болки во градата, правеше ехо, ок беше, немаше полни 40 и не сакаа мамографија, фати врски и направи, уредна беше.
    И таа е со историја, мајка и' има, и' кажале барале грутки и ако имала ќе ја прателе на биопсија.
    Колку ти помогнав со ова не знам, нека каже некој поискусен.
     
    На SummerGirl, theowndemon и st-el им се допаѓа ова.
  2. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.612
    Допаѓања:
    10.164
    Пол:
    Женски
    Дали ти кажаа дека ќе правиш ПЕТ скен после сите хемотерапи, или нема потреба кај тебе?
     
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.156
    Допаѓања:
    175.120
    Пол:
    Женски
    За то не знам уште. Stay tuned I guess. :D
     
    На Antebellum и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  4. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.612
    Допаѓања:
    10.164
    Пол:
    Женски
    :hug::hug::hug:
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.344
    Пол:
    Женски
    Јас мислам најдобро е после хемо да се направи, тоа е мое мислење.
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    397
    Да
    Така на мајка
    После целото прво предвидено лечење кој за неа беа хемо, операција па зрачење ама мн се чека, 3 месеци најмалку
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.344
    Пол:
    Женски
    Додека трае хемото таман може да се закаже.
    Секаде многу се чека, јас за скен на рбет имав упат за во Битола од што нема термини на Клиника.
    Кој оди/одел по тие врати знае колку се чека.
    А зрачење обично зошто на некои препорачуваат, на некои не?
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.344
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден слушав еден медар дека матичниот млеч е многу добар за после операција, ама никако да не го користат болните од рак.
    Малку ме збуни сега...
     
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.156
    Допаѓања:
    175.120
    Пол:
    Женски
    Мене докторката (онколог) ми нагласи да земам матичен млеч. Искрено чуда за имунитетот ми напрај.

    А, медар шо има да кажи - дома ми е. Ако го прашам татко ми треба прополис, мед и матичен млеч да конзумирам(е) 24/7. :D Па и друг роднина шо се занимава со ова е со ист став. Поентата ми е, на крај на ден медар е то, медар. Лично, избирам да ја слушам докторката.
     
    На Cosmic Girl, SummerGirl, Mumoftwo30 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.344
    Пол:
    Женски
    Па знам дека матичниот млеч е многу добар, имаат пчели свекор ми и свекрва ми, само сега немаат матичен млеч.
    Мене па ништо не ми кажуваат, за јадење се' да си јадам, кога се качи онкологот горе баш една жена ја праша што да јаде, и' кажа "што ти душа сака".
    А и не знам што е со онколозиве, јас секогаш сум кај различни, де кај Емилија, де кај Гордана, де кај Албина.
    Последен пат никој од нив немаше, па тие двете девојчиња не знам што се таму, превземаа.
     
    На Mumoftwo30 и theowndemon им се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.156
    Допаѓања:
    175.120
    Пол:
    Женски
    :o
    Стварно не знам како имаме толку башка искуство. Јас до сега сум кај истата. Шо е фер, првата терапија ко требаше да почнувам ми кажа дека е на одмор и сите нови не презакажа за да не почнуваме со друг онколог пошто јас ко шо сум социјално неадаптирана, пак на грешно место чекав во дневна болница. (facepalm) :D

    За исхраната и мене така ми рече. Само за млечот ми нагласи, и сокот со морков, цвекло, јаболко ми рече обавезно. Јас деној ко ќе не пијам, обично јадам цвекло од тегла. Ама во глобала то беше, и ако можам да избегнувам пржејнци и благо. Во глобала ми рече исхрана as per usual.
     
    На Mumoftwo30 и Anyshka им се допаѓа ова.
  12. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.344
    Пол:
    Женски
    Мене за сокот од морков и цвекло ми кажаа блиски, на почетокот ставав повеќе цвекло и ми се лошеше од цвеклото, сега ставам помалку и ок ми е.
    И јас сакам кај ист онколог да сум, ама тоа е.
     
    На Mumoftwo30 и theowndemon им се допаѓа ова.
  13. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.344
    Пол:
    Женски
    Прочитав дека не смеело ѓумбир и куркума за дојка, исто така калинка и цитрон (ова го прочитав во една група).

    Откако бев на кардиологија (правев ехо на срце и екг) почна градата да ме боли повеќе од пред тоа.
    Бев после два дена после четвртата хемо и сега другава недела сум, до тогаш не можам да се консултирам со онколог.
    Инаку и два дена раката ме болеше после ехото на срце дека баш од таа страна ми е.
    И заблуда е дека ракот не болел, и мене така ми кажаа, ама не е вистина, од мое лично искуство и од други пациентки што ги запознав (ова не мора да значи дека сите ги болело, секој со своето искуство).
     
    На Stressed Out, Cosmic Girl и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  14. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.612
    Допаѓања:
    10.164
    Пол:
    Женски
    Што те болеше конкретно? Пишав о во другите групи, многу ми е страв почна да ме боли градата и денес отидов на ехо, ми најдоа циста, оток или нешто друго немам. Немам памет и многу ми е страв.
     
  15. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.344
    Пол:
    Женски
    Па цистите не се страшни.
    Штом ти нашле само цисти и немаш грутки не паничи.
    Мене градата ме наболуваше малку и ставав листови од зелка, откако ми излезе грутката некогаш само ме наболуваше, после првата и втората хемо првите два дена ме наболуваше, потоа не, после третата и четвртата како повеќе да ме наболуваше и кога бев на ехо на срце бетер, другава недела сум на хемо и ќе се консултирам со онколог.
    И комшика имаше болки, беше на ехо и мамографија и ништо не и нашле, може те боли пред циклус.
    Штом немаш грутки не е страшно, така и' кажале на комшиката, барале грутки.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.612
    Допаѓања:
    10.164
    Пол:
    Женски
    Не, немам грутки ама ме наболува на моменти само. Може и пред циклус да боли да, ама српак циста е присутна. Фала ти.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.344
    Пол:
    Женски
    Ставај листови од зелка, на комшиката така и' кажале доктори.
    И неа многу ја болеше дури и раката и се здрвувала, ама еве не и' нашле ништо, беше и на ехо и на мамографија (ова самата си сакаше, инаку и' кажале штом нема полни 40 или индикации немало потреба од мамо, па си фати врски), се плаши дека мајка и' има па затоа сакаше мамографија.
    Кај мене не е наследно (тетка ми имаше), ми стигнаа резултатите од Ману.
    Нема што да се плашиш штом немаш грутки, само редовни контроли.
     
    На Cosmic Girl, Mumoftwo30 и st-el им се допаѓа ова.
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.156
    Допаѓања:
    175.120
    Пол:
    Женски
    @Anyshka ако сакаш да навлегваш детално во шо смеј, а шо не за рак на дојка, топло ти препорачувам FFBC односно страна која се вика food for breast cancer. Има и апликација.
    Screenshot_2025-02-08-09-10-07-873_com.android.chrome-edit.jpg
    Го пиши тука линкот. Зошто имам апликацијата дирек таму ми отвора не можам да копирам.

    За ѓумбир пример пиши дека е нешто шо е препорачано. Куркумата исто е препорачана. Единствено овошје кое не е препорачано е само грејпфрут. Храната шо не е препорачана, пак не е забранета, туку да не "претерваш". Ако касниш неколку пати грејпфрут нема ништо особено да е. Јас до сега отсечно забранета храна нигде немам најдено.
     
    На Mumoftwo30, Cosmic Girl и Anyshka им се допаѓа ова.
  19. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.344
    Пол:
    Женски
    Па да, тоа и онколозите кажуваат дека се' смееме да јадеме, јас толку строго не се придржувам, избегнувам прженици, сувомеснато, по благо за среќа воопшто не сум, газирано не пијам, брза храна не јадам, е сега од еднаш ако јадам ништо нема да е.
    Прочитав за грејпфрут дека не смее за време на хемо.
     
  20. WinnerBeliever

    WinnerBeliever Нов член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2025
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво другарки,членувам на форумов ама направив нов профил засега бидејќи се ми е тазе,па ќе споделам од тука.
    Најверојатно или сеуште сум во шок или Господ ми дава огромна сила,не можам да опишам ни како се чувствувам.
    На рутинска КС трансаминазите ми излегуваат доста високи,скоро х10,шок! Претх 3 месеци сум на безглутенска исхрана и се осеќам одлично,претх КС направена Во август резултатите супер,ехо на дојки во септември уредно.
    Почнуваме со ред испитувања,хепатити и сл. се во ред,ехо на џигер се гледа промена,правиме компјутер,лезија на дојка 20мм,како да ја занемаривме и на џигер 9 цм промена,десно горе лобус,ограничена капсуларна,итно биопсија на хепар,скоро беа сигурни дека е примарен карцином тука и веќе се договараше операција,резултатите од биопсија метастаза од дојка,хорор! Ракот е ER ++,PR ++ и HER 2 POSTIVE +++ јако позитивен пишува.
    Се друго е чисто,буквално,грутка во града и слегло на џигер во капсула,на мамографијата и лимфните се чисти.
    Почнавме со хемо и хормонски,био имуни и нз веќе какви терапии,ќе ги примам неделно заради оптоварување на џигерот.
    Херцептин исто примам мислам,таргетот е да се намали лајното во џигерот и да се оперира бидејќи е операбилно,не знам какви се другите доктори,мојава е многу воздржана буквално,ја бомбардирам со прашања,само ми вели,абе доста седи чекај да видиме со терапијата,има шанси метастазата и да се повлече,тоа апсолутно никој не може да знае ни да предвиди. Симптоми немав никакви, еднаш само болка десно под ребрата како лошо да сум спиела,и колку доктори ме прегледаа,палпативно ништо не се допираше во џигерот,ни оток,ништо.
    Сакам да живеам,имам мало девојче што едвај го добивме со ин витро,не сакам ни да помислам дека Господ ќе ме лиши од тоа да си ја израснам ;(
    Да се едитирам,немам ваков тип на канцер во фамилија и докторите сметаат дека е релативно новонастаната ситуација,максимум 5 месеци.