Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рак во блиската фамилија

Дискусија во 'Психологија' започната од Zlatusko, 11 ноември 2010.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.771
    Допаѓања:
    169.386
    Пол:
    Женски
    Да си пие апчиња против лошење ама пак ѝ се лоши. Фала, ќе земам и чаевите. И сурутката неколку дена пиеше ама од неа ми се чини почна да ѝ се лоши. Грозлива жена е генерално се шо е со "чуден" вкус и текстура многу тешко поминва.
     
    На mareane му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mia-K

    Mia-K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    322
    Пол:
    Женски
    Јас стварно не се разбирам ништо од медицинава, некако сум во шок и се изначитав по интернет бетер се потресов..
    Да ве прашам , дали за тумор на мочен меур се открива преку ехо и преку урина?
    Некој со искуство да ми каже ве молам
     
  3. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.755
    Допаѓања:
    172.976
    Пол:
    Женски
    Да.. под микроскоп ги прегледуваат клетките од урината и ако има абнормални тогаш препорачуваар понатамошно испитување. Но мислам дека не се зема како 100% метод за утврдување, туку само како помошна дијагностика
    Најчесто мислам дека се препорачува цитоскопија за комплетна дијагностика
     
    На Glowy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Queenche

    Queenche Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2019
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    52
    Искрено пред 7 месеци му е дијагностициран рак на простата на дедо ми. Тоа беше еден од најстресните денови во животот на личност на која дедо и и е најдобриот пријател, другар, дедо, подршка, се. Светот ми се сруши кога ми беше соопштено тоа. Јас до тој момент немав искуство со таа болест и мислев дека крајот ќе биде многу многу брзо. Еве веќе 7 месеци како што кажав а тој е се уште жив со помината корона. Тој е најсилниот човек кој јас го познавам. Не е истиот да, има болки, омалаксан е но тука е и тоа во моментот ми е најбитно. Се радувам на секој ден со него како да е последен!
     
    На Crnookata, FridaodaMk и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  5. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.755
    Допаѓања:
    172.976
    Пол:
    Женски
    Не е најбитно тоа.. најбитно е да нема болки. Не е битно да е некоја недела плус со вас ако животот му е мизерија
     
  6. Queenche

    Queenche Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2019
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    52
    Сега за сега болки се јавуваат на 2 до 3 дена. Се уште сам се движи, но сите сме свесни дека работата не оди на добро за жал..
     
    На Crnookata му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dreamsdocometrue

    Dreamsdocometrue Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    Дечки, ве молам некој што минал низ слично за неиздржливи болки од канцер (опериран, метастази на црн дроб) прима инфузија два пати дневно, тромадол и сл но нема некое подобрување или олеснување на болка… дали мора да се оди со морфиум? Ве молам, споделете искуства, докториве не даваат никакви насоки..
     
  8. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    12.702
    Пол:
    Машки
    Погоре некој ги спомна лепенките фентанил, се продавале во аптеката спроти т.ц. рамстор, до комерцијална банка.
     
  9. Dreamsdocometrue

    Dreamsdocometrue Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    фала ти ама изгледа слабо ни делуваат…
     
  10. liliput22

    liliput22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Тогаш пробајте со метадон..Ако фентанилот не помага тешко дека морфиумот би помогнал зашто е послаба дрога...Има и други јаки лекови за болки против канцер можеш да најдеш кои се, но секако треба доктор да ги препише за да се купат.Најубаво консултација со доктор..
     
  11. Dreamsdocometrue

    Dreamsdocometrue Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    fala ❤️
     
    На liliput22 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. NewMommy

    NewMommy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2015
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.059
    Пол:
    Женски
    Мајка ми последните 2 недели беше на Метадон. Ама мислам требаше порано да и го препишат. Тоа е последниот лек за болка. Ама тоа е дрога. Со рецепт и лична карта во аптека се зема.
     
  13. Dreamsdocometrue

    Dreamsdocometrue Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    Вчера земавме капки метадон и дадовме но немаше апсолутно никакво подобрување, исто како да не земал, пак цела вечер со болка и неспиење. Се случило ли ова кај некој друг? Не знаеме што да правиме…
    Пробавме со инфузија во кои имаше тромадол, аналгин, дијазепам и сл но со многу краток ефект од само неколку часа. Бев сигурна дека капките метадон ќе помогнат но ништо, дали кај мајка ти имаше олеснување со нив или треба да се примаат малку подолго? Стварно не знаеме што да превземеме веќе…
     
    На Antolinaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dreamsdocometrue

    Dreamsdocometrue Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    Дечки, човекот не движеше извесен период и сега му се подуени стапалата прилично многу докторите викаат дека е од слаба циркулација и му даваат некои лек во инфузија…
    Дали е тоа некој показател на болеста можеби или е возможно од слаба циркулација да се случува?
     
  15. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.755
    Допаѓања:
    172.976
    Пол:
    Женски
    Кај татко ми (рак на црн дроб) последниот месец истото се случуваше:(
    Рекоа дека е од течностите што ги задржува.. а кај вас бидејќи не се движел може да е од слаба циркулација..или се собрано заедно
    Сте правеле КС скоро? Димери и слично?
     
  16. NewMommy

    NewMommy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2015
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.059
    Пол:
    Женски
    Жал ми е што поминувате низ ова. Мајка ми беше нон стоп со болка исто ама без тој метадон не знам како ќе и беше.
     
    На La Stilla му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dreamsdocometrue

    Dreamsdocometrue Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    Здраво,

    освен таа хемотерапија која кај нас не што не помогна го уништи човекот скроз, ме интересира дали во некоја од клиниките постои кај нас и се дава таа имунотерапија со витамини и вештачки храна да му се даде? Дали тоа може да се даде по иницијатива на фамилијата зошто тие ц и б витамин кои му ги даваат во инфузијата не помагаат апсолутно ништо а не може да јаде ни залче? Како да му се помогне?
     
  18. Dreamsdocometrue

    Dreamsdocometrue Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    Некој да знае да каже, каква анализа треба да се направи односно преку што може да се утврди да не кај пациентот има насобрано течност ? Нозете се подуени многу, со стомакот на око не можам со сигурност да утврдам ? Може ли на своја рака да барам да се испита тоа со оглед дека докторите не се заинтересирани воопшто и креваат раце дури и од млади пациенти кај кои животот е пред нив…

    Помош!?
     
  19. 6th sense

    6th sense Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2020
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Доколку нозете се потечени, претпоставувам дека е насобрана течност во телото. Причината за тоа може да биде проблем со срце, бубрези, јетра итн. Со оглед на тоа што вие веќе имате дијагноза претпоставувам дека докторите знаат што прават. Ако не штети кај пациентот можат да препишат диуретици, лекарства за исфрлување на течности. Сепак, специфично е овде се, затоа само доктор кој работи на вашиот конкретен случај може да ви помогне. Што и да кажеме овде би било не етички. Ти посакувам издржливост и сила да го пребродиш ова.
     
  20. Kikiccc

    Kikiccc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    1.178
    Допаѓања:
    1.051
    Пол:
    Женски
    Некој да каже во врска за рак на панкреас?
    И дали има болки
    Дали има надеж да се лечи итн