Се извинувам што упаѓам во темава, имам и јас премногу бемки по телото ама ги немам до сега ниту еднаш проверено, а сакам. Дали кај било кој дерматолог се прави оваа контрола? И дали ги проверува скроз сите или тие што смета дека можеби се ризични?
На дерматолог ти ги гледа една по една со апаратче и ти кажува кои треба да се следат. Ништо ни страшно ни болно.
Од ден на ден е се полош Не знам ни од домашна посета дали идат дома да вадат вода? Асцитот е голем проблем кај него.. а веќе не се осеќа способен за да го носам по болници... Од ден на ден се повеќе паѓам.. и јас со него надолу Тешко било упм
Не вадат..од сабајле прашав во државната домашна посета, неуромедика, промедика и уште 2-3 на нет што ги најдов.. Ебати државата..да не може раат да си умира човек
Не е добро тоа од тоа може да се задуши и да умре. Не знам дали ќе може да му направат дренажа, прашај сепак.
Рекле прво да видат како ќе се резултатите па потоа на секои 3 или 6 месеци да оди на контрола и преку цефче да му ја ваделе течноста.
Да сум гледала на интернет преку цефче како им вадат вода чичко ми кога беше болен од рак и тој имаше вода во белите дробови. Ви посакувам брзо оздравување
Тие даваат конзилијарно мислење дали е за операција човекот или со која терапија да се продолжи. Обично се состои од 5 д-ри и барем еднаш неделно се состануваат (сега со оваа ситуација не знам)
@slavica999 фала ти. А можам некако да се поврзам со нив за да го разгледаат мојот случај? Мојот доктор ми спомна за тоа, ама после заборавив да ја прашам повеќе.
Zdravo dokolku ima nekoj koj sto se razbira od ova da mi poobjasni za sto tocno stanuva zbor kolku e nestoto loso itn. Vo golema panika sum. Vi blagodaram mnogu.
Последната реченица ти кажува се. Со резлутатов во најкус временски период да се појавите на Онкологија да си види дали може да се уклучи терапија. Без чекање. За кого се работи,за повозрасно лице?
Душо пред 6 дена го изгубив татко ми од истава болест и затоа ти кажувам. Знам колку и како се разбираат. А чим се полни со вода нее убаво тоа да ти биде јасно. Ти пиша јас дадов совет да се оди во најкус временски период на Онкологија. И си пишала погоре контрола за 6 месеци, тоа е многу долго.
Зависи за што станува збор т.е каква болест но др. ти кажува кои документи односно сите наоди, испитувања, извештаи и сл. се носат на конзилијарно мислење. Ти лично неможеш да се поврзеш туку др. да те упати па обично главните сестри ги спремаат документи за конзилијарно мислење. Сепак прашај си го дрокторот кој те води