Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рак во блиската фамилија

Дискусија во 'Психологија' започната од Zlatusko, 11 ноември 2010.

  1. Dreamsdocometrue

    Dreamsdocometrue Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    Луѓе ве молам некој да одговори дали е возможно хемотерија примена пред две недели за метастази на црн дроб да има некакво дејство и одвреме навреме човек да зборува неповрзано односно нешто што нема врска со сегашниот миг? Или исто прима витаминска терапија па од лек тромадол што прима за прв пат да има некакви вакви индикации?
     
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.755
    Допаѓања:
    172.976
    Пол:
    Женски
    Енцефалопатија можеби?
     
  3. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.032
    Допаѓања:
    14.438
    Пол:
    Женски
    Заврши и битката на дедо. Ја изгубивме ама ти си победникот, што до последен момент се бореше и во своето најтешко се грижеше за нас повеќе отколку за себе:l:те сакам
     
  4. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.755
    Допаѓања:
    172.976
    Пол:
    Женски
    Многу брзо;(
    Прими сочувство:hug:
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.032
    Допаѓања:
    14.438
    Пол:
    Женски
    Фала.:l:
    Доцна откриен.... Кога веќе зафатил цел црн дроб, искрено и ние мислевме дека нема да е волку брзо и докторката исто. ...
     
  6. NewMommy

    NewMommy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2015
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.059
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со тебе. На државна ние имавме доктор ептен близок фамилијарно. Уште одма ни кажа 'нема надеж, не треба ни хемотерапија да прима, џабе е'. И ние ја лажевме мајка ми дека за овој тип на рак не помага хемотерапија и дека со диета и на природна база се лечи (и самите сакавме да веруваме во ова). За жал ништо бе помага во последен стадиум. Ама барем пари не дадовме за џабе. Што луѓе ќе беа бе 50000 евра за човек пред умирање да земат. Па и со ова ковидов сега, не дај боже поарно некој ќе си речи ќе умрам отколку семејството во такви долгови да го оставам. 1000 евра на ден земале во Систина!?! Што му даваат таму за тие пари на ден? Можи злато му прицкаат во вена. Ох, до кај дојде човечката лакомштина.
     
    На EvAngelos и Dust им се допаѓа ова.
  7. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    856
    Допаѓања:
    4.275
    Пол:
    Женски

    Кај тетка ми се случи нешто слично.
    Уште не беше почната со хемо, ден пред да и прават биопсија беше кај мене со мајка ми имаше температура и бладаше т.е да не кажам халуцинираше. сум се утепала плачејќи тој ден.
     
  8. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    856
    Допаѓања:
    4.275
    Пол:
    Женски
    Да ви кажам од срце за сите што на некој начин сте поврзани со битката рак од искуство ви кажувам немојте да одете по приватниве клиники, тоа се само давање на пари на празно.

    Ние имаме многу многу лошо искуство со Жан клиниката. Таму тетка ми праеше биопсија на бел дроб. Да не ви ја раскажувам цела голгота на крај ни рекоа дека не е рак туку ВОСПАЛЕНИЕ . Плачевме од среќа и добивме гоолема надеж лажна надеж. За потоа пак од почеток да почнеме, со испитувања на секој орган , но не кај нив.
     
  9. Dreamsdocometrue

    Dreamsdocometrue Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    Како се лечи/ залечува болки од рак.. Ниту инфузии ни помагаат, ниту тримадол лекови, едноставно се е со дејство од минимум час, два.. Човекот е млад, свесен се, чист скен освен метастази на црн дроб но од болки ниту може да спие ниту да јаде…
    Некој да сподели искуство, лек, некому што помогнало…
     
  10. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.375
    Допаѓања:
    171.440
    Метадон капки тоа е последно
     
  11. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.778
    Допаѓања:
    53.169
    Пол:
    Женски
    lepenkıte za bolkı, kaj svekrva mı samo tıe pomagaa
    gı kupuvavme od kosovo rasprasaj se
     
  12. liliput22

    liliput22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Фентанил лепенките за болка ќе помогнат
     
    Последна измена: 18 март 2022
  13. Dreamsdocometrue

    Dreamsdocometrue Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    дали може да се најдат кај нас во аптека?
     
  14. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.755
    Допаѓања:
    172.976
    Пол:
    Женски
    Косово
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.369
    Пол:
    Женски
    Моментално сум јас членот дома кој што има дијагноза карцином. И цел памет ми оди на секирации за моите. Во целата несреќа, среќата е што е прилично успешно излечлив мојот вид на карцином, меѓутоа родители како родители ги гледам дека се вознемирени и ич не им е сеедно. Татко ми имаше тежок мозочен удар пред 6 месеци, и првично му ја криев дијагнозата за да не се нервира, ама на крај мораше да му кажеме. И сега вторник треба да одам на операција, а паметот ми е како ќе им е дома на моите, да не му се случи нешто на татко ми... Не знам како да ги смирам да прифатат дека ќе биде се океј.
     
    На Cosmic Girl и theowndemon им се допаѓа ова.
  16. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    4.836
    Пол:
    Женски
    @sweet-cherry најпрво жал ми е што се соочуваш со вакво нешто. Ти испраќам само позитивни желби и верувам дека се ќе биде океј.
    За во однос на фамилијата можам да те посоветувам од лично искуство за ова бидејќи и јас бев во иста ситуација како тебе пред отприлика една година. Првиот инстинкт ми беше да не им кажам воопшто и сама да се справувам. Постари родители со здравствени проблеми, бремена беше сестра ми, итн, итн.
    Од оваа болка и стрес не можеш и не треба да ги штитиш бидејќи мора да знаат најблиските, ако тие не знаат на кој друг ќе си кажеш вакво нешто? Без разлика на неговата здравствена ситуација, јас да сум родител или ти да си, стави се на нивно место. Зарем би сакала детето да крие нешто такво од тебе? Знам дека сакаат ако не можат да ти помогнат, барем да се тука за тебе. И јас прво се правев дека се е ок, за операциите им кажував после месец дена кога веќе ќе закрепнев, ама сега стресот што работите сум ги терала сама ме стигна и уште имам последици. Им кажав веќе кога ми требаа пари за во приватна болница, 2-3 месеци кога не можев да си отидам дома да се видиме бидејќи правев операција, па замрзнување јајце клетки, процедури, испитувања итн.

    Затоа, во овие моменти, ако ти треба поддршка, сила, помош, совет може нема да можат да ти дадат, ама да те ислушаат ако ти се плаче или ти е тешко, сподели со нив. На крај на ден, и нивната болка е огромна, но ти си таа што ќе поднесуваш се: операции, хемотерапии, зрачења, секако се надевам дека нема да дојде до тоа, ама најголемиот товар од целата траума ќе го носиш ти.
    Сум криела се, значи вечер пред да одам на операција ќе се правам дека се е во ред, татко ми чувствува дека не сум, стопати ќе ме праша дали се е океј, јас сум лажела.
    Значи во тие моменти, кога на мене ми било највеќе страв сум ги лажела најблиските за да ги заштитам, со месеци кога знаев дека карциномот ми се врати јас лажев дека е океј, и после операцијата знаеја дека нешто не е во ред, и им дојде наеднаш.

    Во мислењево што го имаш напишано те приметувам дека си храбра и силна, но верувај ми дека не мора цел товар да го носиш сама. Да споделиш и да речеш тешко ми е што ова се случува не е слабост. Напротив, огромна храброст е да признаеш дека се плашиш (можеби ќе има и такви моменти), дека ти треба поддршка за да ја истуркаш работава до крај.
    Секако дека некои мисли ќе останат само твои, ама тоа што се случува мораш да им го кажеш.

    Во истата ситуација бев, сега кога ќе ми текне како му кажував на татко ми, еј не се секирај па и ти, на органи што може да се извадат е, ако треба ќе пуштат 3-4 хемотерапии и готово, не е страшно бла бла. Сум им зборувала како мали деца да се, сум лажела ама на крај него пак го боли што тоа ти се случува. Плус ментално карцином да си видам на мој лист на 25 години, а тие да се соочат со такво нешто за своето дете, самиот збор е таков и ти прави паника, а се што следува после тоа: излечливо, рана фаза, тешко ќе го прифатат. Тие кога ќе слушнат карцином, готово мислат дека дотаму е работата.
    Значи како тие ќе се справат со ова останува на нив. Знам дека ти е тешко, ама во овие моменти ќе побараш од нив да ти бидат сила, а не да ти креваат паника и од кај ти си таа што одиш на операција, ти да ги мислиш нив. Значи ќе ги седнеш смирено и ќе им кажеш дека на нив останува дали ќе бидат храбри и силни, и ќе стојат до тебе, или ќе ги поминуваат деновите плачејќи.
    Сега најверојатно поминуваат низ оние петте стази, нели гнев, лутина, паника, депресија, па дури тогаш ќе ги согледаат позитивните работи и на крај прифаќање. Немој да ме разбереш погрешно, да имаш рак нема ништо позитивно, ама мислев на оние работи што во целата несреќа и ете, "среќа", а секако дека и тие мали моменти се многу битни (стадиум, метастази, големина, зафатен орган).
    Мора да ја прифатат ситуацијата, и да се тука со тебе за се.
    Со среќа на операција.

    Едит: те молам, немој да го носиш целиот товар сама, немој да бидеш како мене. Од сегашна гледна точка после една година, сфаќам дека требало да дозволам луѓето што ме сакаат да знаат што ми се случува, да бидат тука за мене, а не да се правам дека се е ок, а навечер сама дома да си плачам и да се чудам кај терам. На крајот, последиците и стресот врз нив пак беа исти, ама на мене ќе ми беше многу полесно да не направев така. Се соочуваш со карцином, не со расипан заб.
     
    Последна измена: 20 март 2022
    На mira.mira, CameliaMiller, Duhce123 и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.032
    Допаѓања:
    14.438
    Пол:
    Женски
    Го имавме ова пред месец ипол дома, многу е тешко ништо искрено не помага при метастази во црн дроб..... Зголемување на доза или метадон
     
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.771
    Допаѓања:
    169.386
    Пол:
    Женски
    Ме интересира шо друго се користи против лошење ради хемотерапија? Пие апче по препорака од доктор, пие витамини, исто по препорака на доктор. Некои тревки за крв оти беше слабокрвна. Ама многу ѝ се лоши и ме интересира дали има нешто на природна база против лошење. Чај, тревки. Оти има апче и течност против лошење и мислам ако само се додават апчиња - на никој не се од корист. Уствари и немаше мака со лошење дур не почна свесно да изостава витамини оти многу апчиња имала. Сега пак пие ама уште ѝ се лоши. Не би ни сакала нешто во таблетарна форма да пие оти има ризик пак се, сем хемо таблетите, да одбива да пие.

    Инаку читав наназад за Систина. Само ќе речам да не беше Систина немаше да имам баба сега. И не е ова метафорично или филовано туку буквално. И прогнозата е сега доста позитивна. Би рекла проблем остана само ментален терет и да се дотурка уште некој циклус хемотерапијата. Ама стискам палци ќе се издржи.
     
  19. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.900
    Допаѓања:
    272.474
    Пол:
    Женски
    Чај од ѓумбир,чај од маточина можеби за ублажување на лошењето.И сепак тие апчињата што ги даваат после хемо .
    За полесно исфрлање на отровите од хемото за детоксификација мн.добра работа е сурутката по можност домашна козја .Иако се е индивидуално.Имав случај кој и покрај се ова што го пиеше потешко ја поминуваше хемото и обратно, особа која се ова одбиваше а немаше ни лошење ни губење на апетит и после секој циклус на хемо беше се подобра .
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    Фентанил лепенките ги има во Промедика аптеката, карши Рамстор.