1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ракот и јас (група за поддршка)

Дискусија во 'Психологија' започната од theowndemon, 11 декември 2024.

  1. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    399
    Да и на мене исто, дека мајка имаше таков тип кој повеќе шанса кој имаат тројнонегативен се позитивни на brca 1-2
    Колку год имаш?

    Фала ти :hug:
    Од прв ден до последен бев со мајка и затоа немам сила и тој стрес а сестра ми вика кога тогаш ќе мораме превентивно
    Инаку јас имам 32 год
    Гледам и ти си многу млада, ама тоа не бира ни време ни год
    Што беше прво што осети?
     
    Последна измена од модератор: 23 октомври 2025 во 16:38
  2. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    3.535
    Пол:
    Женски
    Ги имам, ама убаво си пишала не бира ова...
    Си прашала за симптоми, мајка ми напипа грутче, одма итно и закажаа се, а таа онака уште во неверување. И јас имам голема траума од ова и потсвесно си одложувам, а треба да проверам.
     
    На nancyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ani23

    ani23 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    Имам група цисти на градите, мамографија и ехо негативни ,дали вака почнува прво оваа болест па преминува во тврди топчиња ,моите се водни ?
     
  4. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.403
    Допаѓања:
    177.900
    Пол:
    Женски
    Грутка на самопроверка фатив.

    Јас разбирам дека немаш сила ама стринингот е само информативен и добро е да знајш шо ген носиш ако имаш близок со рак. За твое добро (и за добро на сестра ти) е. Ако не можиш сега и ако се ти е многу скоро одложи кратко, ама немој да одложиш предолго.

    Ако ти е утеха, ни циста, ни фиброаденом, ни било каква друга состојба на градите сум немала. Дирек на рак. :D
     
    На ani23 и nancyyy им се допаѓа ова.
  5. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    3.535
    Пол:
    Женски
    Мајка ми само напипа грутче и така започнаа сите неопходни прегледи до поставување дијагноза.
     
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.194
    Допаѓања:
    46.700
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам нешто, извинете ако отворам болни теми, како реално треба да изгледа тоа грутче?
    Баба ми и тетка ми се оперирани од рак на дојка, од таткова страна, јас уште дојам, конторла немам правено одамна, ама некако како цело време да напипувам нешто и ептен последно време некои мисли ме маваат, не сум мирна.
    Читам на нет ама точно како изгледа грутка никаде не е убаво и јасно објаснето.
     
  7. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.403
    Допаѓања:
    177.900
    Пол:
    Женски
    Мислам дека зависи? Јас можев да го гибнам само под одреден агол. Ама многу јасно беше дека има нешто. Не можеше да го движам и беше тврдичко, и кожата шо иди над него ми беше потопла од остатокот од градата. Исто јас си забележав малку поразлична нијанса на кожата ама сем јас никој не можеше да забележи оти ни цела нијанса не беше то шо јас го гледав.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    399
    Мајка напипа грутка тврда безболна, на крај испадна два тумора на таа града еден до друг и се така почна.
    А јас бев на ехо инаку и јас уште дојам
    Рече после престанување со доење да чекам 3 месеци па најдобро мри мислам ми препорача да правам
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.