Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рак во блиската фамилија

Дискусија во 'Психологија' започната од Zlatusko, 11 ноември 2010.

  1. Bibi30

    Bibi30 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2017
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    1.180
    Пол:
    Женски
    @Dust можеш да ми пишеш пп дали некоја приватна вади вода во дом услови? Извини ако не спомна ти тука, веќе ми е испомешано се.
     
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.769
    Допаѓања:
    173.072
    Пол:
    Женски
    Вади ..
    Неуромедика за 16.500 ден од посета..
    И еден доктор од итна мед.помош..
    Ќе ти пратам бројче во ЛП
     
    На Bibi30 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. cavalli

    cavalli Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2016
    Пораки:
    659
    Допаѓања:
    1.619
    Пол:
    Женски
    Голема подршка до сите оние кои имаат вакви случаи во фамилијата, дај боже да биде се во ред и да помине.
    Пред 10г дедо ми (од страна на татко ми) почина од рак на бели дробови. Бев по мала и не ја сфатив многу ситуацијата, но како што се сеќавам знаеа моите дека нема спас.
    Пред 2,5 месеци, почина баба ми (од страна на мајка ми) од акутна леукемија. Жената што ми беше како втора мајка. Нејзината смрт многу ме погоди. Уште полошо е тоа што во недела не беше добро, значи карпа жена и наеднаш и стана лошо. Беше испратена на клинички со брза помош (не сум од Скопје). Понеделникот одма и дадоа дијагноза на акутна леукемија последна фаза. Докторите дадоа се од себе, но за жал средата не напушти и премина во вечниот дом. Сеуште сме во шок како и што се случи. Од жена што можеше условно кажано куќата да ја подмести, да ја падне проклетата болест.
    Сочуство до сите оние кои имаат изгубено член од фамилијата и подршка од :l: до сите оние кои се борат.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.651
    Пол:
    Женски
    Сега ја отварам темава, се обидувам да избегнам колку можам ама не оди.
    Неможам да го тргнам од уши звукот како дишеше како да е приклучен на кислород, тоа од што беше полн вода.
    И сликата кога беше покроиен.
    Бидејки јас одлучив за моја лична заштита највеќе за бебево не го видов и главните церемонии ги одбегнав.
    Во недела 40 дена кога поминаа незнам.
    Барем да дочекаше да знае дека ќе има уште еден внук и дека ќе биде наследник на неговото име.
    @Bibi30
    Како сте вие?
     
    На NewMommy, Dust и cavalli им се допаѓа ова.
  5. Bibi30

    Bibi30 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2017
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    1.180
    Пол:
    Женски
    Почина во понеделникот... Срцево ми е скршено од болка...
     
  6. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.651
    Пол:
    Женски
    Најискрено ме пресече, не очекував волку брзо кај вас.
    Мораш да бидеш силна за себе и за дечињата, да не ја осетат празнината.
    Прими сучуство и многу сила ти посакувам.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.769
    Допаѓања:
    173.072
    Пол:
    Женски
    Ич не ми збори...дишењето..како гаргара да прави, тогаш му кажав на Алек дека нема ноќта да ја издржи, едноставно знаев а него не му се веруваше.. плус кај нас порталната хипертензија беше капак на се.. Па крвишта па чуда ...
    Свесно или несвесно Алек беше решен ние да си го облечеме и средиме, сега кога ќе помислам тоа не е баш добра идеја..па сите тие работи што идат со тоа и ден денес ми излегуваат пред очи... На крај кога го исчистивме од крвта и облековме, додека чекавме од погребалното да дојдат една блажена насмевка имаше што секој ден ми е пред очи.. И кога и да се сетам одма солзи на очи.. не бираат моиве солзи каде, во бус, во продавница, на доктор...(facepalm)
    40 дена летнаа во саботата, како вчера да беше...
    Моник, ќе беше пресреќен дека е машко и дека ќе го носи неговото име...
    Гушкај меше и немој многу да се возбудуваш и вознемируваш:hug:

    @Bibi30 :hug: камо да можевме повеќе да сториме. Многу изненадно кај татко ти настапи смртта, ме пресече кога ми кажа тогаш..:(
    Биди силна.. хаосот во главата допрва иде, особено што нон стоп што се вика бевте заедно.. За децата за маж ти ..за сите мораш да си силна.
    Тука сме за тешење, за разговор и за се што треба
     
    На monik55 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bibi30

    Bibi30 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2017
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    1.180
    Пол:
    Женски
    @Dust @monik55 се што напишавте, беше и кај нас вечерта во неделата... Истите слики беа и кај мене. Спиев со него вечерта, го држев во полулежечка положба, го гушкав, а он полусвесен ми рече не се секирај утре ќе одиме на лекар... Станавме сабајле, го видов спиеше ( се изгубил најверојатно), однесовме деца во градинка, дојдовме, го станавме за на лекар, устата ко подискривена, се исправи после, почна да плука нешто, и на раце почина на мене, мама и мм.... Тогаш изгубив дел од душава... Цел свет ми се сруши...
    Јас одлучив ние да го облечеме, бидејќи цел живот он облекуваше починати ( дедо, братучет, вујко, татко)...
    Едно знам, 2 дена лежев до него и му кажував колку го сакам, дека не постои подобар татко (јас бев една татина маза долгоочекувана после 13год борба за дете со мама). Го гушкав и бацував (него кој знае колку му било тешко, ама јас се олеснив).
    Кога го облековме и пред да го земат, си сварив кафе кај 12:30 пошто обичај ни беше викендите тоа време кафе да пиеме и испив едно, до него... Јас и мм ги бркавме сите раб за погреб, ќе ме утепаше од негде ако видел дека сум барала некој за тоа.
    Знам дека сум силна, на тоа сум на него.
    Нема зборови што можат да не утешат, болката нема да помине, само ќе научиме да живееме со неа... Децата знаат дека дедо е горе и е ангел и не чува...
     
    На thelittle17, AngIv, Stark и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.651
    Пол:
    Женски
    @Dust @Bibi30
    Ова со облакање, спремање го помина сестра ми исто како вас со мајка ми која е и она пола човек ама фала му на бога се држи.
    Сестра ми и маж ми спремија се за погребот.Зетот пазареше.
    Јас дека трудна ме тргаа на страна да не ми се случи нешто.
    Нас ни се сокри сам си почина, сите уствари како да не избрка од соба.
    Јас и маж отидовме по малиот во градинка сестра ми во соба а телефон мајка ми во вц и толку беше.
    Има и една виша сила или коинциденција, почина на исти датум како брат му кој од беше болен од истото.
     
  10. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.804
    Допаѓања:
    4.943
    Пол:
    Женски
    Бев во МАНУ за генетско тестирање.
    Претходно ми кажаа дека е 80 000 за тестирање за гените за рак на дојка што може да имаат улога и за рак на јајници (BRCA1 и BRCA2) и испадна дека цената е 4700, резултати за 1 месец до 3 месеци. За толку време даваат резултати и на приватно, а цената е многу поголема.
    Се надевам на некој ќе му послужи информацијата.
     
  11. Puppy1

    Puppy1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите, морав и јас да се приклучам на оваа тема. Жал ми е за сите што некако дошле на темава и ви посакувам што побрзо да оздравите.

    На мајка ми и беше дијагностиран МММТ carcinosarcoma. Фазата сеуште не ја знаеме, веднаш почнавме со хемотерапија. Дали некој друг се сретнал со оваа дијагноза да ми даде повеќе информации.

    И уште нешто, после хемотерапијата мајка ми има големи болки во нозете, неиздржливи. Дали кај некој друг се јавило ова? На американски форум прочитав дека кларитин (лоратадин) многу им помогнал. Не знам дали да пробам. Сеуште сме на прва хемотерапија а вака лоши ефекти ако има не знам како ќе продолжиме.

    исто купив и Имунофан ампули, ама се мислам дали да почнам да и ги давам.

    Ве молам за совет.
     
  12. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    Ампулите обавезно. Многу помагаат за имунитетот. Масло од канабис. Маж ми почина од сарком, погрешна дијагноза, погрешно лечење.
     
  13. Puppy1

    Puppy1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Како се аплицираат ампулите Имунофан, мора да бидат од медицинско лице ставени така?
     
  14. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.862
    Допаѓања:
    325.855
    Пол:
    Женски
    интрамускулно и поткожно.Имате и чепчиња.И спреј исто така.Консултирајте лекар пошто се користат со паузи.10 дена боцкање па 10 пауза.Паузите со тек на време стануваат се подолги.
     
  15. Dreamsdocometrue

    Dreamsdocometrue Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Женски
    Здраво,

    по направена операција и отстранет тумор, пред да се упати на онкологија, сакам да прашам дали постои и која е најточната метода со која би можело да се утврди дали е се чисто по направената операција? Итно ми треба одговор! Како би можеле да знаеме за да се види најдетално се во телото!?
    Благодарам
     
  16. AngIv

    AngIv Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    828
    Допаѓања:
    9.239
    Мислам компјутерска томографија или пет скен за ако во случај има некаде метастази да се виде. Ние за баба ми правевме компјутерска томографија. Зависи и на кое место е бил туморот. Имам слушнато од луге дека компјутерската томографија не секогаш покажувала точно, или пак до докторот е било што не знаел точно да ги анализира снимките.
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.769
    Допаѓања:
    173.072
    Пол:
    Женски
    Кт во мегамед најдобро за читање резултати..
    Пет скен за цело тело..
     
  18. AngIv

    AngIv Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    828
    Допаѓања:
    9.239
    А дали знае некој која е цента по приватните за да се направи снимање на хранопровод на гастроентерохепатологија. Баба ми имаше рак на хранопровод, примаше 4 циклуси хемо, по хемото направивме КТ и покажа малку здебелено на долниот дел на хранопроводот, но тоа било нешто како воспаление кое било нормално за лица на таа возраст. После тоа направивме снимање со црево преку уста во државна на гастроентерохепатологија и покажува дека нема ништо се е чисто, нема потреба ниту од операција ниту од зрачење. Ние за секој случај сакаме да го повтореме снимањето да сме на сигурно.
     
  19. Dreamsdocometrue

    Dreamsdocometrue Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Женски
    Што би било подобро компјутерска томографија или пет скен ? Се работи за операција на абдомен
     
  20. AngIv

    AngIv Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    828
    Допаѓања:
    9.239
    Пет скен не се прави по желба, мислам дека само ако доколку докторот смета дека има потреба, дека има метастази пуштено, тогаш, самото снимање било штетно. Вие правевте операција па сега ке одете на хемо така?