И мајка ми беше прва, сите претходно од срце умирале. Дедо ми чак и на 89год. Од старост. Бемките ми се слаба точка. И се си мислам ако се проверам сигурно ќе ми најдат нешто и тогаш ќе почне се, затоа седам мирно. Не знам како да објаснам, ама чиста психологија по книга сум. Знам и свесна сум за многу работи, а не можам да го излажам потсвесното.
Не сме ние така растени за таква вест да поднесеме стоечки. Емотивни сме. Патем кортизолот е храна за канцер. Цело време тоа повторувам. 15 мин нервоза кај човек со канцер и те како е нитро за него...
ај реално еден ден седни и види дали имаш некои симптоми. стравот ќе те изеде. жими се од него ќе се оболиш. се те сфаќам. ама не сакам да ти е вака..
@TeddyGrey овие мисли што ги имаш, многу ми влечат кон анкзиозност, односно стравови и параноја, и ти ги негуваш и храниш со овие мисли. Си била да разговараш со некое стручно лице, чисто како олеснување за тебе... Не смееме да дозволиме да не надвладеат тие мисли и стравови, макар што нас ни делуваат рационални. Мислата е енергија, не влечете кон себе стравови и болести. Најдобронамерно го велам ова, и јас поминувам и се борам со истото. Инаку, @LiliBoz не е мое право да се мешам, но и ние на старт не сакавме и не знаевме како да кажеме. И дозна сам. И се налути што сите криевме. И со право, од оваа гледна точка. Кој сме ние да носиме таква одука за туѓ живот, кога не знаеме уште колку време има, а скапоцени се тие денови. А инаку докторите се должни да му ја кажат на пациентот дијагнозата, а не прво да ја соопштат на член од фамилија. Пацинетот има право сам да одлучи дали ќе каже или не. Кај нас е обратно,
знае дека има канцер. два пати се оперираше. не знае дека нема да се среди. и јас би сакала да знам, но како што кажав, кортизолот го храни канцерот. затоа криеме. да не му прајме додатен стрес и бетер да му скратиме од времето.
Така е. Се е така ко што кажуваш. Знам, се борам, ама и често не заспивам од мислите. Не сум зборувала со никого, првпат "гласно" сега напишав. Од денешен аспект, после година и пол, мислам дека не требаше да и кажеме ама кај нас се се збори јасно и гласно. Психата и беше размрдана уште од првиот рак, ниту она не зборуваше со никого, а сметам дека тој пристап за разговор со болниот треба да се воведе после "победата" над ракот како задолжителна. Од вториов рак ништо немаше спас ама барем тие трауми што ги имаше и што ги имавме и ние ќе беа во поублажена форма. Жената се изгуби тотално себе негде помеѓу болката и чекањето на смртта. До малтретирање на себе, мене и околината.... да не продолжувам.
Како што вели Старфиш, така е правилно. На него доктор кажува, он одлучува дали ќе каже на фамилијата. И Теди, нема правилен избор дали да кажеш или не. И да не си кажела- истото следи на крај за жал....
Асцитот прв симптом На 2 недели му вадат вода..до кога кој знае.. После последново вадење во средата доби огромен оток на тестиси.. на ургентен не исфрлија како партал ..и така.. Прво се пожалил дека се осеќа подуен.. па почнал да слабее.. Па отоци по нозете.. Па после чукање на 100 врати, на гастро едно докторче му дијагностицираше цироза, здебелена слезина и мислам 2 израстоци .. Маркерите покачени, асцит на 2 недели по 6-8литри ... Асцитот го испитуваа... Не можам да му кажам дека е рак.. ама мислам дека осеќа.. Не е за операција.. не е за ништо веќе кај него.. Не сакам да се мачи..уште е при свест и меморија го служи ама не знам до кога Почнува по малку да заборава.. Мајка му (баба ми) умрела од рак.. Брат му го оперираа од рак на простата.. Сега него го закачи.. Не знам што да кажам.. мозокот ми е хаос.. @Stark жал ми е.. дури сега прочитав дека починала, не следев по форумов овие месеци нека почива во мир
Во нашиот случај, истите испитувања што ги направија тука, ги направивме и во Австрија. Со надеж дека имаат еден од најразвиените центри во Европа за конкретната болест, ете, нешто ново ќе ни' кажат, предложат. Се', од дијагноза, до хемо, истото го кажаа што и на наша Онко. Е сега. Тука си беше тој свесен за се', во врска со болеста. За прогнози ниту прашуваше, ниту сакаше да знае. Зборуваме за 50 годишен човек. Не беше неинформиран, него сакаше да живее најдобро што може. Се договоривме со психијатар, го посетуваше дома. Огромна поддршка и кураж му беше низ се' што помина тие месеци. Да се разбереме, и лаик гледајќи го пет скенот како свети како елка, ќе сфати дека не чини. Дознавме дека воопшто има рак, тогаш кога имаше метастази на карлица, на ребра, околу главна артерија до срце, и еден куп точкички насекаде. Ние сакавме да знаеме прогноза. Да знаеме што е следно, што да очекуваме, што да правиме, како да се однесуваме. Докторката беше искрена со нас, а на некои членови од семејството им требаше таков wake up call, затоа што одма почнаа да бараат иљачи и беа сигурни во себе дека ќе се избори, иако тој самиот и пред дијагнозата, и по дијагнозата, не сакаше да чуе за тревки и медови и свети икони. Реши да проба со канабис, и легален и нелегален. Не му одговараше. Ние не можевме живот да му дадеме, никој на светов не можеше. Ама можевме да му дадеме достоинствени и релативно безболни последни месеци и смрт, на тоа се фокусиравме. Единствена замерка во целава приказна имам кон Систина, оти биопсијата една таму правена беше, му згрешија резултат и му пратија дека не е карцином. Не е тоа ексклузивна грешка на Систина, кај мене во болница патологот на мои пријатели најде карцином, а на второ мислење испадна да нема карцином и човекот стварно нема карцином. Пресензитивна информација е за да има место за пропусти. За персоналот на Онко и докторката Симонида... се' најдобро. Најпрофесионално и со почит сите си ја вршеа работата.
@CameliaMiller и кај нас направија грешка при прва биопсија. Не во Систина, приватна лабораторија. Прво масно ткиво извадија, втор резултат испадна ситноклеточен. Одговорот беше дека милиметарска грешка е направена, па вториот пат со ехо ја правеа биопсијата. Кај мене шокот за дијагнозата беше преголем па немав време за паника. Пред него се зафркававме дека војна ќе му објавиме, а од друга страна јас прва бев што не ја прифатив дијагнозата. Затоа сега си зема данок цела ситуација.
Ај да не боцнале ок ќе разберам. Во случајов кај мене во болница, истите калапи ги гледаа два патолози. Едниот (првиот) виде карцином, другиот не виде, и вториот испадна во право. Ама не ми е јасно како може да види карцином ако го нема, повеќе ќе сфатам да не е добро земена биопсијата и да не е фатено... Жал ми е за дијагнозата друг член во поширока фамилија ја имаше
Читав на страната на Жан Митрев дека прават генетски испитувања на крв земена од болен со рак, па после врз основа на тие мутации прават имунотерапија или целна терапија. Дали некој има искуство со ова или повеќе разбирање? Да не си давам надеж за џабе со ова бидејќи би сакала да избегнам хемотерапија. Неизмерно ми е жал за сите што поминувате низ ова, ви посакувам се најдобро на сите иако знам дека е многу тешко да се остане свој кога се соочуваш со вакво нешто. Откако ме дијагностицираа не знам кај терам и што правам, одам од доктор до доктор, од клиника во клиника, и некако се помирив дека ова ми е животот, дека и јас сум и ќе бидам една од оние луѓе што се борат со вакво нешто. Само чекам да помине исчекувањето, да направам одлука и да помине се за да си продолжам со животот, со тоа што ќе остане од мојот живот после ова. Свесна сум дека оваа борба ќе ја водам најверојатно цел живот и се обидувам да не пропаднам психички и да ме и дозволам на болеста да ми земе се што вреднувам и некогаш толку се мотивирам, толку станувам гневна што сама на себе си велам дека има да го победам ова чудо и да го истерам од мене. Ви посакувам се најдобро
Имам пишувано на оваа тема, изгубив двајца членови од семејството од оваа болест, до последен ден бев со нив. Но сакам да внесам малку позитива, еве тетка ми имала рак на дебело црево и ја победила болеста, сега нормално си живее,оди на прегледи поради превентива. И таа поминала низ операција и хемотерапии, ама сега си води нормален живот, нема ни трага од ракот. Ви посакувам на сите од срце што ја водите битката со оваа болест или вашите блиски да поминат како тетка ми.
Minatata godina se soociv so ovaa bolest ,teska tema bolna, propagas psihicki, propagas dusevno, nepostoi zbor sto moze da te utesi, rakot zema see, matrijalno, duhovno see uteha e semejstvoto i ako ti ostani nekoj prijatel. Nadezta za utre i za ozdravuvanje, nadez deka ke gi vidis decata porasteni. Deka pak ke go osetis vozduhot vo site godisni vreminja, sansa da se razbudis zdrav, bez strav deka utre treba da pomines uste edna hemija uste edno zracenje, osamenosta vo sobata, mislata za decata.
@TeddyGrey двајцата родители ми се починати од рак, многу млади (на 40, и 45 години). Мајка ми почина од меланом во време кога никој тука ништо не зборуваше за меланом, а татко ми почина од многу редок вид на рак на црн дроб. Толку редок што тука не можеа да постават дијагноза, па праќавме во странство примерок, па открија дека е 3 случај во цел свет. На неговиот случај има неколку докторати напишано. Сакам да кажам, знам дека кога тогаш, најверојатно ќе заболам од рак. Имам многу бемки и одам 1 годишно на дерматолог каде ги проверувам сите, а имам извадено на пластика 4 бемки. Еднаш годишно правам комплетен систематски со сите можни прегледи (ехо на сите внатрешни органи). Ако е откриен на време, се лечи, каде и да е. Проблем е што ние не одиме на доктор, ое страв од дијагноза најчесто. Се сеќавам дека мајка ми не ни знаеше дека бемка може да направи толку проблем, а на татко ми кога му кажаа дека има рак, кажа 'знам' . Осеќал тешкотии, ослабе 10кг. Не сакаше да оди на доктор. Имаш детенце, оди на прегледи 1 годишно. Најискрено ова го пишувам. Ако некој има траума од болници и рак, тоа сме јас и брат ми. со мајка ми 6 години идевме во потсети, ја гледавме после операција врзана за кревет, и носевме јадење после хемотерапија... Лежеше 1 месец на онкологија пред да почине. Татко ми почина многу побрзо, за нецела година, ама исто и со него во таа година по болници. После неколку години откако почина татко ми, морав да одам на клиника за мала операција на раката. Повратив кога влегов од мирисот на болницата и средствата за дезинфекција. Цел филм ми се врати пред очи. Ама нема да се откажам да правам прегледи и јас и брат ми. Знам дека само така можам да дочекам каква таква старост. И уште нешто на темава зошто претпоставувам дека имаме родители на горе доле слична возраст. Тие луѓе (најголем дел) преживеале тешки работи. Распад на Југославија, војни, пропаѓање на фирми и губење работа, пропаѓање на банки со сите заштеди кои ги имале, поголем дел броеле денарчиња леб да купат. Тој живот си зема камата. За жал, многу од нас и сега така живеат. Само што, кога ќе изгубиш најблиски од толку опака болест, поинаку гледаш на животот и некако не се нервираш за се и сешто. Јас барем тоа го научив. Дека само здравје, ништо друго не е битно. Гушки до сите кои сте изгубиле некој, или во моментов се борите со оваа болест.