После 3 недели малку се потсмирив од веста.... Лежеше 10тина дена во болница, правеше биопсија да потврдат она што видоа на ехо... Плус дознавме дека тоа се метастази, прво почнало на дебелото црево и така... Болките исти, симптоми исти... Утре има закажано на онкологија и така... Тешко е ама мора да се изоди до крај, уште дополнително тешко е што се е на мене и мајка ми, по малце и татко ми, другиот син како да не го допре веста. Абе не можам да сфатам да дознаеш за татко и да не се понудиш на лекар да го однесеш, ех бе ... Постов ми е за да си олеснам малку, извинете
Мислам за тука ми е прашањето Тетка ми е болна од рак Како изгледаат последните денови од животот? Шо се дешава со болниот Бубрезите откажаа .повеке е во бунило отколку што е свесна Уште колку има?
Губи разум и може да зборува глупости. Не знам уште колку има, ама бидете колку толку со неа, греота е.
Кај секого е различно. Ама штом е повеќе во бунило од што е свесна - нема многу. Токсините не можат веќе да се исфрлаат од организмот и таква ќе е.. Еве на пример, татко ми помалку од 2 дена беше несвесен. Последниот ден скоро и да не се разбуди и не збореше и тие 20тина мин што беше свесен. Пред зори умре. Претпоследниот ден не сакаше ништо да јаде.. беше скроз во бунило освен може пола саат што беше посвесен.. Бидете до неа, не е дека и требате, веројатно не ни знае дали и треба нешто..туку ете.. за себе пред се Ја мразам темава а пак влегувам кога ќе видам мислење во неа
Болеста за рак на панкреасот среќа не се во клетките Рекоја има надеж да се излечи но со терапија (во Систина) Некој искуство?
Кај секој е различно. Мајка ми имаше огромни болки и покрај Метадон што пиеше, ама до последната минута беше свесна за се околу. Последниот ден заедно бевме и кафе пиевме Заспиваше врз кафето и кога ќе и викнев ми велеше не бе не спијам. Вечерта после многу долго време и прекинаа болките и си легна на грб (не спиеше во легната положба поради болки). По 30 минути си замина, мирно во сон. Живееше 9 месеци со дијагноза за максимум 3 месеци живот. Ми недостига се повеќе, ама ја пуштам да оди. Сега е на подобро место
Чудно е шо до скоро беше со болки а сега веќе нема болки Спојлер Денес и крварење се јави вагинално ли е анално ли е којзнае Прстите на раце нозе се ладни ,притисок 90 со 70 пулс 100 Јасно ми е се гасат органите Само во изчекување сме
Знам колку ти е тешко, бидете силни, вашата поддршка многу и значи. Колку е неправеден животот, душата ме боли...
Еден ден добар. Друг ден модар. Поподмолно од канцер не постои. Таман мислиш живнал, он пак помодрел...
Кога ќе отиде зависи од тоа колку срцето и е здраво. На крај најчесто од удар умираат. Горе ко што те прочитав чим е полна со вода... се ближи крајот ептен.
Ах, темава, болна точка. Живеам за денот кога ќе престане да постои, и вакви состојби ќе започнат да се третираат лесно зошто ќе бидат излечливи. Тоа ми е една од најголемите желби.
Мајка ми имаше рак на панкреас, потоа метастази низ цело тело. Имате борба и трка со времето, одлучувајте колку што е можно побрзо. Секој ден умира се повеќе и повеќе личноста. Че бидам искрен и отворен, гадна, прегадна болест. За самата личност и околината.
Која е таа терапија што само во Систина ја има? Или таму ви рекле вака? Кој стадиум е? Почнете одма со суплементи па и одма со терапија, секогаш има надеж ама од ден во ден се помалку..