Никако не давај да залегне,ние сегде со нас си го носевме буквално сегде, на шетање до продавница. Не зимаше носеше на работа. Само позитивни бидете. Од срце ви посакувам подолго да трае се ова.
Вчера вечер бевме на ургентен, ни дадоа упат за денес за на Гастро. Денес вода му вадеа. Сега му е полесно, и психички е по ок, има елан да се движи, јаде се, пие витамини. Не му кажав ништо за резултатите, на човекот му се живее, позитивен е многу, немам срце да му го расипам тоа. Сл недела на онколог па ќе видоме. Ќе тераме како така, се надевам само подолго да поживее...
Колку вода му извадија? Албумини да испитате .. Прв пат ли му вадат вода? Извини не памтам може си пишала
4литри. Прв пат е вадење, сега му истекува уште, изгледа од тоа дупчето. Ми спомнаа на итна демек тоа албумини да му дадат (така нешто ми кажа во бунило бев). Има ли на приватно тоа да се испита? Едит: водов, во авицена е 100 ден албумини, ќе испитаме сабајле и плус сакам тумор маркерот за црн дроб АФТ... Да си одговорам: креатинин и уреа покачени, 28 со 160 (а треба мах 8 и мах 115), албумини 28 (мин 34). Тумор маркер на црн дроб 5.05 (мах 5.5 треба)... Вторник на Онколог сме. Некој совет, некој препарат, нешто било што...?
Онкологот ќе ти каже најдобро.. Кај кој сте? Водата за жал колку почесто ја вадите, се повеќе се собира не сакам да те разочарувам ама од тоа можат многу компликации да произлезат и повторувачкото вадење вода драстично го намалува животниот век ...не е до водата, туку до намалената функција на органите Што прима од диуретици? Татко ми по пола Едемид и Спиронолактон ама не му делуваа... Лили бе, не и он..не толку брзо Биди силна, што треба - знаеш тука сум
Ма упм толку е тешка оваа болест што ако не дај боже ме закачи, кога ќе осетам дека веќе не можам ќе си свирнам еден куршум.. Трауми се за цела фамилија.. Ќе се тешиме ние 3, секако направивме се што можевме.. Порано или покасно, ќе мора да ги оставиме да си одат..по нивниот пат
Оф, ЛилиБ .. Вие фамилијата бидете живи и здрави, на болниот едина светла точка е дека маките ќе му престанат.. Те гушкам.
Знам дека е така, свесна сум, ама не можам да издржам од тоа што не можам да му помогнам. Он веќе има компликации (ова од познати што прочитаа), ама па чекам онкологот да каже што понатака (кај таа Василики на Клиника е). Само прашувам дали го боли,не сакам барем ништо да не го боли. А нема сила.. се движи, не му давам никако да залегне. Ах колку има воља за живот,срце ми се кине, дека заедно живееме колку го глеам,само бегам некаде и плачам. Пиеше и он едемид, ама не му помагаа мн... Премногу ми е жал...
Искрено? Преска го гледам и се виткам и јас покрај него... Што не се спасеше пред да го доживее ова... Тоа што ти го виде, и тоа што јас по втор пат го гледам е стварно трауматично.
Секогаш ја отворам темава и ми се насолзуваат очиве, се потсетувам на најтазе моментот, кога правевме муабет што и како че се издржи зимата, затоа што лежеше во соба која немаше врата и делумно би било студено. Не ја дочека зимата... :'( На никого не ја посакувам оваа болест, те цеди/суши, те боли, те мачи до последен атом на сила и тогаш ќе те "пушти" да умриш.
Барај друг доктор те молам.. И да го боли не знам колку ќе каже Чувајте се, сакајте се.. И мојов имаше страшно голема желба за живот, секој муабет му беше - ако оздравам ќе купам ова она..ќе одам таму, ќе направам не знам што.. Ама тоа е..живот. Смени му ја храната, пазете на албумините и железото.. Баш во Васили немам големи надежи, затоа ти викам да побараш друго мислење.. Ма да кога стигнат до асцит, некако имам чувство како да сите ги отпишуваат.. Не можело биопсија кај татко ми, не можело не знам што.. Иста бев.. ама и сега не можам онака од срце да се исплачам.. Мајка ми ми виси над глава Секој ден си викав - камо да има начин да му ги скратам маките Ние да сме живи и здрави Лилке.. ма да се знае после тоа како е..
Читав за неа, еден да кажеше убав збор за неа... Секако ќе го носам и на приватно (знам дека ке речете не троши пари, они се машина за пари, ама ако не го направам тоа цел живот ќе се јадам). Искрено, само тие што поминале низ ова, знаат колку е мачно и болно.
Ова ме потсети на чичо ми кога мислеше како ќе ја помине зимата дали доволно ќе го згрее климата. И тој не ја дочека зимата. Многу важна личност беше во мојот живот. Од тогаш се мачам со антидепресиви а еве сега и се здебелив од нив а без нивн не оди никако...
Мислев дека нема да пишам овде, но еве ме пак. 2018 чичо ми почина од рак со кој живеев, 2019 стрина ми. 2020 имав малку одмор од се, дипломирав и таман помислив се оправам од се еве ти 2021 рак има вујко ми што најмногу го сакам, што секогаш се борел за мене, ме подржувал за факултетот, во основно поради него ја засакав физиката. Не знам што да кажам, чичо ми и вујко ми најмногу ги сакам од сите роднини. Господ ме става на некој тест, барем го молам Господа да не го земе и вујко ми. Плачеше од среќа кога дипломирав.