Na onkologija rekoja deka vo cela rabota dobro e sto ne metastiziralo bilo samo na edno mesto i ke se odelo so hemoterapija
Да но немојте контрола на 6 месеци. Мора да се среди бидејки метастазите одат преку ноќ. Онкологија мава ветар во грб а особено со коронава само чекај чекај.
@SonlivaDevojka Како што разбрав по наодот се работи за рак на бели дробови. Контрола на 6 месеци па тоа е огромен период. За жал кај нас за бели дробови на онкологија имаме 2 доктори мислам. Симонида и уште еден. Симонида е за нијанса подобра но и за неа имам доста да пишувам.. нејсе.. Ние 9месеци се боревме со болеста но кај свекрва ми немаше можност за операција. При крај и дадоа едни таблети Ерлотиниб но касно, а читав мн ги фалеа на нет. Да знаевме многу порано би фатиле врски за да ги добие оти биле мн скапи. Ми останаа неколку ленти, Симонида рече да ги вратиме но за инает не ги однесовме.
@SonlivaDevojka Систина и Жан Митрев Клиника имаат одделенија за онкологија, одете таму дури не биде касно. Не знам многу за рак на бели дробови, тетин ми почина од тоа, мислам дека доста е агресивен и инвазивен што значи колку порано се почне со терапија толку подобро. Добро е што нема метастази (не е проширен) ама за да го задржите локално распрашајте се во приватните болници за третман или обидете се уште еднаш на државна онкологија. Кога треба да почне со хемотерапија според нив? Може сакаат да прима хемотерапија па после 6 месеци контрола. Имајте на ум дека ова е сериозно и во период од 6 месеци може да метастазира и да се влоши. Ви посакувам среќа и се надевам нема да дојде до тоа. @mssuniquee ич не сакам да се мешам на било кој кога станува збор за соочување со карцином во фамилијата и стварно ми е жал што се поминале низ таква борба. Ама најискрено ми стана криво кога го прочитав твоето мислење. Нели мислиш дека е неубаво со гордост да кажуваш дека од инает не ги враќате таблетите? Ако вам не ви требаат, ако рокот не е истечен, зошто би ги чувале дома? Разбирам да немате доверба во докторката (не ја знам). Ама ако кај вас било касно, (тргнувам од мене бидејќи и самата се соочувам со дијагноза) би сакала да помогнам на некој друг да не дојде до трагичен крај. Знам дека и мојата фамилија би постапила како мене. Знам и колку е тешко да се прифати такво нешто, посебно ако е лекарска грешка ама знам и дека со гнев нема ништо да постигнам.
@buba4e89 те молам, значи те молам, не изигрувај адвокат на други луѓе. Стварно ми е жал за сите што се сретнале со карцином. И на мене ми остана терапија што сама ја платив на приватно и беше прескапа, значи разбирам, ама ја вратив таа што ми остана оти немам потреба од неа и за џабе ќе ми стои во фрижидер, а можам да помогнам на некој.
И јас не би ги вратила. Како го исфрлија татко ми како партал, сестра ми плачеше и молеше за помош на раце со маж ми го однесоа,а они како партали ги исфрлија. Зашто зашто ги мрзело катетар да му стават, и да му дадат терапија да се измокри. За два дена се наполни со вода целиот и почина во многу лоша состојба.
@monik55 Докторите и сестрите се криви за тоа, не пациентите. И министерот штом дозволува такво нешто. На дедо ми му се случи истото, го испуштија демек се е супер, на тротоарот од болницата почина одма штом го пуштија, не стигна ни во кола да се качи. Со мене само еден доктор се нафати да работи оти е редок тип на карцином. Сум ја почувствувала таа болка сите да се оградуваат од тебе, да ти ги земат парите а на крај пак да не знаеш што да правиш. Зошто бе вака прават не ми е јасно како немаат сочувство.
Ајде ти се молам, гледај си го животот. Ниту си видела ниту си ме прашала дал имам изгубено некој од рак. Ти можеш да правиш што сакаш со нив,секој одлучува разбираш.
@buba4e89 па никој од ќеиф не е во темава така да претпоставив дека се имаш соочено. Да, знам како е, секој си одлучува што ќе прави. Ама знам и како е да се чудиш од каде да најдеш терапија што ти е и повеќе од потребна. Жал ми е, ама има премногу луѓе што терапија бараат по фб групи, оти толку добро ни е здравството во мк. Ако беше работата да бидеме себични, никој немаше во темата за инвитро да споделува броеви од аптеки од каде да се најдат лекови што ретко ги има. И секогаш ќе бидам премногу благодарна на тие луѓе. И секогаш би сакала да допринесам и да помогнам на било кој начин и јас.
Знаев дека ќе има таква критика затоа сега ќе напишам зошто пишав. Бидејќи секако ќе ги донирам на некој на кој навистина му требаат а не може да ги дозволи, патем и ги објавував во групата канцер победници на фб. Се додека не се поминат тие патишта не знаете со што се соочуват пациентите. Подобро да не пишам како добивавме хемотапија, оти и тогаш ќе има критики. Имаше недостиг на Гемзер терапи, не даваа да ги купиме од странство и на онкологија да ги прима.И на министерот му имаме пишувано џабе, тогаш сами си ја бркавме работата. @WarriorMind И да ги вратиме ќе ги добијат тие со "врски". Затоа ќе ги донирам на кој му требаат.
Одлично те сфаќам се. Ама тоа е, ти можеш да им дадеш предлог и се тоа. Тетка ми почина од рак на јетра,додека и открија беше касно. Жената се измачи резултатите беа страшни. 48 години имаше. И тогаш не беше нешто wow здравството,а па ни сега. Замисли жената имаше течна столица цел месец а тие и викаа ништо не е. Од тоа ништо многу животи отидоа низ “ветер”.
@buba4e89 Свекрва ми 3 степен канцер ја лечат од бронхит И тоа 3 лекари замисли. Кога дознавме веќе беше касно. Тоа е најголемата причина зашто сакам да се иселиме од тука, ај за мене, туку жал ми е да ги растам децата тука! Од едно боледуваш, од трето те лечат, патем дебело плаќаш за да добиеш лекови и соодветен третман.
Знам какво ни е здравството и дека ќе ги дадат на некој со врски. Јас мојата терапија ја дадов на една жена што поминува низ ин витро на приватно, знам колкави се трошоците, и се надевам дека ќе успее да забремени. Откога ми се случи ова и видов како се однесуваат, најискрено и јас сакам да се преселам некаде каде што имаат подобро здравство. Барем да не се чудам каде да најдам лекови. И после ми текнува дека тетин ми во странство се лечеше, во предобри услови, со најдобри терапии достапни и на крај не успеа...
Ne..hemoterapija sega za cetvrtok prvata i posle uste 3 na sekoi 3 nedeli..taka rece doktorkata So hemoterapija pocnuva sega vo cetvrtok pa potoa uste 3 na sekoi 3 nedeli
Дедо ми почина на 70 години од рак на бели дробови, 3 стадиум беше кога му открија, и сите викаа дека за месец дена толку ќе биде... Човекот се бореше како лав, до последен момент, година ипол не и потклекна на таа болест, примаше хемотерапии и некакви зрачења, немаше вода, имаше големи отоци на раце и нозе само, беше свесен за се што му се случува и до последен момент не се предаде, тераше и со исхрана и со пешачење и со сокови, со се што беше во негова моќ, ракот за жал метастазираше низ цело тело. Кај него не помогнаа тие терапии од Државна, се надевам се ќе биде добро кај вас, со лесно и секое добро.
Nas ne ni kazaja vo koj stadium e..samo rekoja deka bilo navreme i deka ne metastaziralo. Koristime na prirodna baza lekovi za imunitet