Не знам дали знаеш, терапијата е различна. Скраја да е да плашам некого, само го кажав нашето искуство. Ако е плашење правото на второ мислење, тогаш Ок.
Карцином на црн дроб, метастази во цел дигестивен..... Постара личност, не предлагаат лекување. Во доцна фаза било, колку дадел Господ толку.... Таква дијагноза и прогноза ни дадоа.... Нешто за намалување на болки?
Извинете, уште едно прашање може вие или некој друг што знае да ми одговори Кои суплементи ги користеле вашите блиски или некој од вас при вакви заболувања? Можеби има наназад, но не можев многу да најдам
Нема многу што може да се стори. Татко ми скоро почина од истото.. кога и да ја отворам темава истата болка ми иде.. За болки ти кажала Алишан.. има од Косово и лепенки за болка.. За суплементи.. џабе е се.. ако е до последна фаза џабе фрлени пари се.. Ама ете можете да земете имунофан, масло од канабис од црн пазар.. Не знам во каква состојба е и каква му е крвната слика ама секако и железото ќе почне да му се намалува.. Тоа ти е една голема комплексна работа...се е поврзано едно со друго.. за на крај сепак да го изгубиш човекот
После 5 дена откако разбравме се трудам да размислувам порационално, се работи се дедо ми. Си велам живот, стар човек меѓутоа пак не е лесно..... Многу ми е мака, утре ќе оди на биопсија. Ни кажаа уште на ехо дека нема многу надеж ама сепак се решивме за биопсија... Интернистот го опишал, се е зафатен црниот дроб, стар човек... И така ама по консултација со некои други доктори решивме да оди на биопсија. Сега за сега болката му проаѓа од кетонал. Но, мислам и дека сокрива болка од нас... Како и да е, тешко е само се надевам не му се силни болките. Инаку да и железото е ниско 7 е, другото немаше промени
Спреми се ти психички и сите околу него. Премногу лоша болест, да не те плашам ама не те остава додека не те пресиса до 1% и не те остава на здив. Мајка ми почина млада минатава година во октомври на само 46 години од карцином на панкреас и се рашири низ сите органи, иако направена операција и на хемотерапија. Не знам зошто ја отворам темава и се потсеќам на сите овие моменти што ги поминав и да останам да не спијам вечерва и да ме фати и депресија. :'(
Лекови му даде интернистот што му кажа дијагноза неделава, нолпаза, спазмекс, кетонал. Утре ќе оди на хирург и така.... Баш ми е жал. Нека почива во мир. Вујна ми почина на 35 36 така нешто од карцином ама тогаш бев помала па мислам поинаку ја разбирав ситуацијата... Бев дете и отргната од се тоа, сега возрасна а и тоа работам и постојано се бара, чека се од мене.... Така е, темава за навечер не е воопшто па ич. Ама не можев да спијам секако...
Не му земајте здраво за готово се шо ќе зборува, мислам дека и од самата болка и агонија ќе губи разум. :'(
И јас секој пат истово го помислувам.. и денес баш на роденденот мој ја отворив темава за да се депримирам повеќе од нормално И ти помина низ тешки денови...на раце ја носеше мајка ти ... Трауми за цел живот се тоа... Мора да го покријат со терапија..ако не е операбилен не значи дека треба да кренат раце од него.. Спазмекс и нолпаза се ситница..иначе на крај ни нолпазата не помага...
Среќен нека ти е роденденот, пред се! Да ти кажам искрено ко че ми текни по скали на втор спрат беше станот, в раце ја носам догоре, во ниедно време навечер ко одев во Интерно... ми се плачи, па и сеа брзо требаше да отворам чат, гледам ко че ми пишуваше безврска во ниедно време насабјале дека е осамена бла бла, а мене ми капа очи од работа и општо од ситуацијата, бегај. Не сум истиот човек ама се трудам да останам нормален.
Еее таман работа, уживај, само се трудам на луѓе што имаат вакви случки сег аво животов би сакал да ги ислушам и ако можам да им помогнам колку толку и да им кажам шо да очекуваат....
И јас кога ќе ја отворам темата се потсеќам на чичко ми, еднаш го имаше изгубено разумот бараше луѓе да викнеме а и тој не знаеше кои. Мене ме молеше да му помогнам и плачеше,го тешев ќе оздравеш му велев тој ме прашуваше Како?. Тоа мислам цел живот ќе го памтам. Последните денови мене и внука му не бараше барем го расположувавме. Ми кажуваше дека ме сака и дека сум убава, претходно го немав слушнато тоа, ама кога ќе дојде човек до крајот кажува се. Еднаш си кажавме дека си немаме ништо погрешено еден на друг, изгледа тоа беа делови од збогувањето и тој знаеше дека нема излез.
На темава имам пишано барем 10 пати и избришано. А читам. Ама спомнавте суплементи и Петок ја земам баба ми од клиника ( на зрачење), и ќе почнува со хемо. И знам од то значително паѓа имунитет. Па ме интересира шо е најдобро да земам во тој поглед? Сега пие микс од антиоксиданси, плус а-з витамини, онака стандард грип сезона витамини. Али сакам уште Петок да ѝ дам нешто плус.
Samo bidete silni i pozitivni (toa e pola lek), ne propagjajte i veruvajte vo vas i vo vasite bliskii... Pozdrav