Кај нас се ближи крајот, едноставно осеќам, соновите се ми кажуваат. Секоја вечер со пиштење се будам. Психички паѓам и се уништувам. Ме убија сонови ме уништија. Не сум спремна да изгубам родител.
никогаш не си спремен да изгубиш родител, без разлика колку години имаш. И болката, за жал, не поминува ми по долги години. Држи се! Праќам куп позитивни мисли.
17 години мајка ми болна ја чуваме за на крај он да си отиде. А знам дека набргу и нејзе ќе ја изгубиме. Фала ти
Те разбирам. И јас не знам кој ден точно ке и биде последен , ама дека во блиска иднина ке биде , тоа ми е јасно . Бев да ја видам и иако си реков тоа ќе биде гледање за збогум, сепак многу необично, нереално ми беше таквото мислење и цело глумење на некој начин од двете страни . Таа дека " се ќе биде во ред, помага лечењето" и јас дека не знам за двете нови, неоперабилни метастази. Ви посакувам сила на сите, мене искрено ми треба разговор со психолог ради сите стресови, да не го забораваме сопственото здравје. Се е толку нестварно, животот лесно знае да се лизне низ прсти. Дијагнозата и прогнозата се неповолни , но некако сакам да и помогнам да не страда на крај. Но немам никаква контрола ни моќ за тоа, за жал.
Оф-оф .... 3 теста направив кога дојдов мк за да ја заштитам, и пак знам дека чуваме тоа што не може да се дочува. Држете се
И јас како вчера да беше денот. Уназад 2-3 денови знаев дека ќе дојди до тоа, а скоро недела дена се спремав за тој ден. Дента веќе не можеше ни да зборува ништо, само ме гледаше и малку реагираш со раката стисната врз мојата ко че ја прашав нешто ретко ми реагираше. И дадов малку вода, со влажно марамче или прстот мој и ја поминав усната. Се гледаше дека ближи часот, излегов малку надвор во паркот се изнаплакав, за се онака... сите работи, си реков зошто се случува сето ова, ми е жал што.... дојде до таа ситуација, имаше само 46 години мајка ми... целлл живот несреќна, па и ваква болест кожа и коски ја стори, дури и разумо почна да го губи на крајот.... Се вратив.... сио расплакан онака, ама се созедов да се крепам колку толку, ме гледаше ми ја држеше раката и почина... :'( Бидете силни и не се срамете да кажете дека ве боли или ви е тешко или имате потреба од психолог, разговарајте. ако се срамите да одите, има онлајн да им пишете (нормално се наплаќа) разговор.мк пишете им... или пак пишете овде ќе споделиме болка, поддршка, се... сум го поминал тоа знам како е, боли, боли премногу.
Тука сме за подршка и колку толку да ја споделиме болката. Колку и да звучи сурово и за осудување. Јас не се чуствувам спремна да го издржам тој ден дури и размислувам тој ден да го поминам заклучена во соба и да стиснам заби. Знам дека за мене ќе биде ова со големи последици.
јас терам ко се да е нормално. првично ми беше хаос .. сеа исклучувам ум, чуствува, све... додуше јас не ни знам друкше...
Ве разбирам сосем. И јас знам дека грозно звучи ама малку сум помалку скршена дека не го гледам секој ден пред очи пропаѓањето. .. некои од нас мора и да гледаат нешто што страшно изгледа , и нега да пружаат и секојдневие да тераат . јака ни душа на сите...навистина им посакувам "лесно" заминување на блиските, никој не заслужил ваков крај, но чувајте се и себе си
Јас го загубив мојот сопруг од оваа скапана болест. Го гледав како паѓа секој ден се повеќе и повеќе, не знаејќи дека се ближи крајот. Се мислев дека ќе се извлече. Дека нас не може да ни се случи тоа. До последно се молев и цврсто верував дека ќе се спаси. Цел свет ми се сруши кога ми јавија од болницата дека починал. Внатре во себе вриштев, а не можев да испуштам ни глас. Седум месеци по неговата смрт, кога и да помислам на него буквално осеќам како некој со нож да ми го сече срцето. Физичка болка. И ги бркам мислите, ги бркам спомените од главата. Не можам да мислам на тоа. Нека ми прости, но поинаку не знам како да се справам со загубата. Што е најтрагично од се, откако почина дознавме дека сме лечеле погрешен тип рак. Тоа е исто како да те лечат од срце, а ти да страдаш од бубрези. Нема збор со кој може да се опише болката. Затоа давајте им љубов на саканите, додека се тука. Кога ќе заминат, касно е за се.
[ Иста си сестра ми. Она цело време е убедена дека се ќе биде супер. А на нејзе и го кажуваат најлошото.
Не сум убедена воопшто. Јас сум баш реална, може слободно да речам сите имаат повеќе надеж од мене. Само некако знам да се држам ептен...
Јас искрено до И јас исто се надевав дека ќе се подобри ситуацијата или па дека ќе живее така, пример асцит да се вади и да нема други потешкотии, али како што идеше времево се полошо и полошо, не беше јадена месец скоро ама ништо, буквално на вода само, а одеше во вц, нормално не можеше да се движи веќе во памперс. Ја носам на болница за асцит и да и дадат нешто за болки, оти дома мене психички ме умре, морав да барам помош на болница. Ме седна тој интернистот и ми вика знаеш дека мајка ти ќе умри така, што туку ја носиш? -Јас му реков дека не се откажувам до последно и ќе ја носам додека треба затоа што и треба инјекција или макар да ја донесам и психички да и олесни и да ми олесни, ДЕМЕК сте и помогнале! Не можев повеќе се расплакав, а да речам маж сум 26 години... солзи ми истекоја по образите ме потапша по рамено и потпиша сите документи се што треба да не морам да трчам и не ми ни побара пари.
Никогаш не си спремен. Никој не е. Јас бев лед и ледови. Чувствував олеснување дека се спаси, знаевме и чекавме, а со истото тоа и грижа на совест зошто се осеќам така. Јас последната недела не одев да ја гледам... бев со мало бебе, татко ми рече не оди. Свесна не беше, ако беше не знаеше кој си што си... само јас ќе живеев со дополнителни трауми плус. Јаки сме. Зошто мораме ама јаки сме. Карпи. Децата гушкајте и крепете сила.