Пиши ми што конкретно те интересира. Ние правеве аблација на црн дроб кај Ѓоревски. Тој веќе е во Систина.
Да знам за него,далеку сум уште изгледа од тој момент,треба прво терапиите да поминат па да видиме каков ќе биде исходот,не знам дали можам да го искористам зборот "среќа" што е капсуларно и ограничено па мислам и за класична операција се дискутираше... Ќе споделувам се тековно,фала ти Кај вас метастаза беше или примарен во црн дроб?
Метастаза беше. Само што се потврди веднаш е направен зафатот. Не сме чекале.Исто и кај нас беше капсулирано. Направи си консултација со Ѓоревски. Обично кога има на црн дроб веднаш препорачуваат зафат. Да те охрабрам само дека се работи за млад пациент и на контролен пет скен се беше чисто.
@WinnerBeliever прво сакам да ти посакам многу среќа, и позитивни мисли. Барем знам дека мене то ми помогна најмногу. И јас сум тројно позитивна, ко шо сфатив онкологот најдобар исход има да не се врати оти од секој агол, покрај хемо, можи да се нападни (херцептино е за HER+, золадекс, тамоксифен за хормоните итн). Се надевам ова ти олеснува. Чим докторот е толку позитивен, мислам дека то е добро. Држи се! Па се надевам за брзо ќе се читаме за то, кога се ќе биди готово и ќе славиш! Знам дека јас славев вчера, дури и две-три солзи ми прокапаа прв пат. Ако ти треба муабет кога сакаш пиши тука, надгледувам темата, или пиши ми ЛП. Разговор помага, за емоциите.
Ти благодарам многу! Јас покрај цел шок прв пат заплакав кога матичниот се израдува дека е метастаза а не примарен хепатоцелуларен на џигер. Ќе си пишуваме секако
Дали има некоја шо има пиено, или пие Тамоксифен? Запознаена сум со несакани ефекти и ризици и шо прегледи треба да се приоритет и се то. Не прашвам за то. Поќе ми се збора со некој шо има пиено чисто да имам нечие лично искуство за како ги поднесиле.
Јас додека одев на хемо и се' уште одам запознав пациентки со метастази на црн дроб и не се оперирани, туку примаат хемо. Исто како и јас има многу пациентки што не се оперирани на града, туку прво хемотерапија па операција. На почетокот ми беше чудно зошто прво хемотерапија, ама ете запознав многу такви пациентки. Само што онколозите малку повеќе треба да се ангажираат околу пациентите.
Мислам дека не? Не знам шо е вклучено во анализите на туморот пост оп, ама претпоставувам ова е башка. Ко шо читав сега пиши со низок скор после операција можи да се помини без хемо така да мислам твој воз ми помина. Баш ќе издосадвам следно одење на докторката за ова. Ова е нешто шо го има кај нас? Знајш каде?
Генеа лабораторија во Скопје, од таму се праќа во Америка делот за испитување, и се чекаат резултати одприлика за една недела +- Како си ти Демонче, до каде си со терапии, и сл?
Знајш дека скроз заборајв и сега идев нешто друго да пишам и ми текна и за ова? Си запишав сега на ливче и го ставив со то шо треба да го однесам кај докторката за да не заборам. --- Туку читам на Редит во групите за рак на дојка онака поќе искуства. И забележав дека lumpectomy на многу им е правена таму, наспроти мастектомија. И после година до пет кај многу има враќање на ракот. И крв ми се мрзни кога читам мислењата зошто јас тегнев кон lumpectomy, хирургот и онкологот отсечно „не“ рекоја. Ама сега зошто вакви мислења ми излегоја и ме фати ко паника за „шо би било кога би било“ ситуација. На крај на ден, јас од глата си страдам. Важно for the time being се е во ред, и нека остани вака.
Па не знам, јас заборавав да прашам дали да испитам (тука баш наназад во темава се спомна) и претходниот пат ми рече онкологот дека не сум напрајла (проверваше се од последнава година шо е испитано, шо не и шо треба месецов) и добро е да напрам зошто сум млада (дијагноза на 28, сега имам 29) и не сум мајка па чисто да се има информативно зошто многу рокади праевме околу задршка на плодност и ј.к. за да не испитам се шо е потребно за кога би планирала бременост и би имала деца. Само спомнете на онкологот, сигурна сум дека ќе ја насочи. Ми пиша мене на ливче, и на шалтер ми рекоја ќе ми напрат упат. Претходниот пат скроз изумив и така ми седи ливчето во историјата за следно да не заборајме да напрајме упат. Ми објасна девојчето на шалтер дека крв земаат таму (Онкологија) и примерокот, заедно со упатот, се носи МАНУ.
Мајка правеше некој анализи и многу ми е криво што не и спомнал затоа дека имаше тројно негативен тип, инаку мајка ми почина Многу се намачи, рецидиви на исто место на града и на крај метастази на мал мозок Со лесно дај Боже на сите Инаку гледам на нет се спомнуваа пример керките сестри да направиме ние тој brca 1-2 Ама незнам дали ни следува на нас и дали имам сила тоа да го направам
Пожелно е децата на заболената да испитаат. Така да преголтни страв и испитај. Ова е важно да испиташ ако немаш ништо, ама имаш блиска особа која е/била заболена. И прими сочувство.
Во мојов случај мајка и тетка имаа рак на града, оперирани се. Докторка ми спомна да си побарам упат од онкологот на мајка ми да ме насочи на вакво тестирање. Сплет на околности, селидби, странство и забаталив. Сега читнав и ми текна ми имаа спомнато да испитам од позиција на ќерка.