Здраво на сите Да си ја споделам мојата мака со надеж дека некој ќе може да ми помогне или насочи кон вистинската личност. Татко ми веќе една година се бори со тумор на простата. Првично беше на локално зрачење во Систина каде што во меѓувреме му се јавија метастази на црниот дроб. Од февруари месец до април месец годинава, примаше хемотерапија на државна и крајниот исход беше со повлечени метастази од црниот дроб. Од почетокот на мај месец па до ден денес, се бориме со телесна температура која што варира од 37-38.4 и ниту една докторка од државна онкологија* не знае да каже зошто има висока телесна температура. Правевме магнетна резонанца и комјутерска снимка пред 2 недели и нема нови метастази. Па сакав да прашам, доколку некој знае да ми даде препорака за ДОБАР и ЉУБЕЗЕН онколог за второ-трето мислење. *Онколозите Вита и Душанка од државна онкологија отпаѓаат затоа што воопшто не сме задоволни од нив, првата се однесува како стока кон пациентот, а втората е ко риба - молчи за што и да ја прашаш. Ви благодарам однапред.
Онколог не можам да ти препорачам, повисока тт се јавува доста често како еден од пропратните симптоми на самата болест. Би ви рекла да направите скен на скелет, се прави на нуклеарна медицина во Скопје и Битола, упат за таму дава уролог кој го води или онколог. И најситна метастаза да постои на коски би покажало, мој личен совет од искуство е ова.
И на мајка ми и на татко ми им е дијагностициран карцином во рок од еден месец. Татко ми на тироидна, прередок вид на малиген тумор, ама операцијата помина супер, не е проширено и нема да прима хемотерапија и зрачење. Мајка ми на дојка.. имала симптоми од лани, ама не кажувала на никој. Во периодот додека јас лежев во болница лани кога ми се случи што се случи, и се појавил оток на дојката.. и решила да го игнорира. Се до дијагнозата од татко ми сега пред некоја недела, решила да му каже. И одма на лекар. И денес стигнаа резултатите од биопсија. Во петок се оперира. Татко ми психички се држи ок. Мајка ми е многу песимист и скептик. Пробувам да ги охрабрам, ама не ме слуша. Јас.. немам зборови. На антидепресиви сум веќе некое време и мислам дека мн ми помагаат и сега во оваа ситуација да не паднам психички.
Татко ми почина од рак и одма мајка ми се разболи и таа од рак.. Мора да се бориме и во позитивно иако знам тешко е и за нив и за нас
Дај Боже да бидат сите добри. Ќе те чувам тебе и твоите во молитвите. Барај психолошка поддршка во вакви моменти, т.е. ако треба оди почесто на разговор со психолог. Битно е и за твое добро и за добро на твоите.
Ke ve zamolam ako ima nekoe postrucno mesicinsko lice ili onkolog da me kontaktira mi treba pomos i mislenje za da ne gusam na forumot so moite problemi
Здраво. Најубаво да ја означиш за да прочита или пиши и приватна порака.Мислам дека е медицинско лице имам прочитано дека кажува некаде низ темите.
Све е залудно Изгубив татко ,изгубив и мајка и двајцата од рак...се прашувам зошто мораше и двајцата.... Џабе хемотерапии и зрачење ако е од 3 стадиум... Пиј чај ,јади здраво и на краева ништо Освен и двајцата не сакаа да пробува масло од канабис можеби ќе се излечеа не знам... Само знам хемотерапиите за да преживее уште неколку месеци или 1,2 год Секој неможе да издрже На сите ви посакуваам здравје они кои се болни...
Татко ми земаше и масло од канабис, најпрво беше против но после тоа прифати се само да оздрави.. За жал се зависи од стадиумот и видот, местото каде се наоѓа. На огромна жал ми се потврди само со сигурност дека дури и докторите од државната клинина (не само приватните) иако знаат од претходни случаи дека не можат да помогнат они даваат терапии, оперираа за мито, се само за своја корист. Ниту грам грижа на совест! Страшно!…. Жално! …. Тоа беше наше искуство за млад човек, кој со сите сили се бореше храбро со болеста и кој ја имаше храброста колку сите луѓе заедно на овој свет… Посакувам сите да се излечат и да нема болни од оваа најзла болест на денешнината… Јас би кажала дека ако нешто колку толку помага тоа е маслото од канабис, др за жал не барем кај нас.
А што сакаше? Да кренат раце да не оперираат? Жалам за загубата, и јас изгубив татко, ама не те сфаќам баш...
Како викаат старите =Надежта последна умира ,дур е жив човек ке се боре ке се надева така и операциите хемото се надеж ,продолжување на животот за некој месец или година
Епа за почеток да кажат дека операцијата ја прават колку од ред да се помине со единствена цел да земат пари на рака, кај нас докторот побара пари, ако е тоа етички и во ред ете не знам што е тоа човечност оти пред се луѓе сме нели сите. Можат да кажат дека не помагаат, толку им се можностите а не да викаат дека е операбилно и дека операцијата поминала супер, дека све е чисто е сега дајте толку пари… Ако тоа е во ред за тебе, за мене не е дефинитивно!
Тоа што барал пари е погрешно,а не тоа што оперирал. Постои палијативен третман,во смисла не се прави зафатот за да се спаси или оздрави пациентот туку да му се олеснат симптомите,да не речам да му се намали страдањето.
Чим рекле дека може да се оперира, значи може. Потоа како ќе се одвива не може да знае НИТУ ЕДЕН ДОКТОР. Ќе речам уште еднаш, жалам за загубата, ама нема погадна болест.