@SonlivaDevojka дали правеше пет скен? Како знаат дека не е проширено? Ако е само на бели дробови тогаш најверојатно е прв или втор стадиум. Трет стадиум е ако се прошири на други органи, а четврт е ако ги зафати лимфните јазли. Барем така е во мојот случај, разгледај на интернет информации. Побарајте, притискајте за да ви дадат конзилијарно мислење за пет/кт скен на цело тело ако не бил, да се види поубаво. Па после хемотерапија пак барајте да се види до кај е. Прочитај за исхрана за време на хемотерапија. Може да биде истоштен и уморен, или да му е лошо и мора да се храни здраво, дури и да не му се јаде спремајте му здрава храна. Суплементите се океј ама и здрава исхрана е многу битно. Добро е штом почнува со хемотерапија, да се надеваме дека ќе биде во ред.
Pravese nekolku ispituvanja na patologija i denes stignaja rezultatite od tuka doktorot go prati na onkologija i tamu doktorkata mu kazala taka spored site rezultati od ispituvanjata.. Sigurno go ima i toa napraveno stom taka dijagnosticirale
@SonlivaDevojka океј тогаш може на тоа се гледа дека е локализирано. Имај го на памет и тоа за пет скен откако ќе помине хемотерапија. Има луѓе што еднаш годишно си прават пет скен, може ги праќаат само тие кај што е проширен.
Vazi ke go pametam..samo me plasi hemoterapijata imam dosta losi iskustva slusano za nea demek kolku pomagala tolku bila stetna gi unistuvala i zdravite kletki
@SonlivaDevojka тоа е хемотерапија, ќе му го поремети целото тело и крвта ама штом така треба бидете силни, ќе помине. Едно девојче што го знам оди пон-пет секој ден па одмара две недели па пак една недела хемо и пак одмор. Може кај вас не е толку страшна состојбата штом ќе оди поретко. Може зависи од дијагноза. А и може да е подобро што има простор измеѓу хемо за да се опоравува телото. За пет скен. Тоа се прави во пет институтот меѓу воена болница и жан митрев. Сигурно го нема правено оти треба да отиде таму да му стават во вена радиоактивна течност, па седи еден саат дури да ја прими телото течноста и на крај пола саат лежи во една огромна машина за да се направат снимки на цело тело.
Ne, takvo nesto nema praveno. Ne ni ni spomnaja za to. Sega ke vidime kako ke se odviva hemoterapijata. Pa so Gospod napred i to da go izdrzime
@SonlivaDevojka побарајте второ и трето мислење.. Јас го загубив татко ми од рак и цироза ама на црн дроб што веројатно метастазираше на крај... Немаше лек за него..тоа е.. Имунофан видете дали ќе ви помогне за имунитетот.. Пет скен обавезно.. Само не дај боже дојде до стадиум да дренирате вода на крај.. пазете мн на тоа.. Од хемото не се плаши.. Може лошо да ја поднесе терапијата ама тоа е борба.. За лековите што сте коментирале погоре... ма не дај боже да дојде некој до степен да не може да си купи терапија преку фондот.. Па да даде 3000 евра на гладно...
Со тек на време како напредува (или дај боже да не напредува) ракот, може да метастазира низ други органи. Со оглед на тоа дека дијагнозата во вашиот случај е аденокарцином и тоа неситноклеточен (како во најголем број од случаите), а тој е еден од раковите кои се шират многу брзо преку крвотокот и лимфните јазли, контрола за 6 месеци е навистина долго време. Многу често аденокарциномот ја зафаќа и плеврата (градната празнина) и во тој случај се создава течност во градната празнина... Под услов да сте сигурни дека не е проширен никаде, тогаш најверојатно станува збор за стадиум 0 или 1.. Ви спомнаа ли нешто за операција? Прашај за таргетирана терапија дали во вашиот случај е возможна... Имам уште многу за пишување ама сега баш немам време..
Не верував дека ќе пишам на темава,ама ете ни влезе во куќа..Малку ќе се распишам-се извинувам. На татко ми дијагностициран му е меланом на лимфните јазли (3 стадиум). Во Ноември правеше операција, му ги вадеа жлездите. Веќе 3 месец прима хемотерапија, со апчиња-зитрон, темозоламид,вика др демек делува (не ни знам шо и значи тоа). Прави редовно снимања, и сега пред 2 нед,на ехо на абдомен и ингвинална регија на приватно, му кажаа ок било нема метастази. Денес беше на државно, и на абдомен му нашле- слободна течност, во морисонов простор. На ингвинална регија-едем, присуство на лгл, а кај резот (од операцијата) нодуларни творби. Дали некој знае што значи ова-јас читам од резултатите, на лекар е тек сл недела, никој нема мира дома. Вака човеков е ок, крвна слика одлична цело време, пие се што ќе чуе (право цвекла, со лукови нешто, Воталекс апчиња...). Ви благодарам.
Морисоновиот простор е од десната страна помеѓу црниот дроб и бубрегот..обично не треба ништо да има таму.. Ако има над 50тина мл течност, тогаш веќе може да се види на ехо или кт веројатно.. Треба да се утврди причината за настанување.. Баш за овој неговиот вид рак не знам многу, ама знам дури и премногу за таа глупава течност што мислам дека го сотре татко ми.. Ако достигне над литро ипол ја дренираат со постапка наречена парацентеза.. Кај татко ми тоа беше на секои 10 дена..за на крај кога не можеше да оди веќе во болница, да нема служба во целава МК што тоа дома ќе го изврши.. ама за 300 евра се нафаќаат во една приватна клиника.. Сите зинале за пари... не се свесни дека 3 пати во месецот се 900 евра, што ретко кој може да ги даде.. Не реагираше ни на огромна доза диуретици.. Едем на ингвинална регија значи дека утврдиле оток, тоа ќе му дојде некаде кај препоните ако не се лажам.. тоа треба да е од лимфните јазли (?!) Прима ли и Аносохип со Воталекот? Тие велат дека помагаат..ама што знам...не се некои лекови да речеш, повеќе како суплементи, имуностимулатори.. а се скапи. Повеќе мислам дека е процентот што го лапаат докторите за препорака на овие 2... Не сум доктор, само паталец.. Јас би ти рекла да барате повеќе мислења..едно е малку.. Да знав дека татко ми е во таква состојба, ќе барав од 10... ама прекасно беше..
Не се обвинува. И ние дома истот го размислуваме, да беше вака да беше така. Ама да рипаме нема ништо да се смени.
Утре ќе оди ќе ја бара др за побрзо да му даде др снимања ако може. Не исплаши течноста, а никаде на извештај не можам да прочитам дали е метастазиран (на приватно ехо пред околу 2 нед му рекле нема метастази). Не пие со Воталекот ништо (ова му препорача роднина кој се бори со рак исто, не др). Пие триста други чаеви, цвекло сече, имунитет билда до мах (дури се мислиме да не му е од тоа подуен стомакот, цел ден во кујна јаде од тоа работите). Да, кај препоните е тоа, ваљда од лимнфните јазли. Кажете некој доктор, оди кај таа Василики во Државна, ама некако лабава, демек делува таа терапија со апчиња, не треба поише. Он психички веќе почнува да паѓа, се држеше некако, му давам деца да му се качуваат на глава , да не мисли ма тоа, ама џабе.. Не дај боже да ми замине, јас ств нема да си простам...
За дијагнози веќе не ми се ни збори, мајка ми е со аденокарцуном на бел дроб, операбилен иронично, и една поткожна метастаза операбилна исто, и 2 во мозок неоперабилни. Да не беше толку доцна откриено ваљда ке се спасеше. И таа одеше на "феноменалната" онкологија, каде НЕ предложија скен на цело тело, туку лупнаа одма хемотерапија , која наравно не оди во мозок, и во тие неколку месеци, којзнае дали веќе било стигнато до мозок или тогаш се проширило, таа губи употреба на рака и нога, со се пропратно на зголемен интракранијален притисок. Па ја ставија на зрачење. Јас колку што читав на аденокарцином зрачење НЕ делува. Ама тоа е. Се гасне. Не знам до кога. Не знам како. Не знам уште колку. Само едно се надевам, да не ја боли. Засега нема болки, се надевам така ќе биде до крај..а мозокот е зафркнато место за метастази... Никој не се нафаќа, да била една и можеби, вака , се е џабе. Тоа е. Ќе се живее додека има век што велеше баба ми. Жал ми е за сите што минувате низ ова. На моменти сум како смрзната,на моменти лута, на моменти не знам што да мислам, дека знам дека е касно. Науката и состојбата нејзина така вели.