Верувај на огромна жал јасно ми е многу тоа што ми го објаснуваш. Не реков дека таква нега не постои, јас само кажав дека татко ми не беше во таа категорија пацинети - кај него пет скенот беше чист освен туморот кој го извадија и за операцијата кога ја квалифицираа во успешни операции а него во пациентите кај кои е “навремено се видено”.
И верувај така било. Знаеш ли зошто се нарекува ПОДЛА болест? Зошто ќе го фатиш во стд 1, ќе те оперираат ќе извадат се, ќе имаш чист пет скен, и за месец дена ќе се појави во стд 4!!! Само господ знае со канцерот како ќе е. Ниту доктор не може да ти каже со сигурност дека нема да се врати. Јас тоа одамна го зборувам. Онколозите не смеат да користат термин- помина се. Зошто поминало за сега. А за даљњег....
Здраво да прашам како се изведува биопсијата на бел и црн дроб во државна болница. Ако се извади 24 часовен упут дали се прави истиот ден или задржуват во болница повеќе денови?
Дали беше во државна сега го гледам постот. Не е толку лесно за жал. Се надевам сте завршиле работа. Јас за татко ми чекам за бронхоскопија со биопсија. Ако имате направено те молам сподели искуство и за колку време ви рекоа за резултатите.
Имам блиска личност која жива глава спаси од С4 Хочкин со хемо, оттогаш поминаа 15 години и не и се врати. Надеж губење никако.
Татко ми почина пред неколку месеци, а сега неодамна и на мајка ми и открија рак, трет стадиум... Се оддалечив од сите што ми беа блиски, не почувствував ни 1% поддршка и разбирање од нив, што си мислам, нормално е, никој од нив не поминал низ ова. Претешко ми е, се чувствувам ептен осамено. Одвај ја истрпив смртта на татко ми, сега уште ова фалеше.
Ми е жал и сочувствувам со вас, на вчерашен ден мама почина од рак пред две години, го памтам денот како ми почина во раце...
Единствена тема која ја одбегнував да ја отворам. Но ете она што се поместуваш од место чукаш во дрво ме “снајде” и мене . Татко ми од ништо самоволно да се провери му најдоа рак. Не знам како да реагирам, се осеќам ептен празно и бесполошно. За се има лек си викам, но ова е друго седнам го гледам и само чекам лекариве да кажат да излечен е. Мора да се излечи, не е можно ова на мене да ми се дешава. Читај , барај клиники по свет радпрсшувај се не знам . Ми се скрати и вољата за живот, чудно ми е се, си викам како? Зошто? Ве гушкам сите
Зборот "рак" не значи и крај.Многу е важно кој стадиум е (најважно) и кај се наоѓа. Соземи се , првичниот шок е најтежок, и исплачи се за да ти биде полесно па да можете да бидете силни и со него да му давате поддршка. Сум го поминала ова ,го колнев животот и знам како се чувствуваш моментално, но мора да си храбра и истрајна во оваа како да ја наречам "семејна заедничка борба". Ние ја немавме среќата да успееме нажалост, но секоја приказна е различна а човекот додека е жив мора да верува во убав крај.. Ти посакувам се најдобро и да успеете против ова зло.
Фала ти, жалам за твојата загуба.. Чекаме околошкото писмо, но напредно е, правеше опреација не знам нешто извадиле нешто не.. како и да е фала што ме цитираше ми требаше ова
Дали испитувањето се прави со упат и ако е така, од кого треба да го земам тој упат? На веб страната на МАНУ гледам дека испитуваат различни видови на рак, а за повеќето од нив е можно да имам предиспозиции зашто во семејството имам членови имале таква дијагноза. Дали се потенцира кој вид испитување ќе се прави врз база на документ за блиски до таква дијагноза или може да се избере по сооствена воља без да се малтретирам со документи (што не верувам да е случај)? Фала на одговорот однапред
@Оленка* вака јас направив заради тоа што јас бев дијагностицирана со рак на јајници, немам друг во фамилија со рак на дојка или јајници па затоа платив. Ако имаш документи дека луѓе од твојата фамилија биле дијагностицирани со нешто за кое ти би сакала да се тестираш, треба да ти биде бесплатно. Барем така ми кажаа на мене првично кога ми спомна хирургот да си направам и генетско тестирање. Е сега, во твојата ситуација треба да собереш документи од сите што биле дијагностицирани и со што па прашај ја матичната што како понатаму пошто мене ме упати онколог бидејќи веќе со дијагноза нели. Најпрво ти предлагам да се јавиш во МАНУ, да прашаш дали ќе ти биде бесплатно па ако е, да се малтретираш со упати. Во секој случај, мораш да знаеш дијагнози точни поради тоа што во МАНУ ќе ти прават фамилијарно дрво така да убаво е да знаеш колку можеш повеќе.
На државна клиника се лечеше татко ми, на истиот оддел, кај Ненад, не знам презимето точно како беше Митревски - така нешто. Многу лошо искуство. Незаинтересиран за пациентот, без знаење за проблематиката, без никаков пристап ниту ангажман како лекар. Исклучиво си лечи по шаблон, за кој искуството му покажало дека нема позитивен исход - но толку му е знаењето на човекот. Освен како доктор и како човек - монструм. На закажана контрола на пациент во терминална фаза, тој бил на одмор а терминот од него закажан. Тоа е нашето искуство, за жал. Нека сподели некој слободно ако воопшто “човекот” има помогнато некому во неговата кариера. Вам Ви посакувам побргу оздравување на пациентот и многу сила за да издржите.
Многу ми е жал за Вашиот татко, меѓутоа мојот пак има многу позитивно искуство со истиот доктор (токму спротивното од ова што го напишавте), кој му беше препорачан од многу луѓе кои му биле пациенти, а и од доктори. Сепак, 1000 луѓе може да имаат 1000 различни искуства и доживувања.
Ма он е коњ глупав ! Заради него барам нов! Тотално не професионален, скокаме терапии од што не закажа за рентген на време. Постојано го нема, ние го прашуваме кажете било кој лек колку и да чини он не знам , ова она. Го нема тој лек што прима му викаме па што не кажеш он па чекаме дал ќе донесат у ж а с! Вика на контрола од 8 сабјле чекаме до ебено 2 . Со 50 луѓе уште бре, па кај го има ова куртон е тотален . Детето му било болно не знам ти што, како на него што му е гајле така и мене. Најди замена и доста више кривини дрини. Се што кажа ти шаблон! Сега кај марија се префливме , избезумена сум не знам кај кој да идеме ,мене не ми треба некој да ми каже тоа е, ми треба борба, труд, ми треба инвентивност аман кажи било што, на нет читам 100 лека он муле. Изинете на дрдорењево ама крајно сум разочарана, изнервирана и избезумена. Ви благодарам, се најубаво ви посакувам да не куртлат од имање здравје оние што ги сакате !
Докторов немам поима кој е, ама фактот што преку 50 луѓе на ден гледаат и докториве со кои јас работам, повеќе збори за државата него било што друго. И да, во совршен свет нема да се 50+ на ден, ама толку е персоналот, а луѓето имаат мака и доаѓаат, не можеме (можеме според "закони", ама треба да си тотално нечовек) да ги враќаш со секакви дијагнози или не знам, дошол од Гевгелија пример на незакажано. Како некој што работи во здравство, и на хирургија кај што ракови се оперираат, да, дно дна сме. Пак ќе речам овој не го знам, ама чекањата за прегледи, испитувања, операции... не се до докторите. Пример, ограничен е бројот на сали, им дадоа ДВА оперативни денови само. Во тие два дена што и кого попрво. И не се само сали, него нема луѓе, нема анестезиолози, анестетичари, нема инструментарки, нема персонал едноставно, макар да им изградат уште 2 сали. Нема кој да работи во нив. Или еве за магнет се чека со месеци, а не дека магнетот дреме не работи.. туку ај што како апарати нема доволно, нема ни кој да ги чита резултатите од апаратите. Не те утешив и извини што се надоврзав на твојот пост, пак ќе речам овој не го знам и не го бранам, ама некогаш фрустрацијата е на погрешно место, од прва рака знам колку често им се врзани рацете, самите немаат со што да работат. А пациенти има, и се преработени докториве во смисла дека примаат многу повеќе од предвидено (МЗ предвидува 15 пациенти на ден иначе), ама за толку на ден, фалат тродупло доктори најмалку.