Полошо за жал, простата некако може да се реши ама бешиката не. Дали правеше,лапараскопска операција за да се испита кој стадиум е?
При посета на интернист, го гледаа 2 пати на ехо. После докторов потврди. Тоа се се случи во тек на 5 дена..
Кај вас значи ништо не се знае и дали е рак. Може е бенигнен тумор кој што може само лапараскопски да се реши. Мора да се испита парче на патологија за да се види дали е бенигно или малигно. Компјутерска томографија исто треба да се направи. Не секој тумор е рак и малигно заболување.
Како и за секој доктор, се' е лично искуство. Ставридис на клиника и Ивчев во 8ми се најфалени, но секако дека и кај нив има незадоволни.
Се надевам ќе испадне така, и докторот не тешеше, се би дала да не мора повторно да се мачиме со доктори и терапии, таман се опоравивме од свекрва ми сега татко ми ли.. @CameliaMiller И ние кога прашувавме докторот го фалеа многу затоа кај него избравме Прво му закажав термин во Ремедика на 17 Мај, но касно беше па побркавме и веднаш го прими на клиника
Во животот си ги земаме убавите нешта здраво за готово. Се караме за глупости, се лутиме на родителите за ова или она, не сме задоволни со тоа што го имаме. Се до оној момент кога громот од ведро небо ќе не погоди. Шест месеци од операцијата на мајка ми од рак на црн дроб( секундарен). Шест месеци од дијагнозата и прогнозата( држете се вие, хемотерапија не делува, можеби ќе живее една година, можеби пет...) Од здрава жена без никаков здравствен проблем до фатална болест преку ноќ. Премногу е болно да загубиш близок од оваа болест. Некои луѓе си умираат од нога. Денес се живи и здрави, а утре ги нема. Можеби некој нема да се согласи со мене, ама тоа е човече благослов. Човекот што се вели не знае дека умрел. А вака.... Ја исплакавме уште жива, се молиме кога гледаме дека се мачи да дојде што побргу тој час и да и олесни и неа и нам. Бременоста ја истуркав со овој проблем и наместо да се радувам за новиот живот, јас плачам за неа.... Плачеше и таа гледајќи ми го стомакот и знаејќи дека нема многу време за да се порадува на внучиња. Ме заболе тоа како нож во срце. Без надеж за подобро што ти вреди животот. Кога знаеш кон каде одиш. Најтешко им е ним. Ние пак ќе го видиме сонцето, но таа знае дека се ближи лош крај. Нема потешко. Никаде да не даде Господ. Го пишувам со голема буква иако сум му лута до бескрај.Не е фер од негова страна да ги зема најдобрите кај себе најрано. Али тоа е што е. Ќе се бориме. Додуша со скршени крила, ама мораме да се издигнеме пак.
Жал ми е ама мораме понатака. И татко ми почина кога бев 12 недела бремена, уште се мие свежо уште сум гневна зашто он почина но неможам да го вратам. Неможам да го исплачам за да не му наштетам на детево,плус уште едно мало дете од 2 години до мене. За нив мораме да бидеме силни, мораме.
Знам дека мораме. И јас имам едно дете од 5 години. Премногу е поврзано со баба. А и јас. 10 пати во ден и се јавувам. Ама ќе се издржи се. Мора така.
Среќа не бил рак Тумор и го исчистија и сега е одлично, биопсија супер сега само контроли на 3 мес и толку..
@NewMommy многу ми е жал, биди силна колку можеш за бебињата и за детето. Јас го изгубив татко ми пред 40 дена ненадејно од мозочен удар, и ќе се сложам дека за нив е подобро да не се мачат, ама за најблиските е пекол. Уште не можам да се соочам со тоа што се случи, уште сум во шок, плачам секоја вечер и како да не ми е реално. Еден ден го има, другиот ден како да не постоел. И моето 5 годишно синче беше премногу поврзано со него и му фали премногу, и за него беше шок дека деде го нема повеќе. Да имав време на некаков начин да се поздравам со него мислам дека немаше да ми е толку тешко.
Сепак нека земе некои витамини за имунитет или гел од алое вера, и туморите се грешки на имуниот систем, се случува кога е слаб имунитетот.
Каква тема.... Не ми требаше сега. Па и прво отворање, тумор на бешика. Од тоа го изгубив најсаканиот човек во мојот живот-татко ми Почна вака исто, тумор, па биопсии, па нема ништо, супер чист компјутер. По кратко време од чистење-рецидив. Магнетната лоша. За понатаму веќе нема што да кажам. Не за џабе е името подмолна болест. Поддржувајте ги саканите, нека знаат колку се сакани, кога си го враќам филмот, тоа му беше него најпотребно. Но, како созреав, сфатив, сум ја занемарила мајка ми, колку неа и било потребно поддршка тогаш. Колку и било тешко, знаејќи дека сама ќе се бори за децата, од кои едното беше мало, многу мало. Плус, да го губи пред очи човекот кој и беше прва и најголема љубов, нејзина карпа, поддршка, извор на сила. Зошто ова се случи, нема да оправдам никогаш, зошто се унесреќуваат среќните семејства како што беше моето. Времето не лечи, барем мене со тек на време ми е потешко кога ќе сфатам некои работи што не сум ги сфаќала тогаш
Мојот сопруг ја изгуби мајка си од мозочен удар. Многу млада. Сега мајка ми има канцер. Ја губам секој ден по малку. Совет од него ми е овој - Не се прашувај зошто ова ни се случи нам, зошто таа, зошто зошто... Само гневот ќе ти расте во тебе. Прифати го и оди напред. Така и тој би сакал да направиш. Тешко е ама немаш друг избор. Мене ми е претешко, ама се трудам да не си создавам дополнителен немир со неприфаќањето на реалноста. Те гушкам
Навистина не знам зошто ова им се случува на луѓето. Ова е тешка, подмолна и гнасна болест. Го јаде човекот од внатре. 7 месеци од дијагнозата на мајка ми. Рак на црн дроб. Оперирана, ракот не е целосно отстранет. Одма после операција докторот ни кажа нема надеж. Нека живее колку и е пишано, нема третман што ќе делува. Гром од ведро небо! Ја исплакав жива. Еве после 7 месеци од мајка ми уште половина од таа што беше остана. Се исуши значи жената. Па и освен тоа што нема надеж, еве веќе 3 месеци е со болки. Пие апчиња против болка, ама слабо и делуваат. Ех, кога ќе се сетам, лани ова време појма немавме дека е болна, а сега... Се ме боли, и душата и желудник од нервоза ме боли и срцето ми е на милион парчиња. А најмногу ме болат 'добронамерните' прашања на комшии и пријатели што појма немаат колку боли секој ден да умира твојот најблизок. И таа кутрата само вика дека ќе оздрави. Ќе полудам веќе. Нека е проклета оваа болест. Колку само млади зеде на душа пред време. Извинете на долгиот пост. Добро е што има ваков форум да си ја испразнам болката барем тука.
Сите викаат дека ќе оздрават и татко ми...толку желба за живот во него имаше последниот месец, што дотогаш ја немав видено И он ни отиде од тој црн дроб...и тоа за 7-8 месеци од дијагноза И јас не верував дека срце и душа можат да болат на ваков начин, да ги осеќаш да болат.. ама болат.. Пробајте со лепенките за болка .. Што пие за болка сега? На 2ри август ќе прави 6 месеци..а мене ми летнаа овие 6 месеци како 6 недели. Во бунило сум уште, депресијата ме дотепа..