Е да де..затоа чудно ми падна па прашав кој стадиум е.. Ако е 4 кај и да оди исти ѓавол е.. Па и да не е 4.. Ама знаат многу да филуваат тие од Систина. На другарка татко и рак и он на црн дроб, умре сега скоро. До последно ги цицаа со пари..па триолоџи зрачење, па чуда.. Ене го си умре.. дури и уште пократко од мојот од дијагноза до 2 метри под земја
Систина никако. Немаат ни пола од искуството што го имаат Онкологија на државна, а на Онкологија е бесплатно, а Систина ја имаат таа способност мртовец да го одржуваат вештачки и 2 месеци во „живот“, само за да лапнат уште 40-50 илјади евра од семејството. Ракот на панкреас не е многу оптимистички. Израелциве пред некоја година создадоа некој молекул што ефективно го чисти, ама тек сега започнуваат со клинички студии на луѓе, претходно само на глувчиња го тестираа. Јас да сум на ваше место, би го барал овој лек под дрво и под камен во Израел, бидејќи клиничките студии ќе траат можеби плус 5 години. https://www.oncotarget.com/news/pr/...-human-pancreatic-cancer-cells-in-xenografts/ https://interestingengineering.com/researchers-identify-molecule-that-can-kill-cancer-cells
Дечки, опериран карцином на панкреас со метастази сега на црн дроб. Прима хемо. Млад човек. Веќе неколку циклуси хемо, нема некакво подобрување досега. Се жали дека нема сила дури ни за движење низ дома и има отежнато дишење, исто се жали дека осеќа како нешто да има во градите, како нешто да му стои и да го притиска… Совет!? Што да превземеме? Од онкологија не може да ги добиеме, се до закажана контрола..
пред месец дена и сеа... е сосема различно време за жал, на таква дијагноза, секој ден е 'ново' тело. ај да исклучиме канцер, да речеме направете крвна слика за почеток, ако е нешто воспалително респираторно па да притиска...
F Правиме редовно крвна слика, фала ти сепак. Ќе направиме ехо на срце, тоа по моја иницијатива, нз од докториве нема никакво конкретно упатување, апсолутно ништо.. Да не знае некој на природна база нешто во меѓувреме масло, спреј за дишењето да помага !?
Отежнато е дишењето? Да повтори одма компјутер да го видат белите дробови. Татко ми откако метастазира на црн дроб за брзо и на бели дробови и плуќата му се наполни вода. Се на се беше за 20 дена. Обавезно компјутер. За дишењето викнете домашна посета инекции да му ставаат и инфузија. Само обична домашна посета не доаѓа туку од сурајдер Ѓорче.
F Правиме редовно крвна слика, фала ти сепак. Ќе направиме ехо на срце, тоа по моја иницијатива, нз од докториве нема никакво конкретно упатување, апсолутно ништо.. Да не знае некој на природна база нешто во меѓувреме масло, спреј за дишењето да помага Не сме од Скопје. Човекот си збори нормално се меѓутоа му е отежнато дишењето па мислевме дека е од хемото бидејќи онкологот даде апчиња за дишењето аминофилин. За неколку дена е закажан на контрола..
Жал ми е крајот е многу близу. Исто и мајка ми пред да почине едно 5 до 6 дена и се појави анално крварење (така ни рекоа од таму е крварењето)и беше полусвесна а боледуваше од карцином на бели дробови.Претпоследниот ден падна во кома и толку не се разбуди...Бидете силни многу не фер болест,некои слики никогаш не се забораваат..
Жал ми е исто и татко ми но само не беше кома туку не беше свесен па почина 3 дена.... издржи биди јака.
Татко ми беше свесен до последно. Буквално се поздрави со сите. Последните неколку часа знаеше дека си оди. На крај излеговме сите бидејќи не можеше да почине од нас. Јас си појдов накај дома и почнав да спремам облека и потребни ствари. Во 7:25 бев дома. Мајка ми и сестра ми излегле од собата во 7:45. Во 7:52 беше починат.
Баш исто така... Мн ми беше тешко како да знаев дека ќе си оди и излегов и за 15 мин а чичко ми со него за рака...уште неможам да верувам дека го нема повеќе...
Јас го памтам денот како вчера, претпоследниот ден значи ме избудали вака така крениме, се искилајв (иако беше преслаба, ама коските и тежеа), си се изнаплакав за животот општо, другиот ден не можеше да зборува, само се пулеше и никого не сакаше, се изнаплакав 8ч одручекта излегов, се вратив по 2 саати, и по саат време ми почина во раце. Рак на панкреас, најлошата болест, да не споделувам овде, значи онакво нешто неам видено во животов толку гадно, а те држи жив до последен атом на сила. Патем ми се плачи сеа, секогаш ја отворам темава и секогаш истото чувство... не знам шо ме тера. :'(
Извини нз за кого се работи и не би да ти сугерирам ништо. За жал имам болен во фамилија, 50годишен се лечиме на државна на онкологија. Се уште не можам да кажам дека видовме резултати од хемото но со Господ напред. На мои познаници, мајката се лекуваше во Систина, рак на панкреас не знам вид и стадиум за да кажам но ја оперираа неколку пати.. Не бидна ништо, исто млада жена! Трагедија. Како е Господ не е никој но барајте и мислења од др место, не верувајте апсолутнп, приватни се, профитот им е најважен