Предлог е да се направи пет скен по операцијата за да се види дали би требало терапија а искрено и ние сакаме за да знаеме точно
Доколку тој предлог е од докторот тогаш направете, но пред операција не правевте ниакакво снимање? Обично снимање се прави на почетокот за да се одлучи дали прво операција или прво хемо и зрачење. За хирургот да се нафати да оперира мора да знае на што е, каква е состојбата и локацијата на ракот,не може на жими мајка тој да оперира.
Јас мислам дека нема потреба сега од снимање, со тие снимања што сте ги правеле и хирургот и онкологот ке знаат што треба а што не. Доколку туморот е било невозможно да се отстрани со операција, докторот сигурно прво ке предложел хемотерапија. А штом се нафатил на операција претпоставувам успешно е отстранет и сега спрема видот на ракот ке се одлучи дали ке треба хемо и зрачење за да не почне да се шире пак. Кога ке одете на онкологија консултирајте се пак и со онкологот. Оваа е само мое мислење, од тоа што го имам искусено со баба ми. Најдобро знае докторот.
Фала ти многу на одговорот. Доколку знаеш да ми кажеш, доколку туморот е отстранет во целост а бил малиген дали мора да се прима терапија? Таа нели е всушност да отстрани клетка доколку ја има...
Кога прво ќе се развие малиген тумор, тој може да биде ограничен на неговата првобитна локација. Доколку тие клетки не се лекуваат, може да се рашират надвор од нивните нормални граници и во околните ткива, преминувајќи во инвазивен рак (што метастазира). - Оваа го најдов на интернет. Не сум стручно лице за да ти одговорам на прашањето. Многу добро знам какви се овие ситуации кога си во исчекување, неизвесност, но нај точен одговор ке добиеш од докторот. Можеби иако е отстранет во целост сепак ке треба да прима хемо за секој случај. Но и да треба воопшто не се плашете. На онкологија се толку добри и позитивни од доктори до сестри, сите, се убаво ке ви објаснат. На што точно е туморот? Доколку е на гастроинтестиналниот тракт ви го препорачувам онколог Драган Јакимовски. Ние имаме многу позитивно искуство со него, човекот е толку принципиелен, добар, не остава ништо на случајност.
Здраво на сите, имам повторно прашање за лекот Имунофан. Кој го аплицираше? Матичен лекар или? Малку сме во паника и не знаеме што да правиме со него, број од онколог немаме, ќе се сретнеме дури пред наредната хемотерапија за 2 недели. Не сакам да чекам до тогаш. Не знам кај кој доктор да се обратам да ми потврди дека мајка ми може да го прима.
Мојата баба за жал почина од рак на матката.Мене на 17 години ми беше дијагностициран тумор на хипофизата,но за среќа се излечив успешно.
Ја барав темава, мислев дека во здравје е ставена. И мајка ми ја изгуби битката, почина пред 2 недели . Сеуште не можам вистински да поверувам, иако статистиките беа неумоливи- за нејзиниот стадиум велеа 6 месеци, таа издржа 7, Последните неколку дена се мачела со дишењето и сатурацијата била ниска.Се видовме на скајп ден претходно, знаеше дека е готово по некои постапки и зборови кои после ми ги кажаа, поразговаравме кратко, веќе немаше сила да зборува. Проклета, одвратна болест.
Ние завчера дознавме за татко ми, тумор на простата .. Веќе консултиравме уролог, на 13 ти му прават биопсија па ќе видиме што понатака. Докторот ни даде позитивно мислење, не смири малку. Да не има некој искуство со докторов Сотир Ставридис? Го фалеа на фб и едвај до него дојдовме да го прими одма..
Многу е битно во која фаза е болеста, колку е раширено. Од Ставридис не бевме задоволни. Напревете конслутација со др Ристовски од Гратска Болница. Он е професор и број 1 уролог, он ќе ве насочи точно што е како е и реалната ситуација ќе ви ја каже. Татко ми 5 години живееше, но од простата отиде на бешика од бешика на црн дроб.
Со соодветна терапија примав Dostinex,а сега правам редовни анализи на крвта(пролактинот).Правев и магнетна резонанца пред неколку месеци.Се е во ред.